Според мене нема идеална разлика. Колку и да е голема/мала разликата, љубовта помеѓу нив секогаш ќе биде иста, само интересите им се менуваат
Бев сигурна дека сакам второ дете и почнав да работам на тоа, ми се појавија измешани чувства дали постапувам правилно еве два месеци без успех ќе чекам и овој и секој нареден ако дојде добо дојде незнам зошто вака се чувствувам на моменти сум многу емоционално силна на моменти се плашам за второ дете не се плашам од бременоста ниту од болки ни тежини се плашам дека ќе си го запоставам синчето и самата себе незнам уствари зошто овај страв во мене . Се чувствувавте ли слично или ова е знак дека сепак и не сум подготвена !!!
не можеш по правило да го запоставиш првото поради второто дете, бидејќи секоја возраст си бара посебно внимание и различна грижа. мене ми се децата разлика 5 години, па кога се роди помалото, големата ми помагаше да го бањаме, облекуваме, итн. и секогаш и викав, абе овој брат ти многу е досаден, место да си играме, сега му мењаме пелена....и она ќе се изнасмееше не мислам дека ја запоставив, дури сега сметам дека нејзе повеќе внимание и обраќам поради школо, пубертет, совети, разговори.... па здравје ќе видиме за третото како ќе биде, сега за сега е само во план...
Не сум мајка но имам сестра 7 години помала и верувајте не е добра толкава разлика. Додека се мали ќе има нетрпение, кога ќе пораснат повторно, никогаш нема да се во исто друштво. Секогаш ќе се само сестри или браќа ама пријатели никогаш.
Ќерка ми е 19 месеци и уште не мислам на второ, можеби кога ќе наполни 3- 4 години. Едвај се справувам со неа, а со бебе сега никогаш не би успеала
Малава моја сега има 2 години,и уште не мислам на второ...не дека е многу лоша и љубоморна или сум видела мака со нејзе додека била бебе,така решивме со мм Прво да го завршам факултетот(2год сум) па работа па после ке мислиме за второ ,ова е во мојот случај,а инаку најубава резлика помеѓу децата е 2-3 години
И јас исто мислам, најдобра разлика е 2-3 години, повеќе е само полошо. Едното кога излегува од лудите години, другото влегува и само кавги постојат, пријателство никаде.
Незнам која е најдобрата граница,претпоставувам дека повеќе разбирање меѓу себе ќе имаат ако се 2-3 години разлика. Па еве се придржувам за мојата претпоставка кога син ми ќе има 2год и 8 месеци ќе стигне другото синче па ќе ви напишам за година-дена дали сум била во право,ај поздрав
Мене ме фркна некоја мисла за второ дете , набрзинка да ги пораснам и двете на една мака ама не било така , се осетив неспремна ...и гледајки го детево колку е захтевно не ми пага на памет веке таа мисла Проодена е веке малата , ја трЧкаме уште ама полесно е сега од кога беше мало доенЧе Сакам да и се порадувам асално , ако сум со стомак тешко дека ке успеам сама околу неа знаејки кои маЧнини ги имав секое утро ,а и помош немам и ке немам , наредно лето планираме да идеме некаде на море ... ПриЧини имам многу Барем да порасне 3 годинки , 4 ... па понатаму ке ја мислам Или сеа вака мислам којзнае :geek:
Јас и сестра ми сме разлика две години и 3 месеци идеално ни е заедно излегуваме се друживе совети и се...имаме и пимала сестричка од мене помала 7 од неа 9 години е сега додека беше мала на мајка ми ние многу и помагавме ја чувавме шетавме облекувавме додека таа си работеше и сега си ја чуваме и помош за на школо и се ..
Две до три години мислам дека е идеално и подобро за децата, поблиски ќе се и повеќе ќе си се чуваат во животот.
Jas i brat mi sme za eden mesec nepolni 5 godini razlika.Ubavo se sekavam koga toj se rodi, koga go donesovme od bolnica,koga i pomagav na majka mi,go vlecev ko kukla niz doma,go hranev...Licno za mene smetam deka 3 godini e idealna razlika.
Зависи за кого подобро... За децата или за родителите? За децата е најдобро да се една година разлика затоа што цел живот ќе бидат поблиски бидејќи од мали ќе имаат заеднички предмет на интерес Ама мислам дека за родителите е подобро да бидат на поголема старосна разлика од таа причина што веќе едното ако би одело на училиште а другото е бебе би можело да се усклади се... И домашните обврски се полесни за извршување, постарото дете е веќе возрасно и разбира буквално се па може дури и да добиете помош од него на пр. “внимавај на брат ти/сестрати додека се туширам“ и сл. Со тригодишно дете и едно бебе јас мислам дека не се излегува на крај. Син ми има 4 години и сигурно би почекала уште 2 до 3 години до другото. Тоа е барем моето мислење ама бидејќи сме сите различни не значи ни дека е правилно ни грешно
Да се надоврзам...и јас мислам дека идеалната разлика е околу 3 години....иако син ми има веќе 3 ипол години...а за второ...пааа во план ни е...кај и да е така да ќе бидат разлика околу 4 години
mislam deka ne treba da se pravi golema razlika bidejki kolku poveke pominuva vreme poveke si nesigurna,licno jas imam dete od skoro 6 godini i nikako nemozam da se odlucam za vtoro,so maz mi se nekako planirame ama sme neodlucni pobavo e koga deteto si ima drustvo,inaku se ke bara po igroteki,da nosi drugarcinja doma...pa duri stanuvaat sebicni neznaat da delat
ne mozam uste da kazam bidejki seuste so prvoto ne sum se porodila i ne znam kako ke bide so obvrski i sl. mislam deka ne bi sakala vtoro dodeka ova ne napolni 3 godini, ama ne se prasuvam samo jas