1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеи за доквалификации...

Дискусија во 'Образование' започната од Tanjamm, 7 ноември 2012.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Се мислев добро е да се зварши некој курс плус за доквалификација, бидејќи некогаш од занает повеќе пари ќе извадите. Гледав што нудат во Кочо Рацин, па дајте некој предлог како човек да го збогати своето знаење и да се оспособи за уште едно занимање.
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    дајте идеи за доквалификации...

    Ова со доквалификациите е тешко шит, уствари тоа ти е преквалификување, идеја на владата нели, ако не можеме сите да најдеме работа да се преквалификуваме, ако имаме дипломи, да работиме како келнери, градежни работници, столари (без навреда за професиите, зашто со овој памет се каам што не си учев за фризерка, ем немаше да учам уште 5 години, ем полн ќе ми беше џебот и немаше да трпам надредени, претпоставени, ќе си работев за себе). Ама откако си завршил факултет, некој да ти рече, за тебе нема работа со твој факултет/образование, ти мора да се до/пре квалификуваш, е тогаш би го лежела у затвор.

    За доквалификување можам да прифатам само ако имам желба нешто плус да завршам, или кога самата сакам да се реориенирам кон нешто што ме исполнува, на пример кога би имала пари би одела на некој курс за програмирање, за сметководство, би полагала испит за декларант, за застапник во царински постапки, веб дизајн, би научила да шијам(бидејќи имам стара машина дома),би учела некоја сликарска уметност, јазик.... Има многу работи, само треба човек најпрво да има пари, па потоа време и желба, зашто џабе ти е желбата и времето, ако немаш пари, парите го вртат светот.
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    дајте идеи за доквалификации...

    Пред 2-3 год јас се запишав на курс за сметководство ама работа пак не најдов.На интервју или бараат диплома или искуство се сам да и работиш, а јас такво искуство и сигурност немам и несакам да ги лажам да да се знам се можам и нон-стоп по ријатели да вртам и да ги прашувам ова кај да го ставам на ова што да му правам.Пробувам по сметководствениве бироа кај ке наидам да прашам за волонтирање колку да не заборавам што сум учела ама и тоа џабе.Се ми кажуваат или немаат место, празен компјутер, немаат време и сл.А не им барам никакви пари ни за превз ни за храна!
    Сега со овие лиценците ич нема да најдам работа.Сега одма прашуваат лиценца дали имаш.

    Братучедка моја заврши курс за фризерки во Работнички зашто и требаа бодови за емигрантска виза за Австралија.Во меѓувреме сакаше и пракса малце да стекне и одеше по фризерници да се нуди за практикант.Во некои ја одбиваа демек практиканти можело да бидат само од школо Димитар Влахов со препорака од школото зради инспекции а некаде ја примаа за месец-два ама од миење коси , метење и одење по бурек не стаса до ножици во рака.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    дајте идеи за доквалификации...

    Јазик не ми треба бидејќи на 3 комуницирам, и нема многу фајде, никој не цени дали знаеш или не, освен еднаш во год кога ќе треба да комуницирам со старнец. Сега работам интелектуална работа, ама во поголем град. Во мало место од мојава работа леб нема. Затоа ми текна одамна за сметководство, ама ми кажаа луѓе кои работеа како сметководители дека работа за таа струка нема, дека те тераат да правиш криминал , на се и сешто потпис ставаш, а платите околу 10.000 за помали места,не зборам за ск. Е за фризерка се замислив, барем за себе диплома да имам, никогаш не се знае. Мене сосе курсот и патот ќе ме чини 500 евра,ама да можеби и ќе отидам, ако со време се вклопувам. Леле се мислам што ако се омажам во мало место, некое мало гратче џабе ми диплома и јазици, искуство кога работа нема. За таму дипломи, курсеви многу не вредат, паника ме фаќа.
     
  5. devojka.86

    devojka.86 Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Ve molam dali ima nekoj sto ima zemeno kurs za kozmeticar so diploma od Rabotnicki , ve molam kolku ve cinese cenata na kursot ??? :?:
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Кој има искуство нека каже, колку чини и може ли да се научи доволно за да ви биде тоа професија на некој начин.