Идеи за работа од дома (без работа преку интернет)

Дискусија во 'Барање работа' започната од sofce, 22 ноември 2010.

  1. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Женски
    Занчи сепак ќе ми треба фирма, и се што иде уз тоа. Просторија со маса по хасап систем, или соодветна работилнца за накит зработка рецимо...
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.956
    Допаѓања:
    48.245
    Пол:
    Женски
    не знам за жал толку детално да ти објаснам, само не би те советувала на црно да работиш дека прво конкуренцијата ќе те пријави, ако имаш талент и си ја сакаш работата само напред
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Каде се пријавува за работа на црно?
     
  4. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    Zavisi kogo prijavuvas, ako e nekoja sitna riba mozebi ke ima kazna, ako e gazdata vrzan so inspekcija i slicno - nisto ne im mozis. A mene otvoreno mi kaza Edna frizerka deka morala vrska da ima za da otvori dukan. Na lepe oci nikoj nisto ne ti dozvoluva
     
    На Tanjamm и Viveki им се допаѓа ова.
  5. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Женски
    Како и да е за се во државава треба да имаш врски. Жално затоа што некои луѓе се навистина квалтетни а немаат услови да почнаат ништо баш ради тоа што се е врзано. На крај останува да идеш да си работиш за газда и да си играш како ќе ти свират. Од дома работа освен онлине, пиши пропало. За фирма отварање тоа е веќе приватен бизнис пред држаата, ако немаш такво нешто ете од љубомора ќе те пријават и така...
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ја прашав членката која тврди дека ќе те пријави конкуренција дека работиш на црно, па стварно ме интересира каде и како би пријавиле. Бидејќи јас колку што знам ниту УЈП ниту пазарен инспекторат се занимаваат со проблемот, впрочем и двете директорки на овие институции, прашани од новинарка баш за ова кога има сѐ повеќе измами на потрошувачите, и двете изјавија дека немаат законски начин како да ги казнат и фатат измамниците кои работат онлајн. Всушност, имаат и те како начини и ресурси ама не им се работи очигледно.

    Фризерката инаку те излажала, бидејќи не е некоја привилегија или процедура да регистрираш фирма. Со едно одење до Централен регистар ќе те регистрираат како занаетчија, не ти треба ни адвокат ни сметководител, освен ако користиш средства за самовработување.
    Мислам дека тука луѓето повеќе се глупи и не се трудат да дознаат и разберат што и како треба околу тоа што сакаат да го остварат, не само за отварање фирма, туку било што, па полесно им е некој друг да им "заврши работа", макар и тоа ги коштало повеќе.
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Женски
    Во право си за многу работи, на пример дека луѓето не сакаат да се замараат, полено е друг да јазаврши работата, и да секако имаме работа со неписмена раја...Меѓутоа и да идеш по правила, ете со фирма со сите салтанати ќе ти акнат даноци, ќе ти пуштат инспекции и на крај ќете докусурат со рекети- збориме за луѓе што сами си ја потегнале работата и се спосбни ама "немало кој да им ја заврши работата".
     
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    За мали фирми ако збориме не е така, а и инспекциите имаат лимит. Пример ако ти дојде трудов инспектор и сѐ ти е по пропис ќе нема за што да те казни, ако имаш непријавени работници заслужуваш.
    За даноците треба да се информираш пред да отвориш фирма, нема произволно да те даночи ујп зашто така им текнало туку затоа што имаат основ за тоа.
     
    Последна измена од модератор: 24 ноември 2022
  9. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Женски
    Ponudete nekoja rabota od doma?
     
    На Torn, Mendelez и Boka98 им се допаѓа ова.
  10. Alessandr0

    Alessandr0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Машки
    Неколку идеи од мене за работа од дома:

