Јас имам две сестри. Со едната сум разлика 2 години и 9 месеци, а со другата сум разлика 13 години и 1 месец. Иначе јас сум најголема
Со брат ми сум една година и два месеци разлика, а со сестра ми осум години и пет месеци. Повеќе се сложувам со брат ми
Јас со брат ми сум 6 год.разлика. Колку толку се сложување , но потребна е грижа и сослушување.Мене лично многу тешко ми е кога ќе му одбијам нешто заради обврските. Тој седнува на крајот од собата и почнува да вели: -Мене никој не ме сака -Јас како да немам сестра и мајка - Немам другари и јас што да правам?? Станувам и се играме со него и се. Погодна е оваа разлика иако би било подобро 5 год разлика, бидејќи баш тогаш се одвикнуваат толку од играчките а ние повозрасните губиме од времето испланирано со нив. Мене така ми се фаќа бидејќи тој сега ќе наполни 7 а јас 13. Но не е ништо страшно, голема разлика.ДА бе да!
Според мене како мајка поголема разлика е подобра.Мислам тие ќе имаат време и место да се развиваат ослободени од блиски примери и секојдневни турканци.Моиве се разлика од 2 години ,а навистина е тешко да се растат што викаат старите истоглавци
Jaс и сестра ми сме разлика 7 години. Мислам дека не се многу осеќа разликата. Па, ќе земам ќе си играм со неа ќе одеме некаде на лулашки и се симнувам на ниво на нејзиното мозоче и се е ОК Можеби смешно ви изгледа ова, но навистина е така. Јас не знам што би правела да имам поголема сестра Идеална старосна граница помеѓу децата никогаш нема да се знае се зависи до мајката кога е спремна за тој чекор. Бога ми мајка ми многу чекала (шала на страна)
Моите палавковци се разлика 5 години а пак јас од сестрами 3,5 и мислам дека таа разлика е најдобра како деца многу се дружевме па и ден денес сме ептен блиски а моиве сега големиот сака да си игра надвор таа сака да е до неа а не може да ја пуштам има само 2 години,тој оди научилиште кога ке седни да напише домашна оваа рскат плачит да беше малу поголеме ке и дадев и таа да пишува и ем ке поднаучеше нешто ем ке беше помирна затоа мислам дека 3 - 3,5 години е најдобро.
Јас со (полу)сестра ми сум разлика точно 13 години и мене разликата ми е огромна, ама тоа е. Според мене најдобра старосна разлика меѓу две деца треба да е 2 до 3 години. А и мислам дека кај децата со поголема старосна разлика од 9-10 години нема некоја посебна комуникација и разбирање. Посебно откако ќе пораснат.
Според мене нема таква - идеална старосна разлика, ама кога ќе имам деца, сакам да бидат барем 4-5 години разлика.. инаку имам 2 браќа, со едниот сум 8 години разлика, порано се каравме ама сега многу си го сакам, а со другиот сум 12 години разлика и често ме нервира а ете и сега сме скарани..
јас и братми сме 4 години разлика.. братми е поголем од мене 4 години ... кога бев помала секогаш посакував да бев поголема од него за да можам јас да го тепам него а не јас да јадам ќотек.. но срекна сум сто имам повозрасен брат и мн добро се разбираме
искрено што побргу едно по друго тоа подобро. барем сега за сега така размислувам. некако ќе бидат блиску проживувањата нивни. А не како јас и сестра ми 6г. и 1м. и цел живот се различно. јас прваче она бебе, јас тинејцерка она прваче. јас дечко таа ќе ми издавала.....никако заеднички јазик да најдеме. имам сестра а неможеме облека да делиме....и ред други работи.
Најдобра разлика немаа такво нешто.Никој не те прашува ти кога сакаш да останеш бремена.Тоа се случува и толкуу.Инаку јас со сестра ми сме 4 години разлика и исти сме и во тежина и во висина.Па да би кажам и нема некоја голема разлика и во карактерот , се сложуваме.
...не постои. Секоја разлика во години си носи убави работи со себе: ако се до 2-3 години голема е веројатноста да се дружат, заедно да излегуваат, да си бидат најдобри пријатели еден на друг; поголемата разлика ќе го направи едниот некој кој ќе му дава совети на другиот и одвреме-навреме ќе ја презема родителската улога. Јас и брат ми сме 4 и пол години разлика. Никогаш сме немале другарски однос, но од друга страна секогаш си се наоѓаме еден на друг, особено периодот кога живеевме сами Скопје. Има некоја заштитничка настроеност спрема мене: јас сум неговата помала сестра која е премногу детинеста за да излегува со него, но која никој не смее да ја пипне!
Мислам дека никој не може да каже кога е вистинско време за второ дете. Тоа е индивидуално Докторите препорачуваат дека идеална разлика на две деца е 3 години. Јас за мене да си кажам имам две деца едното е 3 год а помалечкото 1 год малку е тешко поголемото си го сака сето внимание само за себе па не му дава играчки па нон стоп ни вика декА ке го тепа се случува и да го подудри некогаш но затоа со нив мора да има еден возрасен малечкото е поживо дете па има многу трчкајнци околу нив ама навистина јас мислам а и повеќе жени ми кажале додека се мали е малку потешко нели мала разлика се ама кога ќе почнат да растат ке биде супер и ќе се нема многу мака.Јас имам голема помош од свекрва и свекор и не осеќам голема тежина и затоа вака добро си функционираме.И јас за мене ќе кажам дека идеална разлика на деца е 2 години, а вистинско време за второ трето дете е кога ќе посакаат родителите.
Е не да се фалам,ама кај нас се е добро,фала богу Јас сум 96',сестра ми 99',и помалата сестричка 2005...си ја сакаме и чуваме
Според мене најдобра разлика е 5-6 години. А јас со брат ми сме разлика само 1 година и растевме како близнаци.Убаво ама напорно.Да беше женско можеби ќе ми беше најдобра другарка. Сепак мислам дека подобро е прво да потпорасни првото дете па да се размислува за второ. Индивидуално..
Нема некоја идеална старосна граница помеѓу децата.Доколку јас се прашувам најдобро би било од 2 до 3 години,но ако се една година разлика,па и 5,6 децата секако дека нема да ми игра улога.Знам случај каде што децата меѓу себе се 12 години разлика што е многу,но тоа е прашање на природата и ние не можеме ништо да смениме овде.Јас немам браќа и сестри,но имам двајца братучеди кои што ми се како браќа бидејќи живеам со нив.Сите меѓу себе сме разлика по година и пол,а јас сум најмала па кон мене се однесуваат заштитнички и секогаш се тука за совети и да ме поддржат во се,а и јас сум овде посебно кога им треба мислење и совет околу некое женско
Мислам дека нема идеална старосна разлика. Јас и батичко мој сме 6 години разлика (он е постар) и супер се сложуваме..сега нормално, повозрасни сме сега, но порано се знае, бокс трениравме по дома Но си го сакам нааајвеќе на свет