Идеи за економскиот развој на Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Acisal, 3 декември 2014.

  1. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Makedonija belezi pizitivni stapki na rast na bruto domasniot proizvod, sto e za pofalba.

    Megjuota seuste sme daleku od razvojnoto nivo na ponaprednite zemji.

    Sto smetate deka treba da se napravi za ekonomskiot rast na Makedonija da bide pogolem?
     
  2. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    384
    Што треба да се направи за да Македонија има поголем раст? Хм, првин не треба сите да се бутаат во Скопје да живеат, треба пополека девојките наместо да се фукаат по градски БМВ-а и станови да размислуваат живот на село, занимавање со земјоделие наместо сите да се буткаат да работат во државна администрација како старлети.

    Како прво, треба сите да почнеме да јадеме и користиме исклучиво македонска храна со што би се зголемило производството што сигурно ќе доведе до нови вработувања, отворање нови погони. Треба земјоделието да ни биде приоритет, затоа што сме земјоделско-сточарска држава. Во други области тешко дека можеме да конкурираме.

    И, наместо народот цел ден да се излежава по дома и да наоѓа маани на се нека почне да работи, да биде вреден, послушен, чесен( премногу сонувам очигледно).
     
    Последна измена: 4 декември 2014
    На Ariel и Acisal им се допаѓа ова.
  3. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Машки
    Тоа се само изманипулирани мртви бројки на хартија, економскиот раст постои само во криминалните умови на политичарите и нивните медиумски кучки. Во реалноста тоа не значи апсолутно ништо.
    Огромните кредити кои ги земаат и со кои градат кич во Скопје и за плаќање на бирократијата е еден начин за наголемување на БДП како што истовремено е и начин за да се награбат многу пари и да се изнесат по офшор дестинации.

    Раст на БДП може да се оствари и со копање на огромна дупка за која ќе бидат ангажирани 10.000 копачи. Следната година истите копачи може одново да ја закопаат дупката со што ќе се генерира економски раст. И така од година во година.
    Но на крај ќе остане само дупка која не генерира ништо а за која се потрошиле огромни средства кои можеле да се искористат продуктивно.
     
    На Acisal и SwanMay им се допаѓа ова.
  4. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Ova so dupkata sto go kaza e stravotno. Uf uplasena sum deka toa e realnosta.

    Sepak nadez mi davaat novite fabriki sto se izgradija. Mozebite tie ke bidat fundamentite na brziot ravoj vo idinina. Sto mislis ti za toa?
    Zemjodelieto e edna od grankite koe moze da digne naseto stopanstvo. Se slozuvam so tebe absolutno.

    Drugi idei za ekonomski razvoj?
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Џабе ти даваат надеж ,,новите фабрики,, затоа што тие се ослободени 10 год да не плаќаат никакви даноци, ниту ДДВ, ни персонален ни придонеси. Нето плати што се пуштаат на работниците се пуштаат од некои си оф шор фирми тако звано перење пари а придонесите ги плаќа државата. Значи државата нема никаква корис и нема да бидат никакви фундаменти за брз развој.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Uf :( se poveke se razocaruvam koga ke razberam vakvi raboti. Ne znaev deka i od toa sme zijan. Mislev barem toa e dobro vo nasata ekonomija. Pa dobro sto da pravime Slavica, kakvo care da barame kako zemja, ima li nesto dobro vo nasata ekonomija, nesto sto ke me oraspolozi malku.
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150

    Ме насмеја бре, навистина. Што се секираш па ти, си има таму некој што си седи на фотеља и зема пари само за тоа што седи и баш го заболе за народот.
    Како велат, нада последна умира :)
     
    На Acisal му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Dobro Slavica. Ti mi davas uteha. Fala ti vo sekoj slucaj za vnimanieto.
    Me maci Caci, se nadevam vo red e da te vikam Caci, ako ne ti se dopaga ke te vikam Slavica. Znaci me maci Caci, si mislam na decinjata moi kakva idnina ke imaat tuka. Porano podolgo vreme ziveev vo stranstvo vo dijasporata i mnogu e ubavo vo stranstvo, no tuka nekako poleka odat rabotite.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Ако било убаво во дијаспората зошто сте се вратиле?
    Претпоставувам дека ти се мали децата, така да додека да пораснат можеби нешто ќе се смени а и тие самите ќе си го најдат патот
     
  10. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Epa mazot mi bese od tuka od Makedonija, tuka se mazev. Pa i jas se nadevam nesto da se smeni, no mislev pobrzo ke se razvivaat rabotite, vo dijasporata koga ziveev se sekavam deka ima imase brz ekonomski razvoj, no sega nekako ovde bavno mi izgleda.
     