    1. Изработка на саксии и слични украси од чист цемент (за ДОПОЛНИТЕЛНА работа и нормално ДОПОЛНИТЕЛНИ приходи, не очекувајте дека само од тоа би живееле и би имале 1.000 евра плата)
    2. Работа со туризам (туристички водич, сместување на гости во туристичките центри во Македонија, а доколку сте посветени, можете да сместувате гости во средини кои се во планини и кои можеби и не се толку многу познати односно посетени од страна на домашните туристи, како и од странство, особено држави од Балканот, колку за пример тука може да ги спомнат следните области: Беровско (туристичка населба Суви Лаки), Пехчево (околината) села во Охридско кои нудаат чист воздух во планина и панорама поглед на целото Охридско Езеро и слично).
    3. Изработка на рачни украси (познавам блиски луѓе кои изработуваат разни украси, за свадбено украсување, за новогодишни празници и слично - приходите како дополнителни им се движат од 100-тина евра до 250 - 300 евра, зависи од периодот и слично).
    4. Промоција на Инстаграм профил (тука е многу важно за каков профил станува збор. Доколку вашиот профил има голем број на следачи и доколку следачите се РЕАЛНИ и притоа се таргетирани (за туризам, за онлајн шопинг), тогаш можете да се насочи на промоција од вашата област. Многу важно е тоа што на личен профил без разлика на големиот број следачи не секогаш можете да дојдете до договорена промоција. Зошто ? Ако Х. Х. личност (без разлика машко / женско) има 15.000 следачи, притоа се објавуваат лични фотографии, особено ако сте „блогер/ка“ тогаш многу веројатно е дека голем дел од вашите следачи да сакаат содржини каде што ќе гледаат ваши фотографии. Поточно, ако вие имате таков тип на следачи од таков таргет, кога вие ќе објавите објава за некоја туристичка агенција или понуда, тогаш интересот на вашите следачи кон промоцијата ќе биде мал бидејќи немаат интерес за патуваат или пак, доколку правите промоција на домашна храна, а вашите следачи имаат интерес кон домашна храна (како пример земам) тогаш промоцијата ќе ви биде не успешна, или помалку успешна, па со тоа не би имале промоција на долг период или послабо би можеле да најдете промоции.
    5. Обука за одредена област на интернет. Ако имате солидни познавања од WordPress, Adobe Photoshop, веб дизајн и слично (во таква насока), можете вашето знаење да го пренесете на некој/а кој/а има интерес да го совлада тоа. Или пак да се обидете да станете дел од некоја таква академија, а периодови има доста такви академии во Македонија. Доколку се обидете сами да пренесете знаење на некој друг, тогаш тоа нека биде по некоја симболична цена, со цел да имате повеќе интерес и со цел да стекнете доверба и слично.
    6. Изработка на бизнис проекти за фирми, подготвување на документи за аплицирање на одредени проекти за физички или правни лица
    7. Изработка на семинарски трудови, есеј, проекти за средно и високо образование.

    Во моментот тоа ми доаѓа на ум како предлог, пред се, бидејќи сум ги поминал сите овие работа, па ги споделувам и од лично искуство и од искуство на блиски луѓе кои работеле или се' уште работат.
     
    На BI-44, lavinija28 и M@C@ им се допаѓа ова.
  11. Alessandr0

    Alessandr0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Машки
    Вработи се на некој портал, доколку сакаш да работиш во Македонија, за во странство, ако добро го владееш англискиот, може да работиш со блог за здрава храна за USA и со google ads се заработува солидно, ако на ден посветуваш неколку часа активна работа.

    Доста компании бараат лица за вработување со познавање на работите кои ги наведе... мислам дека на интернет може да побараш огласи за вработување и да најдеш соодветна позиција, пред некое време ми имаа излезено 2 - 3 огласи токму за таква работна позиција. Се надевам ќе успееш!

    Искрено, вака тешко да најдеш работа. Не само ти, и многу други кои пишуваат на форумот, итно ми е потребна работа макар и дневница. Не сакам да ме сфатиш погрешно, но за работа од дома е исто како и за класично вработување.

    ПРВО треба да имаш насока, што и како би работела на интернет, бидејќи работа на интернет е ГОЛЕМ и широк поим. Сигурно не си способна да работиш на било која тема на интернет, така ? Исто, како што не би била способна да работиш во автомобилска индустрија, ИТ сектор, од обичен оператор до висока позиција, треба искуство, образование, познавање на програми, на јазик.

    ВТОРО треба да си знаеш што и како и каде би можела и таму да се насочиш. Во Македонија ретко кој може да понуди работа од дома за добра плата. Да работиш во странство како програмер или слично, да, а во Македонија, освен вработување на веб портал, тешко дека нешто би можела друго да работиш.

    ТРЕТО имам споделено на темава совети и предлози за работа од дома, од мое искуство, значи сум ги пробал идеите, сум ги реализирал, сум заработувал, но тоа сум го направил сам, без да барам.

    ЧЕТВРТО треба време за онлајн со цел да се заработува, не можете денес да барате за веќе од утре да имате дневница и парите да бидат префрлени и сега толку, решено прашањето имам приход за стабилен и нормален живот.

