Јас би сакала моите деца да се разлика 5-6 години. Ќерка ми сега има 14 месеци и некако тешко би ми било ако другото дете е разлика 2-3 години..инаку мм сака одма др. дете , секој ден ми збори ама јас му викам и рано е и не сум спремна. Инаку мм и брат му се разлика 5 години и свекрва ми кажуваше дека супер и било , мм и помагал да му сменат пелена , да го нахрани од шишенце..( добро тоа зависи и од детето нели колку го интересира ) Но сепак , јас сум сама , не би сакала свеки да се меша , моите се далеку...така да нека порасне детенцево како што треба па потоа ке видиме за второ
јас мислам 4 ипол години разлика најубаво,додека ти е мало второто за постарото толку не му ја мислиш самостално си е а понекогаш може и да ти биде од помош
Индивидуална работа си е. Зависи колку родителите се спремни на второ дете. Има многу ситуации каде мајката има здравствени проблеми, тешко поминала на првото породување, немаат финансии, уште не се чувствуваат спремни за второ дете, брка кариера, итн, па второто дете знае да `почека`. Има ситуации каде одма го `прават` второто дете, па наеднаш да ги пораснат двете заедно. Идеална старосна граница нема. Постојат само колку толку поидеални услови за дочекување на второ дете. Како и да е, секој си знае за себе најубаво. Дури имаме еден случај во фамилија каде децата се разлика 12 години, ама не треба да се осудува, зошто не ги знаеме причините за тоа. (А, причините беа што никако не можеше да се `фати` второ дете, па затоа закаснаа толку години).
Нема идеална старосна граница. Може да се децата 1-2 год. разлика па мајката да се окози додека да ги потпорасне, нормално зависи од тоа дали децата се мирнички, дали спијат, дали се болежливи, дали е мајката сама или има некоја помош, дали оди на работа и трча по градинки итн. Сепак додека го расне едното, ќе порасне и другото, додека се расправа со едни пелени, ќе се расправа и со други пелени, па нокшири и после извесен период стануваат самостални и малку мирна глава (додека не почнат на училиште да одат). Ако се 3-4 год. разлика, може да се појави љубомора, а и не мора, може се` супер да си биде. Тука има работа околу двете деца, едното го испитува светот (радозналост, најголема подвижност, додај инаетливост ), а другото-бебето го осознава. Поголема разлика 5-6 год. и повеќе- бебе и школско дете...(како кај нас што ќе биде)...може пак да се појави љубомора кај поголемото, тоа тргнува на училиште, има обврски околу него, плус да се додадат и обврските околу бебето (доволно се само непреспаните ноќи). Но, како ќе раснат поголемото може да потпомага на мајката, а може и да биде тотално незаинтересирно за помош околу бебето (пр. љубомрно може да се чувствува и запоставено па да не му е мило бебето). Се` зависи од карактерот на детето, ама според мене ова е најчувствителната разлика меѓу децата. Искрено мене страв ме фаќа како малава ќе го прифати фактот дека не е веќе сама и наша единствена миленичка. Заклучок според мене, најидеално е да имаш близнаци, немаш избор и не му ја думаш кога да се осмелиш за второ дете.
Мамо купи ми сестричка според мене најдобра разлика помеѓу две деца е 5-6годни. Таман едното ќе тргне во училиште, па мама ќе се посвети на бременоста и новото бебе. Сепак потребна е поголема слобода на мајката да може да се посвети и на двете деца, многу е поинаку кога едното веќе разбира, па може и да го припази помалото, да го причува додека лежи на кревет.
Значи сите се сложуваме дека нема идеална старосна разлика помеѓу децата. Потполно се согласувам со мислењата на Girl23 и Lolyta777, да не се повторувам, само ќе надополнам дека сепак ако е планирана втората, т.е третата... бременост се препорачува таа да не е кога во семејството се случуваат некои позначајни пресврти, како на пример кога заодува постарото дете на училиште или во градинка или се преселува семејството во нов стан или град, затоа што тоа би било дополнителен стрес и за мајката и за постарото дете. Сепак мое лично мислење е дака разликата треба да биде над 4 год. Тоа е за мајката полесно, а и подобро е за детето, бидејќи иако мајчината љубов не се дели туку се множи, сепак кога се има бебе во куќата, автоматски, другото дете е веќе она големото и колку и да сакаш да му посветуваш и нему внимание, тоа, на почетокот барем кога е бебето помало ќе биде на второ место. А и те како дете од 2, 3, 4 па и повеќе години си бара љубов и внимание. Моите деца се 5 години разлика, и иако ме плашеа колку е страаашно со две деца, дека сега дури нема да имам за ништо време, јас не гледам мака. Постарото си е веќе самостално, дури и ми помага. А дали ќе има љубомора помеѓу децата, мислам дека повеќе зависи од карактерот на детето и воспитувањето, отколку од старосната разлика. Јас многу се лутев кога на постарото дете му велеа, сега кога ќе се роди сестра ти, ќе ти ги зема играчките, ќе ти спие во твоето креветче итн. Јас го учев дека тоа е нормално и дека сега за него ќе има уште поубав поголем кревет и такви некои работи. Инаку јас сум со брат ми голема разлика и тоа не ми смета да бидам блиска со него.
