Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална старосна разлика помеѓу две деца

Дискусија во 'Дете' започната од marija28, 21 март 2010.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.652
    Допаѓања:
    24.366
    Пол:
    Женски
    Те памтам од коментирање по темите за бебиња и препоставував дека се генерација нашиве. Иначе, верувам дека љубовта не се дели туку е дупла и подеднакво се сакаат децата или бар јас сакам дака да си мислам.. јас со маж ми се договорив кога ќе дојде малава од градинка, јас и она да имаме бар саат време сами скроз време за нас, дали надвор или дома не битно ама да си играме/гушкаме само ние две. Слободно да и делам обврски пример ете влажни, памперс, ајде тука малу шампонче, за да не се осеќа одфрлено. Љубомора ќе има ама се надевам не до степен да претерува, да почне да не го сака, сепак ќе се во години кај што ќе можеш да му објасниши да свати подобро одколку на 2-2.5 години.
    Уште ни е нели рано за купување, а и повеќето ќе гледам да искористам од малава пошо пак ќе биде женско, па некој работи и ги покажувам дека биле нејзини и дека и дада ќе ги носи кога ќе дојде, а нешто ново ќе одбира она по нејзин вкус во продавница. Ете така почнавме уште од старт малце психолошки да играме со неа за да мисли дека уствари уште се врти светот околу неа ама и околу дада и.
     
    На mal.ecka, Sofi.ja и buba4e89 им се допаѓа ова.
  2. Indi96

    Indi96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Мајки синко мој има 1годинка и 5 месеци , некако преку ноќ ми влезе некоја мисла, желба за второ бебе , а од друга страна и страв како ке се снајдам
    Дали да почнам да работам на случајот со време?? некако последните месеци по три недели ми доцни менструацијата не знам ни полодни дена кога ми се , мислам нема да се фати така лесно како за првото па ќе помине некој период
     
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.477
    Допаѓања:
    8.614
    Пол:
    Женски
    Како сте поминале со дечиња 3 години разлика? Се одразува ли многу промената на поголемото детенце во однос на развој? Здравје, ќе бидат 2 години и 10 месеци разлика. Многу ми е страв како ќе реагира ќерка ми.
     
    На Ema.Sk и sani99 им се допаѓа ова.
  4. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски

    Честитки мама и со лесно до крај (fingers)
    Лично искуство за некоја недела ќе почнам да собирам.2 години и 4 месеци ќе бидат разлика.
    Од се што прочитав на нет и споделени лични искуства секое дете, приказна за себе е.
    Очекувања никакви немам, голема промена за сите ќе биде. Ама идеална разлика мислам дека не постои. Очекувам и љубомора и тантруми, со надеж дека ќе се надминат брзо. :worried:
    Уживај максимално многу брзо ќе ти прелета втората бременост ко 4,5 месеци да се носат вторите деца :D
     
    На Mother of 2boys, Indi96, Tea SK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    1.373
    Иста разлика ќе бидат и моите здравје , се надевам дека добро ќе поминеме ма да не се надевам многу сега за сега.. Одеднаш почнува дома да си игра со едно бебуле, ми вика плаче по тебе и сака кај мене да седи бебуш и да го ранам, да го нишкам :rofl:
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    1.373
    Како се справуваше со поспаност, мачнини во втората бременост а едното дете да ти бара внимание ?
    Буквално неможам да издржувам ич навечер, дури во 20 и пол заспивам веќе, скроз без сила.. се надевам дека ќе поминат овие периоди што поскоро
     
  7. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Мачнини немав фала богу, а за спиењето ги оставав со татко му да се заспијат. Во првиот триместар и јас бев кома рано заспивав. Во вториот со вишок енергија, во третиов со несоници :) Во просек таман :)
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.477
    Допаѓања:
    8.614
    Пол:
    Женски
    Фала мама :inlove:
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    @Sofi.ja Ајде сподели искуство како е големото со бебето?
    Првиот месец како новороденче како го помина со тодлерот, дали имаше љубомора? Како успеваше да се справиш со спиењето нивно со оглед дека бебе плаче, а на тодлер му се игра итн? :)
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.157
    Допаѓања:
    50.550
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да не се многу разлика,малава ми е сега 17 месеци за наредно бебе живи здрави би сакала наесен.
    Многу голема разлика не сакам бидејќи со сестра ми сме 10 години разлика, кога почнав да разбирам таа веќе си имаше дечко и неа не ја интересираа работите што ме интересираа мене и бев многу осамена.
    Еве сега и не се осеќа разликата и двете сме мажени деца имаме.
     
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.264
    Допаѓања:
    18.379
    Убаво искуство имам до сега.
    Бебе е 5 месеци,а бато 4 години.
    Се обожаваат и двајцата,и малиов има посебен поглед кога го гледа бато и бато изјавува дека го сакал бебето повеќе од нас двајца:D

    На почетокот имаше прашања(не испади) зошто него повеќе му зборите,зошто само мене ме карате,зошто сум сам овде јас итн но со убав разговор секое прашање го решивме.
    Многу внимавам да не му обрнувам многу внимание на бебето додека е присутен бато и затоа мислам дека добро тераме.
    Единствено љубомора покажува кога татко ми ќе му збори на бебето(а тоа е затоа што му е омилен лик,го игра многу поголемиов) и веројатно се осеќа загрозен да не му го земе некој дедо :)
    Инаку многу ми помага големиот околу бебето,ми носи работи,го припазува,му дава цуцла,го смирува,сега веќе и го игра.
    Веќе е навикнат на него,знае дека кога спие не се тропка си игра нешто потивко.
    Кај вас како е?
     
