Роденденски прослави Славам 19ти роденден и ми требаат така некои идеи! Решено е веќе дека ке биде лејдис најт! Помагајте )))
Како да го прославам роденденот? Девојки нова сум на форумов и ве молам за помош.За 20 дена имам роденден и полнам 18 години.Сакам да го прославам со дечко ми ама не знам како.Што мислите вие?Лани бевме на пица(затоа што имав 40 температура не продолживме никаде )Барав низ форумов но најдов за со другарки во кафич или нешто слично.Но јас не сакам во кафич сакам да биде интимно.па ве молам помогнете.
Како да го прославам роденденот? Еее, па ти како да го прославиш. Ако не сакаш по кафичи - најубаво ти е дома.Избркај ги твоите од дома, купи украси, балони, спреми грицки, пијалоци јадење, музиче пушти си и уживај. Најубаво е вака - испробано.
Како да го прославам роденденот? Се согласувам со Мона... Па и ако твоите не сакаат да ти ја оставам куќата/станот сигурно имаш другарки кои имаат стан/куќа/викендица празни па таму можете да си направите поинтимна забава ;]
Како да го прославам роденденот? Зависи од кој град си (поради можностите кои ти ги нуди), колку пари можеш да одвоиш, колку часа ќе славиш, па според тоа да направиш некој план. Еве како го прославивме ние неговиот лани (со мое планирање): бевме Водно на шетање, со домашни сендвичи, потоа во Зоолошка (долго време не сме биле, па затоа), каде беше стварно забавно, па во центар си одбра блуза од мене, а потоа во пицерија не` чекаа неговите најдобри пријатели, оттука опуштено на кеј на кафенце и толку. Баш си поминавме опуштено. (други пати сме биле на вечера и потоа на концерт или во диско; а еднаш во Охрид цел ден на шетање)
Како да го прославам роденденот? Monna.Monna и јас мислев така да направам.а и не мора да ги бркам моите(тие сами ке си одат ) зошто тој ден одат на свадба и тоа во битола ама ми e да не се вратат па да ме зафркнат...свадбата е вечерна и доколку е до 2 часот ама што ако се вратат и да ме пречекаат во некоја непријатна позa ,па затоа размислував во стан или соба,ама во хотел за 1 ноќ без појадок е 1500 денари...барав од оние станови што се 500 денари за една вечер ама не можам да најдам .Ина4е сум од струга.па ако знаете каде да најдам стан пишете ве молам. А и фала ви на сите.
Како да го прославам роденденот? ^Абе кажи им ти деа сакаш да си го прославиш со другарките, дечкото, мислам не би требало проблем да прават.Чим мене ме оставија 13 кога полнев сама. Ако пак не ти даваат види кај другарки ако можеш, кај дечко ти.
Како да го прославам роденденот? Се надевам дека ке ги убедам да преспијат во битола и да се вратат другиот ден. фала ви на сите...поззз
Феминки за малце повеќе од недела дена иде мојот роденден и дека зима, ноември, славењето (кое нема да биде некоја огромна прослава) мора да биде некаде на затворено. Ладно е. Е сега неам идеа ни за дали дома на опуштено, мезење, пиење тортиче да си ги викнам блиските, или да изнајмувам/резервирам нешто (а и кое низ Скопјево) во град? Слушнав Сопотско (кај фонтаната во градски парк) пак ке го отварале сега, па таму да резервирам местенца...или дека ново отворен па да не биде преполно и неопуштено и незгодно? Сакам кога веќе лугето кои ќе ги поканам да дојдат, и одвоиле време и дошле да ми честитаат, да се чуствуваат опуштени релаксирани и да се забавуваме, смееме... хеллллп
Роденденот ми се ближи.Досега сум имала роденденски забави ама не ми се допадна атмосферата баш. Некои предлози да биде позабавно или пак некои совети како да направам да биде запаметен роденден? ЧЕКАМ СОВЕТИ!!
