Идеално време за бебе?

Дискусија во 'Бременост' започната од fashion.owl, 6 октомври 2013.

  1. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Кога е идеалното време за бебе?
    Кога сметате дека НЕ е време за бебе?

    Споделето го вашето мислење за премлади и престари мајки.
    Образложете ја причината.

    Напишете од-до да, од-до не и зошто.

    Ако веќе сте родиле, кажете зошто сте се одлучиле баш тогаш или ако била непланирана бременост размислете дали би го вратиле времето и би почекале неколку години? или можеби би родиле порано?
    Компликации? Предрасуди? Како да соопштите на најблиските? Што понатаму? ...

    Поздрав до сите. :)

    Ако сметате дека темава е несоодветна - слободно канта.
     
  2. minne92

    minne92 Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    7
    Imam edna drugarka mazena e ,,,pocetokot ne sakase dve god da ima deca se cuvaja koj znae mozebi i apcinja koristese za zastita,,no koga veke resija da imaat bebe taa uste dve god ne mozese da ima! Zosto? zatoa sto se cuvase ilo zatoa sto gospod ne im dade ? bebeto ne se pravi bebeto gospod go dava toj koga saka i na koj saka. Nekoi parovi so godini se macat i ne mpzat da imaat ,,a nekoj pak na greska im se faka ,,, zborot mi bese nema idealno vreme za bebe , nekogas bebeto doajga koga najmalku ocekuvame i menuva mnogu planovi i raboti ,,a nekogas pak tplku go posakuvame a go nemame,,,spored mene nema idealno vreme za bebe,,posebno ako e prvace ne sum za tie sto se cuvaat se moze i so bebe i so raboti i toa ke si pororasne ,,,nekogaa cel den rabotele po bavci i rajgale po 6-7 deca pa uspevale da gi porasnat,,no sepak sekoj za sebe si znae :)
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Сакав да прашам кога сметате дека една жена е подготвена да има бебе?

    Кога е помлада, на пример околу 12-16, 19-23, 23-27 години, 27-31, 33-38 или можеби од 40 до 50 години. И зошто ?

    Еве јас на пример, лично би сакала да родам на 19-23 години, затоа што сметам дека ќе имам подобра комуникација со детето, ќе можам да му пружам повеќе разбирање, а и од секогаш сум сакала да бидам млада мајка. Исто така, сметам дека додека е најмладо бара најголема грижа, време и нега и мислам дека тоа е вистинскиот период. А и ќе имам време понатаму во животот за кариера. Кога детето ќе тргне на школо, јас ќе можам да одам на работа и некако ми има логика. За среќа, имам услови и се надевам дека ќе ми се исполни оваа желба.

    Убаво би било да го образложите одговорот. :)
     
  4. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.562
    Од 23-27 да созрееш малку ,да прошеташ, цел живот ќе бидеш мајка и жена,девојка не ( тоа е краток период од животот користи го максимум)
    Јас сум млада мајка :) и среќна сум мнооогу ова е најубавото нешто во животот, да створиш живот
    Но сватив: кога излегувам, купувам тоа го правам за тројца,не го правам кога јас сакам туку кога ќе можам и најтешкото спиењето....не спијам до кога јас сакам а неможам да заспијам кога тие заспиваат
    И запомни мажот во 80% од случаевите спие ,јаде,пие,шета и додека го прави тоа мисли само на СЕБЕ
     
    На Lolo5, K.Karanfillova, Azzra и 2 други им се допаѓа ова.
  5. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    113
    според мене право време за бебе е кога ќе го најдеш правиот тато :D
    од мој личен пример можам да кажам дека откако го најдов маж ми и убаво го запознав чуството да имам дете со тој човек веднаш ми се појави а претходно никогаш и не сум мислела на таа тема од причина што трчав по факултетите се едуцирав шетав и многу патував, кога го поминав цел тој период и одкако ја осетив таа некоја сигурност во него желбата си излезе на површина
    мојата временска граница се движи во подоцнежните години од причина што пред да дојде бебето мора да ја има основата и поткрепата како во финансиска така и во морална поддршка. исто така битно е жената да биде психички спремна и со идниот тато навистина и двајцата да го сакаат истото, т.е. да се на иста бранова должина :)
    ако на едниот му се шета по кафичи што е нормално за 20 годишен дечко а на мама и се чува бебе е тогаш веднаш имаш проблем :!:
    мојата граница еве нека биде од 25,26 до кај 35
    знам дека е понапорно да се расте дете во поднежните години (од физички аспект)но мислам дека зрелоста на тие години поготово кај мајката си дава некако поинакво чувство :)
     