    На IRBBB, Мариаа. и Brpbrp им се допаѓа ова.
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Смирено е за сега, ја сака, ја гали сака секој ден да ја бањаме интересна му е гола кога е и не му смета плачењето што ми е најбитно, јас очекував да ми вика да ја вратиме назад :D али добро тераме само што ми е криво што не можам јас да си поспијам со него навечер и што после 12 сам спие зошто маж ми ми помага со смирување на бебе за да заспие. Уште ни месец нема бебе па се надевам за брзо дека бебе ќе почне да разликува ден и ноќ па ќе воведеме некој ред.
     
    На Sofi.ja, Mother of 2boys и Мариаа. им се допаѓа ова.
  13. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja @Brpbrp
    Што убаво вака да ве читам.

    Ми давате позитива и надеж дека нема да се потепаме дома.
    Мојов е многу бесен и излигавен зошто цело време вниманието е макс кон него,па очекувам најлоши можни сценарија.:drunk:
    Има надеж значи:D
     
    На sani99, Sofi.ja и Brpbrp им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.179
    Допаѓања:
    36.603
    Пол:
    Женски
    Моите се разлика 2 години и 11 месеци. Имаше љубомора од страна на поголемиот. Малото го држев во раце додека цицаше и он се нервираше. Фрлаше играчки. Само нешто изводеше. Не дека нешто му требаше, ама за да добие внимание. Му објаснував дека бате мора да јаде. Па и он бараше во раце. Ама тоа траеше кратко. Околу месец - два. После се навикна. Е сега маста ми ја вади. Веќе влегува во пубертет и само се расправа дома. И се тепа со брат му.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    И мојот е бесен особено глупостите што ги прават во градинка и има испади од типот не те сакам, оди си итн. Али јас знам и да му кажам добро љута сум ти сега и после доаѓа се гали. Пред да се породам реткост беше да се гушкаме да ме баци итн татко му си го обожава е сега почна да се гали со мене најверојатно добива поени за да дојде и да биде со бебето и мене заедно. Али знае и инат да тера како сите играчки да свират додека бебето спие и да се прави дека не слуша кога ќе му кажеш немој и кога ќе му станам да го истресам од гаќи одма сите играчки ги гаси :D али нерви требаат највеќе :drunk:
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.264
    Допаѓања:
    18.379
    Тоа со неслушањето особено беше изразено првите 2 месеци. Можеби и така ја изразувал љубомората,којзнае.
    Не ми збори за тоа,душава ми пати по големиот. Уште од 8ми месец кога бев се одвоија со мм да спијат во детска,со цел да се навикнува на таа соба и да не испадне дека сме го шутнале кога ќе дојде новиот член.
    Уште спијат таму заедно,јас со малото на спална. Копнеам да спијам со големиот,но не можам,малово на 2 саати цица ноќе ;(
    Само внимателно со нежности кон бебето во присуство на големото.
    Колку што можеш,во слободно време одвој 20 мин за големиот,поиграјте си. Ќе биде благодарен и колку толку задоволен.
     
    На Mother of 2boys и Мариаа. им се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Психички едвај сега дури се соземам од пораѓај за тоа што не е до мене големиот секој ден си плачев, мислев дека е само до мене некој проблем ама добро е не сум сама убаво е да се слушне и од некој друг. :)
     
    На elenaklasik, Mother of 2boys и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.264
    Допаѓања:
    18.379
    На пораѓај отидов расплакана зошто го оставам големиот:x
    Нормално е мајка,емоциите надвладуваат.
     
    На sani99, Krismare, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Ќе се вмешам. Кај нас за спиење ноќе, големиот заспива со татко му. Преку ден ако се двајцата дома, му викам на големиот ајде тивко сега да се успие брат ти, па таман ќе играме дур он спие.

    Ама, мојот има полни 4г. Мислам дека се поразбрани после 4г.
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    На одење дома од болница, мојот изјави "и сега до кога ќе го чуваме ОВОЈ дома?"
    Прв внук од сите страни, многу внимание од нас.. првите 2 недели беа потешки, плачеше по мене да го успивам јас, само измислуваше дека го боли нешто, и јас пошо инсистираше дека го боли заб, го однесов на забар, па ми кажаа нема ништо расипано, а он ми кажа "мама супер си поминав со тебе на забар...". После срце го болеше, па нога и така.
    Реално голема промена им е, на 4г разбира се, ама сега бебе ќе праи 3м, цело време му збори ти си моето братче, многу те сакам.

    Е сега, јас проаѓам време само и ао големиот, го носам на активности, на пазарење, на кино, на родендени. Бебе цица, па малку сум лимитирана со време (зошто ретко се молзам), ама и со 2 саата сами се прерадува. Плус дека откога е родено бебето големиот повеќе е со татко му, вака кога искачам со големиот и бебе може да се гушка со татко му.

    Искрено напорно е додека се фати ред, сега немам гајле. Со двајцата сама без проблем шетам, ги возам, големиов обожава да му давам задачи, мисли важен е така.

    Ама, и покрај се, не е се rainbows and butterflies, сеуште има моменти на љубомора, иако се многу поретки од порано. Пример сабајле спиевме со бебето, он дојде со гитара почна да пее на цел глас и да вика ајде доста спиеш до ОН.

    Има моменти коа ми иде да фатам авион у 1 правец, мислам дека само нешто се објаснувам со големиов, ама да знаеш дека со второ па, си многу поспокојна со бебето зошто знаеш дека на крај на ден, се е привремена фаза. Па не се нервирам ако не спие, ако кенка, не паѓам у несвес ако заплаче.. и имам страшна желба да го заштитам бебево од цел свет, да го уживам само јас како бебе и не го давам на никој :D
     
    Последна измена: 10 декември 2023
    На CareTee, Sofi.ja, Skyler и 2 други им се допаѓа ова.