Мислам дека старосната разлика нема никаква врска со карањето меѓу децата. Сите се караат додека се помали. Со брат ми сме 2 ипол години разлика (тој е поголем) и сеуште знаеме да побеснееме некогаш.
Феминики, помош како да ги намолам моите да имаат уште едно дете (велат разлика од 15 години е преголема)
Јас мислам дека не е само до разликата во годините, можеби постои уште некоја причина зошто не сакаат уште едно дете...
Не е голема разликата, јас и брат ми сме разлика 16 ипол години,а имам 1 година постара сестра. Можеби е друго во прашање, разговарај со нив.
Старосна граница кај моите деца... па би сакала да имам две ќерки со година - две разлика. И после пет-шест години уште едно машко би сакала.
Сесогласувам потполно со тебе.моите се разлика само една година и 13 дена.сите ме прашуваа како регираше ќерками на братчето јас им велам па таа не знае да биде сама од кога знае има батко.фала богу многу се сложуваат и иако се мала разлика секогаш го брани бато и никој не смее да го допри.сега таа има 3 и пол а тој 2 и пол и супер се доста работи таа му покажува го учи да игра игри да пусти ТВ да бои да реди коцки.досега се добри ке видиме понатаму.
Па нема тука некое правило. Познавам луѓе кои се помалку од година разлика, некои 13 - 15 години, а едно девојче на мои години со брат и е разлика 22 години :geek: . За мене тоа е многу голема разлика, помалото дете во поголемото гледа родител, не брат или сестра. Во различни периоди од животот се, не знам .. некој можеби токму тоа го сака. Според мене идеална разлика е 3 - 4 години и тоа доколку се различен пол, машкото да биде поголемо од девојчето. Од причина што девојчињата порано созреваат и ако девојчето е поголемо, разликата повеќе ќе се чувствува. Имам таков пример кај блиска другарка, таа е поголема од брат и, сега е во периодот каде нели некако наеднаш пораснуваат децата и со брат и не се согласуваат. Секако тоа би требало да се смени кога ќе бидат и двајцата големи, но во овој период разликата иако од 3 години се чувствува поголема. Додека јас со брат ми сме 3 години разлика и не доаѓа до израс. Мислам во контекст кога се разговара, можеме да зборуваме на било која теме и лично ние сме многу блиски. Иако поврзаноста помеѓу децата не секогаш е во зависност од старосната разлика.
Потполно си во право.Од психолошка гледна точка 3 години се идеална разлика.Поголемата разлика е полесна за родителите бидејки и повозрасното дете помага,а потешка за самото него бидејки е посвесно за тоа дека не му се посветува истото внимание.На крај краева нели оставаме потомци за да да утре си се најдат во добро и зло што значи и генерациски треба да се близку а не да се по потекло по разлицни векови.Ако родителите на 60 години сакаат принова подобро нека си дочекаат внуци него ли да рагаат нови потомци.
нема идеална разлика мегу две деца,и уствари многу тешко може да се утврди што е подобро..прво од карактерите на децата зависи па од условите,па од желбите на родителите од се... за мене лично ди си кажам имам синче од 2 г.и 2 м уш малку....и сега се каам што не си родив едно одма од коа се опоравив од него...можда ке ми беше тешко вистина со две мали ама досега ке бев помината низ почетните фази ...кој би да знае...а и да си признаам малку и годините ме плашат...пошто малку повозрасна станав мајка за прв пат....баш скоро зборвевме со мм дека можда треба една активација да си напрајме и ке бидат 3 години разлика...ај ке си поразмислам јас пак...фала што ме потсетивте и вие
Јас и брат ми сме 3ипол години разлика, односно 4 школски. И според мене, оваа разлика е идеална. Кога сум била 3ипол годинки, цело време сум и барала на мајка ми да роди братче за да имам со кој да си играм И ми ја исполнилежелбата со татко ми. Не сум била љубоморна, напротив, сум и помагала на мајка ми колку можам Подоцна, кога тргнавме на школо, јас таман завршив 4то одд. брат ми беше 1, па јас 8мо - тој 4то, јас матурантка - тој полуматурант и се така Блиски сме многу, и за се правиме муабет.
