Здраво Планирам отварање на агенција за недвижности и сите идеи за име на фирмата веќе се земени,би сакала да ми помогнете да најдам име кое би било лесно за памтење,звучно и не е искористено. Ви благодарам однапред
Јас би ставил некој латински назив на пример како Domus(ќука)Palatium,Cosmic,Аирес итн. или пак нешто италијанско како Dia Corsa,Rotale итн.Отвори си некој латински речник и одбери си име.Има стварно убави и несекојдневни и ретко користени зборови,барем кај нас.
Ти благодарам на идеата мегутоа Domus веќе има ќе го послушам советот твој ке проверам и некое друго латинско име. Ајде дечки Помош !!!!
Гледај да е нешто лесно за памтење, и не многу комплицирано и долго, за да не го грешат при спелување. Одбери едес збор поврзан со дејноста на фирмата, па разгледувај негови синоними.
"Темел" "Квадрат" или на латински "Fundamentum" "Quadratum"... овие имиња мислам дека не се употребени а така некако ми се поврзани со Агенција за недвижности. Хм..
Најчесто, професионалните совети за избор на име се некое кое е во склоп со дејноста или кое асоцира на дејноста. Но секако можеш да одбериш и твое име. Во смисла дека не мора да е нешто од дејноста, туку пример име, комбинација од имиња итн. Пример пред да се родам јас, сме имале бизнис наречен МаНиБо. Име од првите две букви на сите членови. И добро звучи, и не е тешко. Можеш таква некоја комбинација да размислиш. Ете гледам има агенции за недвижности секако крстени, гледам Елегант има. Новел, Кодекс, Хит. Сите овие се постоечки имиња на агенции за недвижности што значи прошири го слободно изборот. И со среќа да е
Jас би одбрала име кое лесно се памети, не мора да е странско,да е лесно изговорливо и препознатливо. на пример Сонце Розета нели е украсен каменпа Флора Афродита Александрија Ламела ...
Направи си список на имиња и провери во Централен Регистар бидејки можеби постои фирма со такво име Види на нивниот сајт и таму се проверуваат имиња
Без навреда, ама мене фирмите што се комбинација од имињата од семејството, или пак само име или некој број, ми се многу некреативни. Јас не знам што да ти предложам, ама нека ти биде името од само еден збор, таквите фирми ми се многу посимпатични и лесни за паметење. Супер се продлозите на латински дадени, може и италијаски, само тие на англиски мене воопшто не ми се допаѓаат. Се надевам дека побрзо ќе се одлучиш, и со среќа со фирмата.
Здраво Ви благодарам на сите што ми помогнавте јас смислив име Во вторник одам да поденесам документи
Здраво на сите Планираме за отварање на фирма за превоз на патници,па никако да го смислам името па секоја идеа од ваша страна ќе ми биде добредојдена