Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална старосна разлика помеѓу две деца

Дискусија во 'Дете' започната од marija28, 21 март 2010.

  1. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Некаде низ книгиве прочитав дека идеална разлика е или една година или после 4 години. За причина беше наведено дека ако бебушот е до годинка нема да чувствува љубомора, бидејќи не е уште свесно дека ја дели мама. Кај 4 години пак беше наведено дека детето си има веќе свој свет и си е сигурно во тоа љубовта на родителите па бебушот ќе му дојде како плус љубов. Јас здравје ќе одам со 4 разлика :D . Пред да ми се роди зверчето сакав до две разлика да се, ама сега фала, ама не фала. :D Со ова едното едвај излегувам на крај, уште едно мало би ме збудалило. :lol:
     
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    148.068
    Пол:
    Женски
    како ке минуваат годините и ке расне детето, ке се најдеш со многу слободно време и уште повеке нема да сакаш пак да се врзуваш.барем кај мене така беше затоа е и огромната разлика во години мегу децата.ми требаше време пак да кандисам :lol:
     
    На DVAANGELA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cheryll

    Cheryll Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    35
    Интересна тема :D Јас сум најмала во мојата фамилија и имам две сестри поголеми од мене 8 години и 11 години :lol: знаам дека е голема разликата но тие две се мој благослов, дар од Бога. Исто како да имам уште две мајки. Еее сега дојде малку поинаков дел од животот. На најголемата и дојде време за мажење тамам 29 години, а јас се уште немам завршено средно, тешко ми беше да прифатам дека ќе ја нема повеќе дома. И кога одеше на студии беше тежок период за мене јас мало дете од 4 рто оделение а сестар ми прва на факултет.Уште од мала бев соочена со факултетот и тежината негова :P Тоа е таа голема разлика и е малку чудно кога ќе кажам дека сестра ми е мажена. Исто така се наоѓам во период кога и двете сестрички се вработени па и зетовците па искрено нема од што не сум задоволена, особено материјално и финансиски, а и секогаш се тука за мене како утеха за било што ми треба и да ме насочат затоа што низ сето тоа го поминале.Така да на најмалото можеби ке му биде најубаво, на другите не знам колку. Знам стално сестричките ми велат, како да не те сакаме најмногу кога те знам уште кога беше во мешето на мама,и рачињата уште не ти достигаа до масата и ти менував пелени :wasntme: П.С има една мана од толку грижење и одење позади мојот гз ме имаат направено некако неспособна, неодлучна...
     
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.828
    Допаѓања:
    23.487
    Пол:
    Женски
    Само да си кажам нешто.
    Можеби за родителот е полесно кога децата му се поголема разлика,ама зошто да не се мисли на децата?
    Едното кога ке е бебе,другото ке е дете,ке нема никакво согласување,сосема различни интереси,сосема различни потреби.Кога првото ке биде тинејџерка,другото ке треба да се жени/мажи.И,според мене не е убаво така.Идеална разлика според мене треба да биде 2 години.Тогаш,ке можат заедно да излегуваат во чаршија(кога ке пораснат),кога ке се помали ке играат заедно некои игри...убавина.
    Можеби е до мене,имам некоја си траума што имам 6 години помала сестра.Не дека не ја сакам,но, не ми е мерак.Здравје боже,на моите деца ке им го овозможам животот кој јас сакам да го имам. :)
     
    На sweet-star и WaffleGirl им се допаѓа ова.
  5. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Се согласувам со Srckata28,јас имам сестра постара од мене 2 години и се се согласуваме топ,наспроти другарка ми која е 8-одд и има брат 4-та средно.Они само си кажуваат здраво и чао и толку.Тие немаат што заедничко да зборуваат,тој си има свој проблеми многу поразлични од неа затоа што е поголем од неа 4 години.Сепак секој различно си размислува,јас мислам 2 години или евентуално 3 е најдобра разлика ем заедно ќе си израснат ем ниедно нема да биде осамено.Сега се прашувам колку би сакала да имаше едно бебенце во моето семејство си викам сестра ми да беше помала да имаше 4-5 месеци,но кога подобро ќе подразмислам,мислам дека ми е потребен член во семејството со кој не сме голема разлика :) :emo:

    А и вујко ми да го средам :!: ,да го оженам може ќе има едно бебенце ^_^ :mm: ,жими се ќе го средам ]:)
     