  11. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Машки
    Здраво,

    Дојдов на темава да посеам знаење, да објаснам како да се среди државата а воедно и да кажам кој е во право со мислењето, и кој не е :D

    Одамна неам видено по -погрешно размислување, без никаква основа на екомоска теорија, споредба со развиени држави. Целиот пост можам да го окарактеризирам како емоционално празнење на човек што гледа премногу ТВ.

    Земјоделие и сточарство се примарни економски гранки и тие имаат најмала стапка на профитаблност од сите дејност. Држава така не ќе се развива. Примарни економски гранки се користат за стабилизирање на еконимијата и за формирање само-одржливост, а не за раст како за земја од прв свет.

    Купување мк производи и такви идеи се крајно леви и анти-капиталистички. Ако купуваш намерно мк произвоиди, кои понекад би биле инфериорни во однос на нивните странски конкнуренти, тогаш стимулираш не-ефикасна економија, и се што ќе направиш е македонските фирми да преживеат, да вработуваат 10ина луѓе колку да се каже и толку. Нема да станат извозно ориентирани и успешни бидејќи нема да имаат мотив.

    Треба многу фирми да ги снема, да банкротираат, и парите да дојдат на право место - во фирми што можат да ги победат своите странски конкуренти и да ги купуваш заради материјална желба а на патриотска.

    Некој фирми ќе победат во однос на цена и ќе станат поевтини отколку што се (си приметил кај нас колку е скапа храната?) а други по основа на квалитет.

    Како и секогаш, точно мислење од Night Rider. Еден од ретките рационални постери тука.

    Исто грешно мислење како Петре П.

    Уште едно точно мислење.

    ---------------------------

    Е сега еве ги моите идеи за развој на државата. ВМРО и СДСМ слободно можете да ги копирате, иако има само едно предупредување - вистинско копирање на овие идеи ќе повлече многу денешни партии да ги снема или да немаат опција да добијат избори бидејки од корен мењава многу работи кои што ја движат денешната држава.

    Одамна знам дека вистинска економија во МК не е можно бидејки Вистинска Економија = Анти ВМРО/СДСМ. Кога ќе ги снема тие партии, и кога ќе дојдат луѓе што нема да се фокусираат на економски сталежи, тогаш ќе знаете дека живеете во држава. Кога армијата ќе биде поголема од полицијата и независна (а не како сега), тогаш си во држава.