Јас велам велам да пуштиш полуда музика од лани и да се обидеш тоа во темно да биде. Може и коктели да набавиш, само да не седите така здрвени, тоа е најглупо. Најзабавен роденден е кога има многу играње. Донеси и фотоапарат ако имаш или камера... Ако имаш можност организирај роденденска лотарија од мало нешто. Како на пример една добивка смоки стоби флипс и чоколетце. Друга добивка - лињавче со пакетче гуми за џвакање. Исто, најдобро би било да украсиш со балони ако не славиш во кафич... дури може да организираш и различни натпревари, на нет ги има милјон. Ако не пак, прашај ги поединечно секој од пријателите каква е нивната роденденска забава од соништата... И ако имаш можност, спои ги твоите желби и желбите на пријаетлите, така роденденот ќе ти биде запаметен... Како и да е, гледај сите тогаш да се забавуваат, тоа ќе придионесе за се!
Ау колку обожавам планирање на родендени! За мојот роденден организирав „брк весеље“, т.е. сите што беа поканети мораа да имаат бркови (некои си цртаа, машките беа со вистински, а за секој случај за сите направив од картон). И испадна топ! Ем се журкавме ко луди, ем испаднаа прекрасни слики. Можеш да направиш нешто слично, еве дека ти е во лето роденденот, можеш да направиш нешто како луау. Подели им на сите цветичи околу врат, земи пластични кокоси од кои ќе се пие, и оп - журче на ниво!
девојки помагајте,у сабота му е родендеен на тато и сакам да го изненадам и воедно да му заблагодараам за се моментално сум turn off неам никакви идеии.. предлозииии
Толку сум креативна што во последниве неколку години максимумот на идеја ми се оние Хепи Брдеј венчиња од Џамбо као мала јаки журки имав, и појаки родендени се праеа, а не сеа... за 2 недели ми е роденден и неам никаква идеја, а не ми се ни праи што е најтрагично
Јас секогаш родендените си ги правам во двор. Имам голема тераса, ја украсувам со факели, имам голем чадор за сонце кој ја покрива цела тераса, него го украсувам со балони и некои други глупости. Правам коктели по мои рецепти (сама си ги измислувам), на менито друго имам сендвичиња за боцкање, овошје за мцкање во чоладен фил, и се такви некои едноставни работи за лапни голтни. Музика пуштам или од лаптоп или од другариве некој ќе донесе гитара, виолина, контра бас и си имам супер пријатна прослава. Факелите даваат посебен шмек на сето тоа. Кога правев 18 год. напраив така поголема журка имаше многу за пиење, а пијалоците го сместив во дрвени буриња кои беа полни со лед, идејата на сите им се допадна и постојано се вртеа околу бурињата незнам зашто Си правав собиранки и без повод, после одмориве планирам да направам Латино журка Ехх уште базен да имав
Па и јас имам еден мал проблем околу ова..Значи вака на дедо ми му е именден Петровден на 12 јули и сакам некако да го изенандам ама како?Може ли да добијам некои идеи или предлози Ќе ви бидам благодарна ако ми помогнете..Благодарам однапред
Па што дедо ти најмногу сака? Некое јадење,музиче од оние нивните песни Врати го во младоста.Или пак размисли што сега најмногу би го направило среќен, енд ду ит! Јас мислам најобичен домашен ручек.Ќе зготвиш нешто вкусно немора некои денешни специјалитети,некое месо компири што сакаат старите луѓе,на пример свинско. Ќе го собереш целото негово семејство ,сите седнати на маса јадете пиете винце во позадина добра музика,некои чалгии поготово ако знаеш кои му се омилени сними ги на цд..Тоа
Дечки за 18 роденден на брат ми планирам да направам еден фото албум со слики од него од раѓање до сега, сакам да да украсам нешто да му ставам Што мислите вие за ова? Инаку до лани чекав големи родендени а годинава планирам 10 најважните да ги носам во некоја пицерија да поседиме, да се напиеме и ај создравје