Може инфо што подразбира твојава работа, и други детали околу каде, како што и случно. Може и во ПП да ми пишеш.
Јас не знаев дали тука да го ставам огласот, сеедно, може и да се премести. Барам соработници, работата е со флексибилно работно време, значи сами си одредувате кога и колку да работите. Дефинитивно не е онлине заработка. Ако некоја е заинтересирана/заинтересиран нека ми пише лп
^Девојката мисли дека ти и Ливинг сте заинтересирани, па еве ќе ја бара Ливинг. А веројатно и тебе. Можеби и мене. Се шалам, не треба. Заработување од дома, особено на долгорочни патеки е возможно само со одлични вештини што ќе ви овозможат да можете да работите различни проекти со различни клиенти во некоја ваша бранша. Потребна е огромна самодисциплина, организираност, одговорност, а богами и упорност. Кога ќе прочитам текст од типот на - па седам дома/чувам дете/болна сум/не работам/досадно ми е и слично, па ај нешто да подработам колку да ми мине време - ми се крева косата. Не значи дека ако е од дома дека не се работи и дека е нешто што се прави во слободно време. И не е така како што мислат сите - е што, дома работи, ќе поштрака 2-3 часа на компјутер и толку. Или ми имаат направено муабет - Е ајде, па поскоро вработување или - Е де, да се чепка нешто, да не се седи така. Јас некогаш главам и по цели денови и одработувам дупли смени, ама океј, не седам така. И сега кога некој ќе ми рече поскоро вработување, викам ако сакате да ми посакате среќа и успешно работење, посакајте ми повеќе клиенти.
Муабетов што една жена редовно ми го прави: "Уште од дома подработуваш? Не можеш некако да се пикнеш во општина?" И да, тоа "битно е да се чепка нешто" исто често го добивам.
Оти не се пикнеш, ма? 200 евра кој ти ги дава, твои си се, чисти ќе ти бидат. Еднаш ако не умрев на ваков коментар... #евенезнам Мене комшиите ме гледале од прозор како работам на компјутер. ЕТЕ ЦЕЛ ДЕН ПРЕД КОМПЈУТЕР СЕДИ, не оди на работа. Па уште се збунети како не одам на работа, а се враќам дома пример, со полни ќеси од маркет. Од каде парите?! Па уште и испадната секој ден по кафиња... јас сирота ако не испаднам еднаш во денот, ќе збрлавам. Зимоска кога го кршев мразот надвор (донт еск) помина една комшика и ми рече - Ааа, ако, најди си занимација додека седиш така по дома. Жената сериозно мислеше дека мене ми е толку досадно што излегов да кршам мраз на улица. И ова на баба ми и' е пренесено, е не. Да се знае кој што прави.
@Doozy ме потсети на еден твит, ке го парафразирам јер заборавив и од кој беше тачно, - И да заработуваш 2000 евра како фриленсер за баба ти пак ке си неработник На моиве уште им е чудно како тоа седам пред и ми стигаат пари уште па дедо ми ми завикал да сум пазела да не ме повлечеле у некои нелегални води