Mиличка па шо дека си сега толку?Се е минливо и се е менливо, Ова малце офф топик ама наместо натаженото човече, најди си сила и женски инат и почни да си работиш на тоа па следниот пат до тежината насмеанко човече да видиме.
fala ti macence....jas ke se potrudam ,i valjda ke me bide...moram da simnam,ne ide veke vaka ova tnx [mod-kirilicad7wqylu][/mod-kirilicad7wqylu]
Јас сум висока околу 174-5 и тежам околу 53-4 килограми.Мислам дека идеална тежина би ми била околу 60 килограми,но никако да ја покачам тежината. Многу сум слабичка,но тоа е.
Идеална тежина за мојата висина 173 е 60 кг, до пред една година ја имав и изгледав топ, ама откако почнавме да живееме заедно со дечко ми јас качив 10 кг и никако да ги симнам. Успеав летоска со вежбање само 5кг, ама потоа одма ги вратив и сега сум 72кг. Откако останав трудна, ненормален апетит имам, се плашам да не станам ДЕБЕЛААА!!!
јас сум 169 со 50 килца. Искрено сум слабичка, но не ми пречи и јас сум задоволна со мојот изглед. Најважно од се е да се чувствувате убаво со тежината која ја имате, односно да не ви смета ако имате некое килце плус или минус. И во случаи кога ќе се одлучите да се поправите или ослабнете, нека не биде заради тоа како изгледате пред другите, туку заради тоа што вие сметате дека на вашиот организам не му одговара таа тежина.
171 54,1 [63,5] 72,8 хмм идеално 63, 5 точно ...62 имав до пред 1 година...сега 70 Ч( и никако да мрднам надоле
АКо е некој заинтересиран да дознае со сигурност која е неговата иделана тежина, можете да ми пишете јас можам да ви направам една анализа на тело и да ви ја одредам со помош на специјанем апарат и иделната тежина и мастите во телото. Инаку јас сум висока 1 74 и имам 60кг ама имав многу голем процент на масти, поради тоа многу ми се познаваа оние познати "спојлери" кои сега за среќа веќе ги нема
За мене е идеална. Висока 158 см. тешка 47 кг. Не ми се познаваат коските , имам малку меше и многу газе. Супер!
Мислам дека знам за каков апарат станува збор а и кој производ потоа го нудите. Тие апарати не се меродавни и не покажуваат вистински процент на масти. Не викам дека нема во Скопје таква апаратура, меѓутоа тие wellnesscentri кои што сега ги има буквално во секоја населба не ја поседуваат таа опрема туку имаат само еден Fat loss monitor. И тоа што сега секој си зима за право да одредува "body mass index" i “body fat percentage” а пота нуди свој производ и дава режим на исхрана (кој се сведува на конзумирање исклучиво шејк) без претходно да биде запознат со здраствената состојба на тоа лице а воедно и крвна слика, седиментација, хормонски баланс...е мноху, многу многу погрешно и непрофесионално. Ахх и да кај нас обично тие "wellness coach" се од различни професии а не се лица од областа на медицината, нутриционизмот какви што и по некој стандарди треба да бидат. п.с. извини несакав да те навредам со последниот пасос само го кажав своето мислење и искуство
Некаде сум помеѓу овие две, а можда сега и 165 се немам мерено , значи дека тамам ми е килажата, според 163 имам помалку од просекот некаде + 4/5 од минимумот , што значи и на двеве висини ми одговара тежината. (Вежбам, ко имав околку 56/57 килажата не ми беше насекаде рамномерно распространета, најкритични делови ми беа стомакот и горните бутови, ама со константо вежбање со цел да ги зацврстам и ослабам тие делови сега на 54/55 кила килажата на секаде ми е рамномерно распространета иако уште треба да вежбам за да ги дозацврстам моиве секси бутчиња упс,
Јас сум тамам. 166 сум висока, и варирам секогаш околу 55 килограми. Мада сакам да стопам некое килце додека дојде лето...
Јас сум 158 што значи треба да имам 48 кила?? Епа..Уште 10 килца треба да се здебелам Епа тешко е неможам
За женско идеална тежина е кога од висината одземаш 110 пример 160цм -110-добивате 50кг,јас барем така знам
Јас сум скептик за оваа “идеална тежина“ Висока сум 180, а имам 60 кг и изгледам таман. Со 70 кг на мене, јас ќе изгледам како мече
Висока сум 182,а тешка 67.. идеална тежина што ми била досега е 65, така да ќе се потрудам месецов да ја достигнам
(izvinete sto pisuvam na latinica ama na ovoj laptop ne mozam da se snajdam) Inaku imam 45 kila a visoka 164 i sakam da oslabam :\