    - Под хитно промена на името, придружување на ембарго кон Русија и влез во ЕУ и Нато
    - Намалување на незавиноста на владата и собранието, на сметка на поголемо влијание од Германија и Америка. Докажано е дека балканци се хемиски неспособни да водат држава, така да подобро е тоа да се outsorce-ува на шваби
    - Автоматско наплакање персонален данок. УЈП треба добива податоци од банките и на сметка на приливи да добиеш годишна сметка за плакање.
    - Преќинување на таксени марки и слични неефикасни даноци и трошоци. Нека се зголеми ДДВ на 20-23%, а на сметка на тоа сите државни документи, бирократија и нотари нека станат бесплати. Пасоши, лични карти, таксени марки, се тоа треба да е беспари и да се подразбира дека му следуваат на секој граѓанин. Онака, хеј брат, ти истече личната карта? Новата ти е бесплатно во сандаче. Мора да се фокусира државата на тоа да им ослободи време на луѓето.
    - Смирувње на односите и почит кон сите соседи. Почитувај ги политички, ама нека се плашат од твојата армија и економска сила - тоа е ДРЖАВА
    - Неможе да имаш ефикасна економија додека сите трчаат по бирократија, нотари и шалтери!!
    - Истите услови што важат за странски фирми за стимулирање инвестиции, да важат и за мк фирми.
    - Да се стимулираат сервисни и технички фирми, а не земјоделски и индустриски. Биди во тек со времето, не биди морон.
    - 2 Технички фирми можат за направат ПРОФИТ колку 10 фабрики. Памти, зборам за ПРОФИТ, не ПРИХОД.
    - Да се стимулира извоз на МК фирми со МК сопствесност, а не на странски фирми. Најголеми извозници се онлајн фирми, а тие се најмалку застапени со мерки за стимулација. Т.е., ич не се.
    - Да се либерализираат банките и сите финанскиски услуги, на ниво поголемо од Швајцарија, Монако, итн. Тоа се лесни пари, земи им ги. Полицијата и владата не смее да има влијание ниту надзор врз работењето на приватни финансиски институции. Ова ќе формира по силни банки, кои што во иднина ќе можат подобро да го контролираат работењето на владата, што заедно со влијанието и контролата од ЕУ ќе допринесе да балканските емоции помалце влијаат врз економијата.
    - Прекини да помагаш на комшии и роднини. Помагај на тие што знаат, не на тие што ти носат убави емоции
    - Да се избркаат околу 1/3 до 1/2 од сите државно вработени, особено тие што се партиски членови. Владата треба да има страв од губење на избори, само така ќе станат ефикасни во работата.
    - Јавен документ каде што точно пишува кој во која партија е член и од кого/до кога.
    - Секој што има кола од над 15.000 евра или стан од 120.000 евра да донесе документ за потекло на парите. Ако документот не покажува сопствесност на парите од приватна фирма и извоз (или од наследство од пред 50+ години), да се одземе сопственоста и да се продаде. Со парите нека се отварат нови компании кои што после ќе се приватизираат на јавна лицитација. Во јавната лицатација смеат да учестуваат само луѓе со докажано потеко на чисти пари (во главно од извоз).
    - Комплетен надзор врз полицијата. Секое јавување и интервенција да биде јавна и пријавена. Секоја неинтервенција да биде пријавена.
    - Да се стимулираат штрајкови и демократија. Ако си активен по невладини, по штрајкови, да добиеш некој вид на финанскико надокнадување.
    - Преќинување на казните за пешаци и возила за секоја ситница, апла се гледа дека е манипулативна мерка за ширење страв и е анти-економска. Казни = Контрола = Лоша економија
    - Враќање на факултетите како што беа - поевтини, и независни. Високо образование за сите.

    Со овие мерки повеќе од пола луѓе во државата би станале посиромави, повеќе партии би ги снемало, ама затоа на долг рок (10-20+ години) ќе може конечно да се има стабилен раст и економија што е на нива на првиот свет. И парите ќе бидат кај праведните луѓе, а слободата гарантирана за сите.

    Очекувам мн серење на постов :D :D :D
     
    Последна измена: 4 декември 2014
    На eliesaab, XstrongerX, Acisal и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    59.702
    За почеток не би било лошо да се занимаваме со попрофитабилни дејности, да бидеме поефикасни во работата и да ја извршуваме поквалитетно. И не мислам на ефикасност само на државната администрација - истото важи и за повеќето компании.
     
    На Acisal му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Wow Igrata. Pozitivno me iznenadi. Sekoja cest. Mora da si golem ekspert. Voedno ti blagodaram za posvetenoto vnimanie za odgovorot.

    Bi sakala da te prasam za online firmite, smetas deka se najgolemi izvoznici. Ke te zamolam za primer za da bidam sigurna na sto mislis.

    Druga rabota sto velis e periodot od 10 20 godini. No pretpostavuvam si cul Kejnz rekol na dolg rok site sme mrtvi. Dali bi mozel da preporacas nesto sto ke go krene ekonomskiot rast na pokratok rok. Mene iskreno mi se brza. Nemozam da cekam tolku.

    Pretpostavuvam bi preporacal nekoja politika na stranata na ponudata za da ne predizvikame inflacija so ostri politiki na stranata na agregatnata pobaruvacka.

    Te molam za tvoeto ceneto mislenje.

    Mi se svigase i taa metaforata so "dupkata" sto ja spomna tvojot prijatel.
     
  14. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Sekako, razvojot na ekonomijata bi trebalo da se temeli na privatniot sektor. No zbunuvacko e sto nema razvoj na priavtniot sektor.

    Ako gi zememe okolnite zemji, site imaat golemi internacionalni kompanii sto se prisutni na regionalnite i globalnite pazari. Na primer Podravka vo Хрватска, Меркатор, итн. Но, нашите компании не излегуваат многу надвор, се држат во рамки на домашниот пазар и не се развиваат.
     
