„Седењето“ пред компјутер се тумачи толку буквално ко слепо седење и (очигледно) упатување молитви кон божествата за да пуштат некој на сметка. И баба ми и дедо ми така мислат. Врв, камо да беше така.
Мене ми се иде да пукам со двоцефка секој еден кој ке ми каже, е добро де што тешка раб имаш да пишуваш само, седиш на пц и пишуваш Тоа што и мозокот и концентрацијата си има свои граници не се рачуна, јел да?
Психички бев поодморена кога 'рмбав по две физички работи. Немав време да мислам. Сега ако правам нешто досадно почнува да ми лета мозокот и ми треба да станам, да направам нешто со раце па да ми се врати концетрацијата. Ем тоа негативна енергија вадиш од себе, ем исто како да си вежбал, а мозокот на пасење. А ве боли газот од седење? Е нема до кај колешка на биро, па до тоалет, па надвор на пуш-пауза. Тоа е таа самодисциплина што ја зборував. Да ми кажуваше некој дека и ова ќе ми се случува пред две години, немаше да му верувам. Инаку јас често се соочувам и со тоа да ми бараат услуги. Океј, ако можам - помагам. Ама кај ќе го сработам тоа бесплатно, па уште кога ќе ми тропнат некој коментар - Еј, многу работа дека има во тоа, десет минути и готов си - а јас цел саат и кусур сум потрошила ми иде да . Јас навистина немам проблем да помогнам, ама не е дека сум слободна по цели денови на некој да му завршувам работички па уште и ти коментира како работиш, бе! Леле, бе! Да не сме офтопик со траумиве наши?
Не сме офтопик. Мене траумата ми е што денес ручек не стигнав да направам, а дома сум цело веме. Ама човече, некогаш од утро до полноќ има работа. 5 минути за форум на секој час, и толку е паузата. Еден период имав ептен добар распоред - вежбав, завршував работа на време и супер беше. Сега... А тие што ми подметнуваат работа за услуги, научив да ги одбивам, конечно. Едноставно нема време. Стварно нема. Не очекувам да разберам кога сама сум свесна дека е лудост да немам време и да не знам да се организирам, да кажам кога ми е доста - ова останува за утре.
@LivingGlam те читав сега во 40-ката со ручеков, ме изнасмеа. Абе и така иде некогаш, не си го оставила гладен. Напрај му оривче на човекот утре. Јас веќе два месеца готвам како луда, по три оброци на ден имам стокмени, направени. Ме спасува тоа што готвам наеднаш за 2-3 дена, па замрзнувам дел, дел го јадам... Најчесто печам, бутам се' во тавче, оно се пече, јас со лаптопот до него стојам, ако треба да му забаам. Ај готвењето, ама миењето ми е ноќна мора, ќе полудам некој ден од толку садови. Добро, овој проблем сите го имаме, ама морав да си кажам. #клубнамладидомаќинки Иначе батали организација ако ти е турбо период, едноставно предај му се на хаосот и нека те носи. Ќе се организираш во подобри времиња. И другарчињата, најголем дел, работат од дома или ќе почнуваат за брзо од дома. Професиите ни се такви што го дозволуваат тоа и уај нат, во Скопје се губи по еден час дневно само за одење/враќање од работа. Сите има да ги затворам по дома и да ги шетам кога има сонце надвор. @Bridget високо интелектуална работа
@Doozy, срам несрам, ќе си кажам - кај мене за миење садови и полнење/празнење машина за садови одговорен е мажјаков. Сам си презеде таква одговорност, не се бунам. @Bridget, тајна. Ама 2000 евра. Се зезам, за Мирко Чешелкоски работиме.
Ок е, на нет може да се прочита за начини на заработка, но затоа и оваа тема е тука поставена. И колку што разгледав набрзина претежно се нови членки со страни за кликање и анкети, па од вас како попопуларни на кои им се верува се очекува нешто поконкретно освен плата од 2000 евра, комшивки кои ме оговараат дека дома седам и немам време за ручек. Тоа може во кафе муабети пример, тука се бара нешто поконкретно.
Имаме пишувано наназад. Се извинувам што не те сфатив сериозно. За 2000 евра исто се зезав... или не? Ретко кој кажува колку точно заработува преку фриленсерство, не знам ни сама зошто. Заработка има на сајтови за фриленсери. Сигурни сајтови се upwork, freelancer и уште неколку. Инаку, за поконкретни информации, сум им пишувала на многу форумџики по лп, кога покажале интерес. На темава не пишувам затоа што е спопадната од спамери и линкчиња. Сто пати сум ги пријавувала, ништо не се прави околу тоа. Темава не е сериозна, нема зошто да се очекува од нас да бидеме сериозни. Неколку пати пишав совети, па ми се закачија со барања на детални објаснувања за кои би ми требало два часа да ги напишам, а информациите се лесно достапни на интернет, и на секој сајт ти кажува која ти е работата и како функционира. И кога ќе видам дека некого го мрзи (буквално го мрзи) да побара одговор, не пишувам. Повеќето бараат лесна заработка, а оваа не е таква. На другите, кои гледам дека не прашуваат за џабе и планираат да работат, им се обраќам по лп, а не биле малку. Не е дека не сакаме да помогнеме.
Дел од мојата работа е објавена јавно и ако кажам што работам, чао анонимност. Не дека и вака не ја среќавам по форумов, само се воздржувам да коментирам за да не се издадам. Дел не е објавена никаде, мавам и печати плус. А за третиот дел користам вештина познавање на англиски јазик на веома напредно ниво. Ако погодивте што работам, ќутете си.
Поздрав женски! Еве искрено ќе си кажам, кога некој ќе ме праша каде работиш, што работиш, колку е заработката честопати велам дека природата на работата ми е малку скржава и дека ама баш никако не ми е во корист да ги споделувам тие информации. Конкретно во Македонија сме мала група на луѓе, секој нов член значи помалку пари за мене. Што се однесува до услугите, прифаќав до скоро само ако работата е барем 60% завршена. На два-три пати ми се случи да не можам да завршам на време и кога побарав помош магично сите беа зафатени ... Налетав на флексибилен менаџер кој секогаш е спремен да излезе во пресрет и за кој без проблем би го сторила истото. Не ми е во план да продолжувам со ова на долги патеки и покрај солидната заработка. Крш човек сум што не умее секогаш добро да се организира а за ваква работа потребно е пред сè да се има принципи и барем некаков дневен распоред. Башка сега ќе треба и со тие ненормалните од УЈП да се расправам.
хехехехехе љубоморни. Ок, он-топик. Цртам (тех. цртежи во соодветни 2D и 3D програми), се бавам со графички дизајн и тоа отприлика. И понекогаш кога ми доаѓа преку глава, посакувам да си бев блогерџика.