    Работата на интернет зависи што работиш зависи од многу фактори - време, труд, енергија, финансии.... многу други ситни фактори... па доаѓа трпение и на крај УСПЕХ.
     
    Последна измена од модератор: 25 декември 2022
    На lavinija28 и sani99 им се допаѓа ова.
  12. ivuskatata

    ivuskatata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Zdravo :D
    Dali imas iskustvo so google ads?Te imaat isplateno?
    Bidejki jas klikam na neobux sekoj den ama mnogu malku dava.a isplata seuste sum nemala
     
  13. Meowwwww

    Meowwwww Нов член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2023
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, се надевам сте добро!

    Имам желба да создадам производ - здрава ужинка или "snack bar".
    Дали знаете некоја од фирмиве кај нас да произведува производи за други? На пример да одам да се обратам кај некои со целосен план, од рецепт до реализација, само они да ми дадат понуда?

    И дали некоја од вас знае каква би била процедурата доколку ги правам и продавам сама од дома? Дали треба да викнам санитарна инспекција да процени дали е се во ред?

    Благодарам многу! Убава вечер!
     
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.793
    Допаѓања:
    173.161
    Пол:
    Женски
    Треба да имаш објект опремен по хасап, регистрирана фирма и многу трошоци со тоа...

    Процедурата што јас ја одев е следна..
    Регистрираш правно лице со шифра на дејност соодветна на твојата работа, средуваш простор по хасап (мене ме чинеше 12000+ евра), после се регистрирав во агенција за храна и ветерина како производител, 24000 ден мислам беше за производство од животинско потекло.. Мораш од животинско да се регистрираш ако во производите имаш млеко или јајца на пример..
    Ти издаваат решение и можеш да почнеш да произведуваш.. После сите инспекции ќе ти се наредат..
    Не заборавај, мораш да имаш извадено и санитарна книшка за тој што ќе произведува..


    За фирми што произведуваат за други вакви работи, верувај дека е огромна инвестиција.. Те условуваат на количина 10000+ парчиња итн...а со цените што ќе ти ги понудат нема да си конкурентна на пазарот, бидејќи рачунај да пласираш производ на пример во продавница чини 20-25% маржа и додади ддв на тоа..
     
    На Meowwwww, boomsleng и Polyincognito им се допаѓа ова.
  15. Meowwwww

    Meowwwww Нов член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2023
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ти Благодарам многу на деталниот одговор! :l: Во мојот случај се работи за барчиња кои немаат состојки од животинско потекло. Но, во секој случај е голема инвестиција.

    Сум слушала за луѓе кои поминувале само со нивните кујнски апарати што ги поседуваат во моментот, па затоа и сакав да слушнам и други мислења, дали воопшто е возможно да се произведува така како они што прават :wasntme::^)
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.793
    Допаѓања:
    173.161
    Пол:
    Женски
    Можно е ако продаваш само на фејсбук и инстаграм. Ако сакаш официјален производ, тогаш не е можно за жал.

    Ако ти е од неживотинско потекло регистрацијата е 400денари ама пак ти треба соодветен простор што ги исполнува најмалку ДПП и ДХП.. А тоа ти е мање више хасап за сиромашни што го викам јас:D пошо пак кошта многу, а демек поефтино е.. Како не:D
     
  17. Meowwwww

    Meowwwww Нов член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2023
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Баш така како што кажа :D

    Значи ако се оди со неофицијален производ, треба да си викнам санитарна инспекција (и сите проценки) дома да проценат дали просторот и апаратите се во ред, така? :D
     
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.793
    Допаѓања:
    173.161
    Пол:
    Женски
    Не.
    Ако се оди со неофицијален, правиш, пакуваш и продаваш на ФБ и инста. Не доаѓаат за проценки и чуда..
    Само ако си регистриран важи тоа со инспекциите.


    Значи или работиш на црно и продаваш на црно и никој не викаш или работиш по стандарди и си ја тераш постапката од погоре.
     
    На Meowwwww му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Meowwwww

    Meowwwww Нов член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2023
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е сега :D

    Супер, многу ми помогна! Ти благодарам многу! :l:
    Ти што произведуваш?
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.793
    Допаѓања:
    173.161
    Пол:
    Женски
    Не смеам да пишам детално, еднаш ме банираа:rofl:

    Од околу кажано, природни сокови, мармалади, џемови со намалена количина шеќер и без шеќер :D
     
    На Meowwwww му/ѝ се допаѓа ова.