Со ваква четка се прават, ама мн е тешко се познаваат потезите цело време. Ептен треба да си професионалец да си направиш омбре што дури и тие таквите ми рекле дека им е тешко. Што мене ме изненади, ама пробав неколку пати и цело време неуспешно.
Го имам истото, баш за таа намена го купив ама да, се познава како е тапкано. Не знам навистина како им излегуваат толку совршени. Мислев да не има некоја поинаква четка или било што, со исклучок на airbrush от, бидејќи со него знам дека излегуваат супер. Јас ги направив со ова и океј се, меѓутоа од блиску се познаваат.
Ова е правено со гел, затоа е толку совршено изблендано. Јас со лак си ги правев со сунгерче пресечено и веднаш после секој направен нокт ставав проѕирен лак за да се избленда подобро. Не е успешно како на сликата, ама солидно изгледа.
Нели повеќето барем кај нас работат со една боја на гел, на пример nude нијанса па потоа го прават омбрето со гел лак? Или користат две различни бои на гел? Досега не сум заприметила ама веројатно така го прават.
Не, не. Има разни техники на правење омбре со гел. На пример со две бои на гел, со сунѓерче како твоето горе, со машинче за сенчање... Само што работењето со лак и со гел е сосема различно и не може да се добие истиот ефект.
Да, да, знам дека со гел е полесно, нели бидејќи се става погуст слој и полесно може да се разнесува, но досега сегде каде сум правела нокти имале еден основен билдер гел да речам, во една боја, а се останато правеле со гел лакови. Така да, претпоставив дека со гел лак го прават омбрето, долниот дел кој е бел. А гел лаковите се исти како обичните лакови со таа разлика што се сушат во ламба. Бидејќи нели основниот билдер гел е поскап, па не мислев дека некој го има во сите бои. Ајде можеби некој професионално што работи и ги прави на овој начин, ќе сподели.
Мене кога ми ги прават откако ќе земат гел или прав или што и да е тоа четката ја ставаат во едно како вода ама сигурно не е вода не знам што е, и тапка неколку пати па четката ја брише од салфетка. Прво белиот гел или прав, па розевиот па на крај пак белиот, турпирање па проѕирен гел или што и да е и тоа. Некако до турпирањето се познава повеќе како поделено розево бело ама после проѕирното нешто ептен се прелева од една во друга боја.
Од каде можам да нарачам лакови за нокти, ама квалитетни пошто до сега ни еден лак не ми се погодил, сите ми се многу ретки..
Zdravoo utre ke pravam nokti pa predlozete mi nekoi sliki so jaki boi.. sekogas socuvuvam sliki ama koga ke dojde vreme za pravenje nikako da gi najdam slikite ili da se odlucam..