Поаѓам од едно друго гледиште,како родител.Никако не би знаела да разграничам која е идеалната старосна разлика, поради неколку фактори: Психички фактор- многу прворотки поминуваат тешко на пораѓај, што е индивидуално и не важи за секого, па им треба повеќе време да се решат на уште едно патешествие со ширење нозе на бокс. Исто така, лекарите не препорачуваат бременост во наредните три години,ако мајката е породена со царски рез. Социјален фактор- кој многу влијае врз сите, поради невработеноста и нерешената станбена состојба на брачниот пар. Не е само детето да го створиш, туку треба да му овозможиш нормални услови за живот. Додека родителите се надеваат на подобро утре, старосната разлика се зголемува. Здравствен фактор- се случува и компликација за време на бременоста. Или поради влошена здравствена состојба на било кој од родителите да се направи поголема старосна разлика. Некогаш и кога после милион обиди кренат раце од помислата за второ дете, се случува бременост и пак голема разлика. Непланирана бременост- некој сака да застане на две, но непланирано забременува со трето дете,а не сака да го абортира, па разликата меѓу првото и третото може да биде и 10+. И уште многу други фактори. Лично јас сметам дека малата разлика е напорна за родителите и за детето. На родителите им станува пренапорно, а кај детето се создава чувство на љубомора и отфрленост (иако тоа не е така), меѓутоа малите главчиња на поинаков начин го доживуваат сето тоа. И преголема разлика не е добра. Едно оди на училиште, друго е сеуште на памперс, доење и сл, па ни тогаш не може да им се сврти доволно внимание на двете. Како и да е , во какви времиња живееме, дај Боже секој да има можност да си го прошири семејството,а тогаш воопшто и не е битно колкава е разликата меѓу децата.Само нека се живи и здрави.
До 5 години разлика најубаво е според мене, зошто големата разлика носи несогласувања, ама сепак заивси и од децата, а и полот, ама не мора да значи, има брат и сестра што не се караат а се голема разлика има и обратно мала разлика, а се колат дома, има и сестри мала разлика се караат, а поголема не и обратно. Идеална разлика е кога родителите ќе одлучат(според биолошкиот часовник и економска состојба) да го прошират семејството, годините не се толку важни, колку што е важна љубовта кон братот и сестрата.
Јас и брат ми сме разлика од 1 година и 13 дрна и мислам дека растевме како да сме близнаци.Многу сме блиски и супер ми е,исто и јас мислам дека колку разликата е помала меѓу децата толку поголема приврзаност ќе имаат едното со другото.
Според мене разликата треба да биде до 5 години, најдобро накај 2....Јас и брат ми сме 7 години разлика и незнам сега за сега добро ми е затоа што сум уште едно големо дете ( не дека сум голема, 15 години, ама ај во ова време тоа се смета за голема), Покрај него си правам некои подетски работи И интересно ми е да си "играм со него", на одмор кога одиме, да играме заедно дриштвени игри, игри на компјутер итн. Но незнам некако многу е разлика, јас кога ке имам 22 он ке има 15 и ќе немаме ништо заедничко, како да немам брат Јас ќе имам 30 он 23 пак многу е....... Најдобрата другарка и сестра и се само 1 ипол година разлика и како другарки се, не им е досадно по дома, на одмор, на пат.... Си даваат совети се си кажуваат...И една моја школска со брат и е 1 год. разлика, во исто школо учат и се гледа дека се многу блиски..... Сега за сега ми е добро, ама за понатаму незнам, што е многу- многу е....
Секое летенце по едно детенце Јас сметам дека најдобро е да се разлика ете по една до три години, сепак ќе си бидат блиски со годините, а и со нивните размислувања и ставови понатаму.
Јас сум на пример разлика со моите две сестри по 1ипол година.Многу сме блиски сите 3,ептен сме како најверни другарки,башка ја сум најмала..Хаха најубаво ми е,ми даваат совети,се тоа..Поголемата сестра има женско детенце кое има 1ипол година,и плус сега е трудна со друго во 7 месец,женско,па и нејзе ќе и биде толку отприлика разликата.Пресреќна е,срцка.