ne mozam uste da kazam bidejki seuste so prvoto ne sum se porodila i ne znam kako ke bide so obvrski i sl. mislam deka ne bi sakala vtoro dodeka ova ne napolni 3 godini, ama ne se prasuvam samo jas mm ima sestra so razika pomalku od 2 godini i ona ima isto decinja so pomala razlika pa malku se plasam deka moze da imam pritisok i za porano od tie posakuvani 3 godini minimum razlika. zdravje
Чисто колку да си искоментирам, јас и брат ми сме 6 години разлика т.е. 6 години сум постара од него. Би сакала да беше помала разликата. Мислам дека идеално е 3/4 години, барем така повеќе ќе се поклопувавме а вака ништо. Ама ете, моите така решиле.
јас и братми сме 3 години тој е постар од мене а со сестрите сме 5 години помали се од мене.за идеална разлика сметам дека е 2,3 години.
моите деца, здравје боже,ке бидат 7ипол години разлика.во септември треба да се породам.не сакав толкава разлика ама сплет на околности и така излезе.инаку сметам дека 4-5 години е оптимална разлика за да му се посвети доволно нега и внимание на првото ,да се осамостои,па потоа второ.а за блискоста и разликата во години,мислам дека зависи повеке од карактерите на личностите отколку од годините.јас и брат ми сма 3 год.разлика па не сме нешто претерано блиски.од друга страна мајка ми се 4 сестри,со најмалата сестра е најблиска иако се 8 год разлика.
Moite se 4 godina razlika, golemiot ima 6 god a maloto 2 god. Spored mene ova e super razlika, koga se rodi bebceto togas golemiot imase 4 gotina, mozese sam vo vc, sam jadese, ne mu trebase mama za nekoj raboti za koj ke mu trebav ako bese pomal....bese epten samostoen pa mozev poveke da mu se posvetam na bebule.
Jas so bart mi i setra mi sum 4,5 godini razlika tie se bliznaci.No eve mojata kerka sega ima 14,5 meseci, a jas sum bremena vo 4 mesec..zdravje Boze treba da se porodam vo dekemvri..sto znaci razlikata ke bidi 1god i 8meseci.
Јас би сакала да имам разлика помеѓу две деца од 4-5години. Секако ќе биде над 3год разликата(поради царскиот), но ете некако ми се допаѓа поголема разлика помеѓу децата. Таман првото во школо а мама околу бебето ( и пак дома по цел ден )
Моето синче има 3 ипол годинки а сега сум бремена 2 месец...во февруари треба да се породам ќе бидат разлика 4 години и 4 месеци.... не сакав толкава разлика ама ок таман си е
Моиве ке бидат разлика две години само . Првото е родено на 25 март , а за второво предвиден термин 01 април За нас ова е идеална разлика помегу две деца , децата заедно да растат и за мене подобро додека сум уште навикната на пелени , на станување секоја веЧер итн хихих
Син ми во Октомври ќе полни 2 години и со маж ми размислуваме од наредната година да се обидуваме за второ дете. Сакаме децата да ни бидат разлика максимум 4 години.
Прво со среќа и со лесно нека ти е бременоста, и моите се толку разлика 2 години синчето има 5 години керкичката 3, на почеток беше многу тешко дури да се навикниме ама сега ни е супер заедно си растат си играат
Првото синче ми има 1 годинка и 9 месеци,а второто синче има 5 месеци,добро се снаоѓам,мм работи јас не,сами живееме..Сега за сега е добро па ке видиме понатаму..Мислам дека идеална разлика е 2-3 години иако ние избрзавме Затоа здравје,на трето ке одиме кога големиот ке направи 4 години
Ние планираме курлево кога здравје Боже ќе наполни 1 година, да почнеме да работиме на случајот братче или сестриче. Што значи дека децата ќе ни бидат разлика околу 2 години. Јас и сестра ми сме 3 години разлика и одлично функционираме. Мислам дека 2 до 3 години разлика е онаа идеална старосна разлика помеѓу дечињата.
Се согласувам дека од 2-3 години е идеална старосна разлика помеѓу децата. Мислам дека повеќе ќе се се слагаат,ќе имаат нешто заедничко и секогаш ќе имаат друштво.