  15. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Сега гледав вести. Извозот од Македонија пораснал за 19 проценти. Тоа е речиси една петина поголем извоз во однос на истиот период лани. Мислам дека е добар импулс за пропулзивен раст.
     
  16. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Машки
    Не викам дека се во бруто смисла најголеми извозници, туку дека имаат најголема стапка на профитаблност по потрешени пари и време. Сите странски економсии се потпираат на сервисни и технички фирми, а не на фабрики. Дали знаеш дека Apple мање више нема никаква фабрика?? И е најголемата компанија по вредност во светот. Тоа е моќ што земјоделие или индустрија НЕ ти ја носи. Секој што ќе ти каже другачија ти пере мозок за да држи доле.

    Ebay или PayPal или OVH заработуваат миљарди годишно со минимални трошоци - тоа се високо профитаблни компании.

    Дали сваќаш дека ако се деси да има 3 такви средно успешни Македонски компании, тие би влечеле преку 500 милиони евра ПРОФИТ годишно, и тоа се во домашна сопственост, без трошоци за увоз на материјали. Тоа е револуција во економијата, а не мерките сега што ги прават.

    И сум прилично сигурен дека сите одговорни луѓе си го знаат тоа, само што не им одговара.

    Тоа е проблемот кога имаш корупција на највисоко ниво - приватни фирми и индивидуи не смеат да станат помоќни и повлијателни од оние што веќе ги имаат парите и моќта - бидејки ако тоа се деси они си ги губат фотељите. Ова тука што ти го пишувам не е ракетна наука. Не се заебавај дека не знаат. Ако било кој на власт сакал, може да направи просечна плата да е 1000 евра за 5 години максимум, ти гарантирам, ама нема да се деси.

    Сите скоро, Грција, Чешка, Словачка, Словенија, Полска, Хрватска, Литванија, Летонија, Естонија и други беа како нас до пред 10-15 години, ама види ги сега каде се. Било која држава може така да живее, но само ако владата дозволи и сака. Тука нејќе.

    Ако имаш богати, успешни, образовани луѓе со развиен карактер, нема да можеш да ги манипулираш со национализам, религија, ширење омраза, евтини вредности, итн. Дури и туристите што ги носат низ Скопје се фејк, поминуваат по 12 саати тука, и си идат. На секој му е јасно дека туризам за нас не е јака страна. Ама битно е да се дешава нешо за да личи дека има раст, додека всушност има многу благ раст или по некад и стагнација.

    Извозот во главно расте од новите странски инвеститори што ги донесоа по економските зони (Бунарџик и како и да се викаат другите). Проблемот е двостран зошто тоа нема да донесе некое поголемо подобрување во економијата:

    - Скоро сите тие фабрики, вклучувајки ја и најголемата (незнам дали беше Џонсон Мети или Џонсон Контрол), прават и огромен увоз во исто време, бидејки фабриките што ги отвараат кај нас се повеќе раболници отколку фабрики. Најголемиот извоник меѓу нив, имаше околу 620 милиони евра извов, ама и околу 580 милиони евра увоз. Вкупен ќар 40 милиони евра, што не е баш сума за фалење. Кога ќе израчунаш и дека данок не плаќаат и дека владата ги субвеницра, можно е да дојде и на нула.

    - Сите тие фабрики што го прават новиот увоз се во странска сопственост и парите пак си ги селат дома, како што си е редот, и заради тоа странските земји се богати. Сите тие џиновски 40 милиони евра ќар. Држава прави ќар кога таа прави странски инвестиции, а не да примаш странски инвестиции. Странците не се луди да доаѓаат тука да фрлаат пари.
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    20.927
    Допаѓања:
    101.446
    A што сте се фатиле сите вие дека не плаќаат даноци странските инвеститори??? Едно е што се пропагира, а сосема друго како е реалноста. Прочитај го законот за зони во најмала рака, па подле збори.. се се збори на база рекла казала од вести.
    Едит. Најголем извозник е џонсон мети. Контролс се вика вистеон
     
  18. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Povtorno kvaliteten odgovor od @Igrata
    Postavuvas visoki standardi. Bas mi se dopaga toa. Retko moze da se vidat vaka argumentirani odgovri.

