Јас навистина не знам колку би била идеална старосна разлика поентата е што сопругот сака второ дете а јас сеуште не и одложивме, искрено имам едногодишно дете кое е многу живо и не знам како би се снашла плус со бебе инаку знам дека ќе морам самата да си ги чувам зашто од него немам ама ни тронка помош ( што се однеува до вработувањето и двајцата сме вработени ама пак се дома си е на мене иако додека се породив не било така потоа се се смени )..иако сакам повеќе деца не само 2 не знам како би се извело тоа без помош и со живо дете
Marija28 Jas mislam deka e dovolno razlikata 2 ipol godini...jas napraviv pauza 4 godina i mnogu se kaam trebase porano hehe covek se odviknuva od toa bebeskoto i tocno koga ke se oslobodis posle nekolku godini pak istoto se custvuvas ko da ti e prvo ako si ti dovolno spremna vreme e na vtoro barem deteto da si ima vrsnik ...pozz
Јас и брат ми сме неверојатни 10 години разлика (и четири дена ). Дури од мојата 17-та година почнавме да го стекнуваме пополека односот брат-сестра, затоа што едноставно е невозможно пример на мои 10 а негови 20 години да имаме заеднички теми на муабет. Секогаш сме се сакале многуу, дури и си играше со мене правеше глупости иако доста поголем, но во последно време почна многу повеќе да ми ја искажува љубовта што не е воопшто својствено за неговиот карактер, може се плаши да не му избегам (да се омажам мислам). А за јас кога ќе имам дечиња, би сакала да не ми се поголема разлика од 2-3 години, но јас бидејќи сакам три и ако здравје испадне така, третото може да биде поголема разлика од првите две, најгалено и најзакачано да биде. Моментот кога ќе почне да ти фали мирисот на бебе и бебешки плач, е тогаш му е мајката за трето дете. Се планирам јас, тоа ми е "маана", ама за жал такви работи во животот не можеш да ги испланираш/предвидиш.
Моја сметка е дека идеалната разлике меѓу две деца треба да биде од 2 до 4 год. Јас со сестра ми сум 6 години разлика и е многу напнато. Кога јас сум тинејџерка таа е дете кога јас ке бидам возрасна таа ке е палавата тинејџерка. И не се вклопува воопшто. И затоа најубаво е од 2 до 4 год.
Јас не сум ни мажена, ни бремена, но мое мислење е дека колку помала е разликата толку подобро. Јас и сестра ни сме разлика полни 9 години, таа е помала, и не е баш добро тоа,таа е дете јас сум веќе возрасна. Утре кога ќе имам деца сакам да се помала разлика , едно по друго, заедно да израснат, мислам дека идеална старосна граница не постои тоа е индивидуално за секого .
Јас и брат ми сме 4 години разлика и сметам дека ова е идеална граница.Во иднина не би сакала да имам едно подруго деца.Додека едното бебе плаче вриска и бара храна, другото клоца во стомакот, не не би можела тоа да го издржам.Прво едното нека подпорасне, па за друго има време.
Со сестра ми сме 5 год. разлика и се осеќам како да сме од различен свет. Од друга страна, сигурно е доста макортпно и тешко да гледаш деца кои се год-две разлика, кое попрво. Затоа според мене 3 год отприлика.
До 3 години највеќе. Прво, многу повеќе ќе се сложуваат, ќе имаат отприлика заеднички другари, ако се двете женски или машки ќе можат облека да менуваат и ќе бидат поблиски. Јас и сестра ми сме 5 години разлика, лудница е дома очи ќе си истераме некој ден само се караме и не можам да и се исповедам за нешто, нема да сфати, да имав да речеме сестра/брат 14 или 18 полесно ќе беше.
Многу се надевам дека нема да бидат повеќе од 2 ипол години разлика. Јас и сестра ми сме 2 години и 2 месеци разлика и ко близначки сме.
Јас со сестра ми сум 9 и пол години разлика, па можете да предпоставите како им е дома на моите Кога бев помала, она сакаше со дечковци да си седи јас ја замарав, мислев дека се дојдени за играње. И така секој ден имаше викања, карања, тепања.. Сега коа сме и двете више повозрасни можеме некогаш да си најдеме некоја тема на муабет или незнам да одлепиме, ама ретко е. Ќе да е до годините ( на сестра ми, не моите да се разбереме ) Така што помалку разлика тоа поубаво. Сеа не да е 1 година ама до кај 3-4 е таман
Близначиња да бидат ако не бидни тоа 2 год најмногу да бидат разлика, за да можат повеќе да си играат и да се дружат.
Имам познајнички 3 сестри кои се по 2 год. разлика.Менуваат облека,имаат исти интереси и сфаќања,заедно излегуваат,и никогаш не им е досадно.Трите си се најдобри другарки.. Јас имам сестра една помала 7 год, другата постара 5 год.Никогаш не сме размислувале исто,сме си досаѓале една на друга,сме се издавале,сме криеле,сме се карале и тепале,но тоа незначи дека не сме се сакале.Се сакаме,ама нема некоја претерана блискост меѓу нас.Затоа јас кога ќе имам деца сакам да ми се разлика најмногу2-3 год,можеби е малку потешко додека се помали,ама секако ќе им биде поубаво.
Јас мислам дека идеалната разлика помеѓу децата треба да е 5 години или повеќе. Со брат ми сме разлика 7г., но сепак сме поблиски. Заедно учиме, играме на компјутер, па дури и тв гледа со мене. А, сестра ми е 2,5 години постара од мене и пак не сме блиски. Таа е биг тин, јас литл тин. Со неа одам само на шопинг (кога јас купувам нешто). Кога бевме помали го чував брат ми понекогаш, а мене сестра ми од бебе ми давала чоколади Колку е поголемо постарото, толку подобро. И нема ни за облека да се караат.
Моите деца се родени на 5 години и мислам дека тоа е идеална граница. Прво затоа што едното дете ми е веќе големо и си го тера својот пат. Него веќе не му требам јас како помошник за ние една ситуација. Нормално целото внимание си го добива пак но не треба да го хранам или носам во wc. Еден голем плус е и тоа што кога едното ќе заврши факултет ќе го пуштам другото па нема да ми биде дупли трошок
Вие одма едно по друго баш. Во една година два пати си раѓала. Браво!! Јас мислам колку помала разлика толку подобро. Да имав финасии уште сега би отишла на второ (иако со првово е невротично). Ќе ги израснам и двете оддеднаш, таман за 2-3г. ќе можам да спијам навечер Гледам сите над 2г викаат. Јас викам да почнеме за роденденот на малата, да си дадеме шанса некој месец за зачнување и таман 2г разлика. Јас и брат ми сме 4.5г разлика, а со сестра ми 2г. Сите супер се сложуваме и сме доста блиски.
Јас сакав моите да бидат две до три години разлика меѓутоа второто маже сакаше порано да се фати така да сега ќе видиме кога ќе му се излегува ќе бидат 16 или 17 месеци разлика, од една страна мака ми е уште од сега дека претежно маж ми не е тука и сама сум со малиот морам да го дигам и се да правам со толкав стомак, ама па од друга си викам барем заедно ќе си израснат и ќе си се дружат, мажиња се и двете и тоа ми е некоја предност за облека и некои слични работи, ништо не сум купила за новово само облекичка да го извадам од болница, па здравје за некои 4-5 години може да се отиде на уште едно бебуле тоа да биде најмало маза да ни биде