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.457
    Глупости е ова од-до. Се работи за кој кога е спремен. Јас скоро 26 год имам и тек сега почнав да осеќам желба да имам свое дете. Не дека не сакам деца, но претходно едноставно сум немала ни со кој да го сакам тоа. Со бившиот сопруг иако викав сакам, ми беше страв искрено. Не бев сигурна во него. А ова од-до е најсмешна работа што сум ја чула. Ј*би га, некад ке се испушти ке се лизне, сваќам, ама ако намерно правам дете, прво ќе гледам сепак да сум независна у одредени погледи и полиња па тогаш ќе почнам да мислам на тоа. Ете, јас сега сум независна, но партнерот сеуште не ми е вработен (апсолвент е и работи чат-пат колку да врти кеш ), и јас сепак би почекала за тој да застане на стабилни нозе, бидејќи детето сепак си бара многу повеќе од само љубов. Тоа е разумно ако гледаме, ако не гледам од тој аспект-зашто би чекала уште!?
     
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.023
    Кога ќе те испуштат од болница и ќе дојдеш дома со бебето, е ТОГАШ СИ СПРЕМНА ЗА БЕБЕ(т.е. мора да бидеш :) ), до тогаш се е ветер и магла.
    Е така и јас кога го запознав дечко ми, доста повозрасен од мене, осеќав сигурност, па на моменти и желба за бебе(на 25год). И така едно утро од никаде ми се појавија || , кои пусто значеле бебе. И од желба за бебе на МОМЕНТИ, сега јас имав бебе за цел живот, па да видиш одма како си неспремен и незнаеш што да направиш.
    Познавам и жени(сега веќе мајки) кои чекале брак па останале бремени,други со години се обидувале да имаат деца па кога останале се збуниле и цело време се прашувале дали е сега вистинскиот момент...
    Тоа е нешто што прави целосен пресврт на животот, ни еден дел не е ист веќе, за спиењето воопшто нема да коментирам, обврски милион, ден од 24ч не стасува никако, а не пак да ти е досадно.
    Но, да се разбереме, колку и да не сме спремни, колку и да го одложуваме тој дел, нема ништо поубаво на светот.
    Еве денес моето цуце го слави првиот роденден, иако понекогаш ми фали што неможам да излезам да прошетам на раат, ми фали да поспијам како човек без да се будам, сепак неможам да замислам сега да не е ми е дома, да не е до мене, да ја изгњавам, искарам, бацувам.... а оваа една година помина како на шала, не ја сетив (дури ми е криво што вака брзо ми порасна бебето :$ , малку ми е времето за да уживам во неа, иако по цел ден сме заедно ) :inlove:
     
    На Snow-Queen, Nati.P, koritsaki и 6 други им се допаѓа ова.
  8. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    458
    Јас секогаш викав абе само за спиењето ми е,ако не сум наспана ко на две леви нозе да сум станата. :D
    Ама сите ми викаат дека се навикнуваш на тоа, и се исплати
    (може малава уште од сега ме спрема па во 6 се будам напсана спремна за се :lol: )
    Иначе и јас не би одела на варијатната од-до. Ќе си знаеш кога си спремна.
    Јас со години бев спремна па баш кога почнав да размислувам на тоа колку животот ќе ми се смени,
    а ние навикнати да се грижиме само за себе и толку, па и тоа колку ми е убав животот сега,си викам може и подобро да немаме деца.
    Ама како што кажаа погоре, кога Гсопод мисли дека треба,тогаш дава па еве ме, ги бројам деновите додека се породам. :lol: (иако планирано ни беше бебето, мислев дека ќе имам барем некој месец ментално да се спремам, ама само што се омажив, оп од одма се фати :lol: )
    И сега се спремам, замислувам како ќе ми биде денот,како ова-она, и свесна сум дека ќе биде напорно ама стравот не се ништо во споредба со возбудата и радоста што ги чувствувам.
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.