Истите муабети ми ги прави буквално,затоа се плашам. Ми вика добро ај,нека ја донесе Дедо Мраз и после вратете ја ,не ни треба бебе дома.. или доста со тие бебиња веќе,досадни сте. А не дека нешто многу зборуваме или форсираме за тоа. Пакуваше играчки до скоро,ги крие да не му ги земело бебето. Последно се смири малце,го гали по стомак,ќе го чувал,пееше нани нани бебенце,па ќе бидиме... Знам дека треба трпение и да не очекувам кујзнае што,ама да не биде ептен хорор по дома... Фала на споделеното искуство Се надевам и кај нас ќе биде добро.
Кај мене беше ужасен последните недели пред пораѓај и додека бев во болница. Не знам во глава како го преживеа се тоа, ама страшни тантруми, плачења... ден пред пораѓај у болница до2 ноќе му зборев на вибер, буквално се тресеше од плачење.. јас излегов од болница порано за да бидам со него. Првите моменти коа дојдовме дома покажуваше и агресија (што не е својствено за него), па 2 недели седеше дома со татко му и мене, правевме заедно работи да се навикне. Јас имам среќа и што воспитувачката му е прекрасна, па и како тргна во градинка она работеше повеќе со него да се привикне. Ќе бидете добри сигурно.
Јас очекував многу љубомора од големиот, тој пријатно не изненади Првата недела ми беше страв сам да го оставам до кујна да одам, му текнуваше нешто како на пр, да скокал над него, да го прескокнува, за мавање не се плашев сепак е поголем, разлика 4год и 8 месеци, нема шанса да го удри, па така го ставивме креветчето в дневна и безбеден си беше малиот, еве 4 месеци скоро ќе поминат го нема удрено, напротив многу го сака, си иди од надвор прво оди кај бебето да го види, гушни, баци, мене ме батали му велам а мене не ме гушна само брат ти Има испади на љубомора чат пат, на пр Ако спие да вика и да тропа за да го разбуди, ако сум јас со него, иначе де навикна дека мора да е в раце бебето дека цица на мене не беше со време љубоморен, почна да е повеќе на бабите, ако го земат в раце или ако му зборуваат на малото тој му се лути итн... Како и да е мене оваа разлика од 4 години и 8 месеци ми е супер засега, големиот колку толку самостоен е (од ко се роди бебе малку и тој бебе се прај) не ми е тешко како што мислев дека ќе ми е, малово е помирно од првото, повеќе спие, помалку плачи (засега) се надевам така ќњ остани. Малото е вљубено во брат му, ко ќе го види само му гуга, му вика, му "зборува" нешто, овај па на бебешки му враќа и двајцата се смеат, врискаат, таква љубов можи само да се доживеј, неможи да се опиши
Иии толку беше од нашата семејна идила на четиричлено семејство Почна да станува непослушен дома, во градинка, во градинка да се закача со деца, да не соработува со учителки,во памет само игра....и сето тоа заради новиот член во семејството. Разговарав денес со педијатарот. Ние нервозни,веќе почнавме со строго,најавивме и казни-а тоа било сосем погрешно. Се што прави -прави за да привлече внимание,макар и на лошиот начин. За тој да е центарот на вниманието. Бебето расте,станува интересно,се закача ,се смее,сака да си игра и нормално го играме. Колку и да внимаваме ,неизбежно е,големиот забележува. Не се искажува со зборови,меѓутоа револт со дела...капак беше кога ми се јави мајка од градинка да ми се пожали дека имало случка со нејзиното дете. Пропаднав во земја од срам....за моето дете кое беше меѓу омилените за дружба. Немам веќе стратегии , Господ нека помага да испливаме од ситуацијава
Женски здраво, веќе подолго време сакаме второ детенце, но ете нешто не оди така лесно. И почнува да ме фаќа паника дека ќе бидат голема разлика, жал ми е што расте само, и не можам да си простам, секој ден размислувам на тоа. Тој во септември правеше 4 годинки…се надевам дека за месец два ќе останам трудна, ми препишаа едни апчиња, но што мислите Вие што имате деца со оваа разлика, голема разлика зар не?
Моите се пет и пол години разлика, ништо не им фали. Самата си создаваш притисок дека мораш да останеш бремена, а тоа некогаш делува контрапродуктивно. Опушти се, се' ќе си дојде на свое место.
Воопшто не е голема разлика и е најидеална според мене. Немој да мислиш дека деца со по 2г разлика се нешто многу поповрзани од деца со поголема разлика, напротив, на поголема разлика има повеќе трпение и игривост, нема толку карање.
Моите исто се 5,5 години разлика. Не е идеално, ама многу полесно беше зошто големиот се разбираше. Да се разбереме си имаше моменти каде се гледаше дека му фали малку внимание, ама поинаку се манифестира. Дали е идеално не можам да кажам, ама кај нас за сега ок се покажа.
Имам пишено погоре, моите се 4 год и 8 месеци разлика, мене ми се покажа како идеална. Големиот скоро самостоен беше ко се роди малото, завршено со тантруми многу се сакаат, малку и се тепаат ама еден без друг неможат
Моите се 12, 8 и најмалото сега годинка ќе прави. Супер комуникација и дружба имаат, иако се поголема разлика.