  6. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Јас од сестра ми сум 8 години постара. Некогаш знае да е напорна за играње, но многу си ја сакам и се согласуваме во се и сме многу блиски. :D
    Инаку нема врска старосната разлика при согласувањето, еве јас имам другарка која има брат 1 година постар од неа па воопшто не се согласуваат. Во училиште дури ни здраво не си кажуваат, а за дома воопшто не биле блиски, татко ми и тетка ми пак се 10 години разлика и сепак се блиски. Татко ми и помага како постар брат, тетка ми скоро секој ден е кај нас и не се срами да му каже нешто без разлика за што е. Така да годините немаат врска, некогаш е и до децата. :!:
     
  7. Madilyn

    Madilyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    126
    Се согласувам со Ондула до некаде, ама сепак мислам дека многу повеќе блискост и поврзаност ќе има од 1 до 3 години разлика. Сепак мое мислење :)
     
  8. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Јас сум разлика со брат ми 4 години, а моите деца се три. Инаку многу сум блиска со брат ми, исто и јас мислам дека идеална разлика е 3-4 години од повеќе аспекти.
     
  9. junacinamama

    junacinamama Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    15
    ...според мене разликата во години и не игра некоја посебна улога во тоа дали ке бидат блиски децата или не, туку начинот на чување и растење на децата...2-3 годишна возраст е малку специфична возраст за детето да добие братче или сестриче, најчесто на таа возраст се јавува љубомора и сл.Од друга страна и голема разлика во годините си има свои позитивни и негативни страни...
    јас и сестра ми сме 2 години разлика, кога бевме помали и не бевме така блиски, подоцна со годините и тоа се смени, и сега ја сметам за најдобра пријателка, најблиска личност на планетава и сл.
    од друга страна моите две деца се 10 години разлика....постариот е ептен грижлив кон помалиот,....јас се трудам и на двајцата да им посветам индивидуално доволно внимание...

    нема правила и нема идеална разлика.....
     
  10. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Вака, од гледна точка на децата, околу 2-3 години разлика е најдобра, најблиски се тогаш (знам по себе и други), но од гледна точка на мајчинство и одгледување на тие деца, најмалку 3 години разлика, никако порано, напорно е за мајката, а се скратува и од безбрижноста на постарото дете
     
  11. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Мислам деκа κолκу што е помала ρазлиκата толκу поубаво :). Од 1 до 3 сметам деκа е идеална ρазлиκа. Јас од бρат ми сум постаρа 9 години. Тоа е пρемногу. Само се влече κаκо лепешκа по мене и ми ρасκажува неκои детсκи ρаботи и случκи од шκоло, но многу си го саκам. Без него би била многу осамена аκо и останев единκа на мама :D.
     
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.943
    Јас и брат ми разлика 17 месеци :inlove:
     
  13. SouthParkFan

    SouthParkFan Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    24
    3 години според мене
     
  14. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Околу 3/4 години.
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Би сакала моите деца да се максимум 4 години разлика
     
  16. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    28.519
    Која е идеална разлика помеѓу две деца не знам, но знам дека штом мојата бебушка (9 ипол месеци) започне да спие по цела вечер, без да се буди за цицање, тогаш се ,,фрламе, на работа за второ дете, па кога ќе биде добредојдено ќе е. Со првото тешко забременив, со второто дај Боже да не се измачуваме.
    Дури не спие малата по цела ноќ, ма не доаѓа во обзир второ дете. Нема да се издржува, ем трудна и желна за сон ем мало детенце да те буди на секој изминат час или два.
    Инаку јас и сестра ми сме 1,5 година разлика, заедно израснавме, делевме заедничка соба, имавме заедничи другарки и мноогу сме приврзани една за друга.
     
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.277
    Пол:
    Женски
    Моите деца се 6 год разлика.
    И полесно е.Големата знае да ја причува,ми помага да ја бањаме,ја заигрува.Сама јаде,се облекува,оди во купатило.Малце проблем ни прави љубомората но и тоа ке го надминеме :)
     
    На PUPICA, evangelina.ina, DVAANGELA и 5 други им се допаѓа ова.
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    40.085
    Пол:
    Женски
    Две години според мене е идеално. Не згрешив што се решив за второ толку брзо .
    И двајцата пораснаа. Малото ќе полни 1 , големката 3 годиники.
     
    На DVAANGELA, zuto, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    29.043
    Пол:
    Женски
    Мислам побрзо 2-2.5:)
     
  20. D&&&M

    D&&&M Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Имам голема желба за уште едно дете.имам син и керка разлика од две и пол години сеуште се мали и ми е многу напорно но би направила напор за уште едно.Ајде мамички вие со три деца како се снајдувате и која е според вас најдобрата разлика во години.
     
    На Majakisss и DVAANGELA им се допаѓа ова.