    Inaku eve gledam sega profitna marza na Apple e okolu 20% http://ycharts.com/companies/AAPL/profit_margin, a na Ebay okolu 15%. Na Apple a prilicno visoka, zamisli skoro edna petina od prodazbata im ostanuva vo dzeb Znaci nie potrosuvacite plakame za nivnite proizvodi telefonite i drugite tehnologii sto gi prodavaat edna petina nad nivoto koe im e potrebno da bidat na nularica. Bogami stom uspevaat taka da ni pravat, jaka kompanija nema sto. No se somnevam deka nie moze da napravime takvi firmi, nekako nasive IT kompanii se fatile so tie aplikacii za mobilni i samo za toa pa toa programiraat, a tamu odvaj se pravat pari, ima tolku mnogu mali firmi vo toj segment, i nekoi odvaj prezivuvaat, a ne pa da imaat margina od nad 20% ili poveke procenti.

    Ebay ne e bas tolku profitabilen sega, mada vo 2012 imaat dostignato 58% profitna marza, no toa sigurno e rezultat na vonredni nastani, nikoj ne moze da ima stapka od 60% na dolg rok.

    Znaci fakticki smetas deka nie bi imale dvocifren ekonomski rast ako postoi politicka volja na visoko nivo da se smenat rabotite. A ova so izvozot i ne e tolku jaka stvar, posto neto efektot e skoro nularica kako sto te razbrav zaradi uvozot.

    Inaku jas bas sum se prasuvala zosto nemame golemi firmi kako sto rece ti koi ke odat nadvor i ke investiraat, i vaka sega ti davas interesno glediste na rabotite. No zar navistina mislis deka tolku mnogu im smeta na golemite pozadinski igraci da nemame nasi jaki firmi, zar tolku se mokni da sprecat prodor na kvalitetni firmi od kaj nas.
     
  19. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Епа да, во име на објективноста, ако ништо друго странските инвеститори вработуваат наши луѓе кои инаку би останале невработени. Инаку незнам баш како иде тоа со даноците, и баш ме чуди што некои луѓе рекоа дека платите се плаќаат преку офф шор фирми. Незнам зошто би имале потреба за таков начин на плаќање. Но незнам можеби и така прават.

    Сепак за двоцифрен раст мислам дека треба и сами да преземеме иницијатива, не само од странците да чекаме.
     
  20. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Машки
    Само уште едно објаснување за профитната маржа и ќе ти биде појасно.

    На 20% или слично е дека така им одговара и на ивнеститорите - за ниедна јавна компанија не е добра да личи дека нема обрт на средствата, ваљда си читала дека идеално за сите компании што котираат на берза е да го држат профитот што е можно поблиску до нула, иначе се рачуна дека не инвестираат доволно во својот раст. Овие компании во голема мера сами си го зголемуваат трошокот со големи трошоци за маркетинг и за R&D (research & development) на глобална скала. Ако сакаат да си го намалат растот за некој процент, можат слободна да дојдат до 40-50%. И тоа Apple сепак имаат и некое физичко пристуство, замисли колкав ќар имаат тие бизниси што се 100% приватни и без никакво физичко присуство. Такви компании има иљадници. + Не заборавај и финансиски институции се рачунаат за сервисна индустрија, и тие си влечат сосем друг ќар во економијата.

    Провери колкава заштеда има Apple во банка. Тоа е од неколку години кога не го допотрошиле ќарот :D Hint, 160 МИЉАРДИ, односно колку 53 буџети на МК. А Apple не е фирма што бара голема држава за да постои, ми ја сваќаш поентата. Не е дека ние не можеме да имаме големи компании, глеј го Израел, не е многу поголем, па пак лом прават во сервисната индустрија.

    Еве уште еден аргумент зошо нема да имаме развиена еконимија.

    [​IMG]

    Ова е графа од Википедија, каде што објаснува дека има директна корелација помеѓу стапка на религиозност на народ, и ниво на сиромаштија. Еве го целиот текст ако те интересира, http://en.wikipedia.org/wiki/Wealth_and_religion.

    Не може некој да ми каже дека влада може да стимулира религиозност, градење цркви, и во исто време да има добро намери. Немааааа добри намери. И затоа нема никад да имаме извозни фирми, нема да имаме МК странски инвестиции, силни финансики институции, либерални закони и се останато.

    Исто така најголем увозник е џонсон мети.

    Епа штом плаќаат некој даноци и редовна плата, ондак се е супер и мислам дека не е возможно владата да изготви подобар економски план /sarcasm
     
    На eliesaab и Acisal им се допаѓа ова.