Јас сум 171 cm висока и имам 55 kg,ама пак мислам дека нема врска висината со тежината зошто секој има различна конституција на телото и тоа е попресудно. Килограмите што ги имаш треба добро да ти стојат и да делуваш здраво се друго е џабе
ја сум 1.67 и имам 55 кила , али се согласувам со претхотдното мислење, секој има различна конституција...така да не треба да се толку преоптоваруваме со некоја табела...и идеална тежина
jas sum 170 i 60 kila i ne sum zadovolna so toa kako izgledam skaam da sum poslaba okolu 50 kg zosto imam visok na zadnikot stomakot na racete..mi treba dieta no nikkao da se resam dvapati drzev ovie 3 posledni meseci oslabev po 4 kila i se zabelezuvase no potoa premnogu jadev pa gi kacuvav kilata za 3 dena...:/
Јас мислам дека си супер и не ти треба никаква диета. Па да не сакаш како костур да бидеш? Диета не ти треба само можи малку спорт да практикуваш.
не ама сакам уште малко да ослабнам ...подобро ке се чуствувам тогаш...многу сум искомплексирана но ете...:/
и јас сум висока 170 и сум тешка 56 кг кога сум веќе накај 60 се чувствувам дебело, и затоа практикувам да се држам до овбаа килажа, пијам зелн чај и одам на фитнес 3 пати неделно и супер мие, сега сум 56 кг до 55, 54 може помалку не одма се забележува неубава фигура иако си послаба.. така да не оди помалку од 55
Доброто чувство не секогаш произлегува од убаво и витко тело. Треба да си позитивна е тогаш добро ќе се чувствуваш. Тебе верувај ми, ако се точни бројкиве, не ти треба никва диета
формулата за идеална тежина не значи многу. најважна е контрукцијата на телото и начинот на кој се распоредени килограмите. Јас сум висока 1.69 и сум тешка 55 килограми. Изгледам слабо, за некои и неухрането. Имам другарка иста колку мене, тешка е 56 килограми, а изгледа многу голема во лицето и стомакот, иако нозете и се тенки. Работата е како се распоредени киограмите и каде најмногу си склона на дебелеење. Јас лично, во колковите и затоа правам вежби.
Идеална тежина е многу тешко да се одреди,бидејќи кај сите различно се распоредени килограмите.Може некој да е многу слаб горе,а да има подебели бутови и обратно.Така да според мене нема идеална тежина,има само идеален изглед
Таман си со тежината нема шанси да изгледаш неухрането и слабо. сигурна сум дека си супер.. другаркати можда е покрупна градба..
170 53,5 [62,7] 72,0 Јас моментално сум 65 кг. а сакам да ослабам до 60 кг. , мислам би било идеално.
Зависи од конституцијата на човекот. Јас сум 173 см и велат идеална за мене е околу 60. Бев таму и ко седев мислам дека стомакот ми се виткаше на три спрата, а на сабајле ме мрзеше да се кренам од кревет, бев без никаков елан и енергија. Сега сум 53-54 и носам 38 конфекциски број и ми е баш супер. Полна сум со енергија секој ден.Така да не ви требат некој си табели,сами си знаеме како ни е најубаво.
Јас сум висока 1,65 а сум 52 кг. но не е се во килажата вака можеби слаба изгледам но сепак јас си ги знам деловите од телото што ме нервираат кога ке се погледнам во огледалото....Не е се во бројката на килажата повеке е во тоа како ти си го гледаш телото и како се чувствуваш во него,такво како што ти е.. P.S. Секогаш ке има нешто што ни смета на телото.
Ехх јас сум метар и жилет и желба за раст 161цм и сега со бременоста со околу 60кг. Но килограмите воопшто не ми се приметуваат дека ми се толку, поради тоа што имам големи гради, т.е СДК не изгледам дебело. А пред бременоста си ја одржував тежината околу 55 кг. Најидеална според мене си бев кога имав 50кг, но сите мислеа тогаш дека сум болна од нешто, поради тоа што ми се познаваа коските, а на нив ко да беа закачени туѓи гради (оти ми се големи)
170 53,5 [62,7] 72,0 kolku so gi citav vasive odgovori...site ste si super...samo ja so 1.70 i 76 kila [mod-kirilica:2jodo2a1][/mod-kirilica:2jodo2a1]