Некако голема разлика помеѓу децата ич не сака. Причини ги има повеќе, но најолемата е тоа што таман ќе се одвикнеш од пелени, непроспиени ноќи, таман детето станало самостојно, ете ти пак проблеми. Плус секоја разлика над 5 години, децата мислам дека не се толку блиски (мое мислење). Туку во право е лолита, најубаво со близнаци
Нема врска дека големата старосна разлика ќе биде пречка за блискост меѓу децата, тоа пред сè зависи од карактерот на децата. Јас и брат ми сме пет години разлика, и не сме нешто многу блиски, ама тој е таков, затворен, зборува само кога треба и кога има нешто паметно да каже. Мажот ми и сестра му се 6 и пол години разлика и се многу блиски, ама ептен, што мене ме чудеше на почетокот, не бев навикната на такво нешто, признавам им завидував понекогаш. Ама сакам кога браќата и сестрите се блиски меѓусебно бидејќи тие можат да бидат најдобри другари, не само крвно поврзани. Јас лично, сметам дека 3-4 години е идеална разлика. Сега не планирам да раѓам второ (макар што никогаш не се знае), ќе си почекам барем година и пол. Дај Боже да се фати кога ќе сакаме ние
Јас и брат ми сме разлика 9-ипол години. Јас сум поголема. Воопшто не ми се свиѓа разликава во години, се' би било поедноставно доколку сме биле некаде барем проближно со годините. Вака за секоја мала ситница избувнува кавга и несогласување. Според мене идеална старосна разлика би била некаде од 2 до 3 години максимум. Децата би имале барем колку-толку слични сфаќања и интереси, зависно од етапата во животот.
Абе вака реално децата ретко кога да имаат заеднички интереси и сфаќања. И малку да се разлика сепак исто е. И сестра да имаш наместо брат пак ќе е исто. Ретки се оние кои делат баш се и се согласуваат во се. Караници секогаш е имало и ќе има, дали за најситни работи или за нешто побитно. Така да, мислам дека нема некоја си идеална граница. Сепак кога се случи - тогаш. Не е некое непишано правило дека децата мора да се 3-4 години разлика.
Ако се решиме за второ тоа ќе биде малку подоцна, сакам разлика од 6,7 или 8 год. да може поголемото да ми го гледа помалото, а јас да си гледам турски серии на раат Едно по друго многу напорно би ми било, сакам малку да си ја оладам главата од пелени, ноќни дежурства и се' што следи со мало дете, па после друго здравје ако дојде ред...Тогаш првото би било потпораснато и веројатно нема да биде толку многу захтевно како што сеуште се на 2, 3 или 4 год па да не знаеш по кое попрво да трчеш...Тоа од моја страна, а за децата мислам дека најважно е да имаат здрав, позитивен однос меѓусебно, и не е битна разликата во години за тоа дали ќе бидат блиски или не...
За второ дете ке почекаме .... 4 -5 години *се разбира ако не се деси поранко* Него алал да им е на некои мајки кои ги познавам на 25 години она веке 3 деца респект Јас со едно незнам главата кај ми беше на почетокот , а камоли да имав 2 деца . Тогаш викав едно и готово . Сега секако ми се смени мислењето ама сакам ова малово прво да порасне да го пратам со 3 годинки во градинка и здравје да почнам да работам * порано за градинка не бива мора со 3 годинки а друг нема кој да го чува * така да ке видиме како ке е А иначе најубавко е близнаци на една мака две
Близначиња бе, најубаво. Хахаха, па мислам дека 2 години ми е најубаво, онака слично се однесуваат и се тоа. Јас со сестра ми сум разлика 4 год., она е постара од мене. Не ми се свиѓа тоа, али океј. Не мислеле така моите
Јас и сестра ми сме голема разлика, 7 години. И додека бевеме помали не претставуваше тоа проблем се додека таа не наполни 3 години. Па тогаш имавме проблеми плачеше по мене, не ме оставаше од дома да излезам. После тоа заедно игравме иако ја имав 12-13 години заедно со неа со кукли си играв После некое време кога бев во пубертет некаде 15-16 години се јавуваа некои мали несогласувања ама главно не било нешто сериозно. Сега се сложуваме одлично иако знае да избувне по некоја кавга зошто таа влегува во пубертет јас излегувам. Идеална старосна разлика нема, и нема врска колку години се разлика со блискоста, има некои се две години разлика, а воопшто не се блиски, а има и некои со пет години и се претерано блиски, тоа зависи од карактерот на децата.