Mи треба помош како да го прославам мојот 14 роденден!! бидејки мојот 13 роденден не сум го славила !! Oд една причина па незнам како да го прославам тинејџерскиот роденден !! Ако може да ми помогнете плиссс !!!!!!!! а роденденот ми е на 2 јули !!!
Birthday Јас отсекогаш сум сакала домашни журки. Ако живееш во куќа и имаш двор уште поубаво. Ако најдеш интересна тема, можеш да украсиш дома по неа и да побараш од гостите да дојдат облечени според неа. Да речеме нешто во стилот на Хари Потер, хипи во стилот на 60-те и сл. Зависи што ви е вас интересно. Или пак можеш да украсиш само со балони. Многу е важно да имаш добра музика. Најди некој што ќе ти пушта цела вечер или сама подготви си компилации на цд-ња. Во Џамбо имаш еден куп интересни реквизити како свирки, конфети и сл. Добра журка и среќен роденден!
Birthday Барем на твои години може да се направи добра журка... Прво направи листа на гости, според вкусот на гостите направи и музичка листа. Симни ги песните од интернет и обезбеди си звучници за даможеш да ги пуштиш. Ако имаш широк двор можеш во дворот да го прославиш. Можеш во сијалички за нова година да го укасиш, провери во Направи сам ,темата на форумов Доколкуго славиш дома покани си ги најблиските, наубаво ќе си поминете. И ако мислиш за маскембал да правиш како што кажа фауер гарден , подобро извести ги твоите гости порано, бидејќи ќе мора и маска да купат, направат. Но најдобро немој, може некои нема да најдат и сл. па забавата може да пропадне, нека бидат облечени обично. И добра храна, имаш на фемина и форумов добри брзи лесни рецепти за кооктелски забави, па и по нет изтражувај, добар пијалок и забавата може да почне, најбитно е музиката да е погодена, но немој многу гласна, ќе ги вознемири комшиите, најдобро и нив повикај ги. А мама и тато може и тие да излезат на вечера, чисто да не ти сметаат Се надевам помогнав...
за 9 дена полнам 20 и благе везе неам што да правам за денот,секогаш родендените ми биле рандом,убави денови ама ништо преувеличено
Можеби малку бегам од темата ама сакам да ве прашам нешто..На 6 септември ми е роденден 14 години правам и сакам на училиште да частам со бомбони....Па според вас дали е срамота????? Сакам да ги почастам другарите и наставниците ама да не е малку бебешки..Ве молам за совет
^ Majuv4ence13 воопшто не е смешно ни па бебешки. Кај мене во класот и во средно си се частевме, па и на факултет се случуваше некој да донесе чоколадни бонбони и да подели меѓу колегите. Особено во средно ако требаше некој да испрашува, па договарање на кој час да части славеникот, па пеење песни колку да ни помине побрзо часот. Комедии бевме кога ќе се распеевме Јас мислам да си ги почастиш и другарчињата и професорите, нема ништо срамно тука.
Може да ми помогнетеее за 13 годишен роденден како да има забава? некои игри ...? многу ке ви бидам благодарна
Значи на сестра ми и доаѓа роденденот ке наполни 13 години па сака да ги почести нејзините пријатели во една пицерија ..па сега сакаме да ја декорираме масата во пицеријата нешто со цветчиња,балони..а исто така и да избереме торта но некоја мала чисто да дува свеќи,ве молам дајте ми некои идеи а исто така овде можеме да предлагаме роденденски торти или се поврзано за родендени...
Идеја за роденденско изненадувањ на сестра ми? со оглед дека најверојатно нема да бидам во Скопје да не помине денот така...
За роденденот на сестрами сакав да се распрашам за да ми испечатат сложувалка со слика што ќе им ја дадам.Тоа би било наша заедничка слика..И на секое делче од слошувалката да напишам зборови,прво да ја состави така па да ја преврти и да ја види сликата.Текстот секако би бил смислен со мои зборови ,нешто што ќе ја трогнеше.Делчињата да стојат во коцкаста кутија украсна со машна одозгора..Ова нема да биде реализирано поради тоа што таа си побара пижами.....Ја пишувам како идеја можеби некоја од вас би ја искористила...
Идеи за Роденден Луге остана усте 2 недели до мојот 21 роденден, а се уште немам смислено како ке го прославам. Знам само дека ке го славам дома, со друштво. Би ве замолила за некоја идеа. Сакам да помине незаборавно!!!
Идеи за Роденден Пушти музика, украси дома, направи изненадувања за твоите пријатели убаво да си поминат, после роденденот пуштете некој филм... Така беше на мојот 14-ти роденден.
Кажете некој локал за роденден, да има убава атмосфера а да не е многу скап... И по можност Центар локација... Се мислев меѓу Бариста и Bo Bowling новото во City Mall знаете отприлика цените какви се за инзајмување, пијачка колку и такви слични ствари. Спојлер Имам уште отприлика 3 недели до роденден.
За отприлика две недели брат ми полни 18 години и сакам да му спремам некое изненадување, само незнам што Некоја идеја
Хола вО понеделнил и е роденден на другарка ми и ние сме си како женска екипица. И сеа девојчетО е стварно најфино и мило секад е за тебе и совети и смеење и ГЛУПИРАЊЕ.. на сите ни е битна ја знам уште од градинка и сакав да прашам некоја идеа за изненадување. Значи имаме класен дозволено е и ние сакавме да влеземе у стилот хбд низ врата и да и честитаме некој мафин со свека али некако ми изгледа едноставно бидејки е премногу важна за сите па сакав да прашам некако како да украсиме и да ја изненадиме дека мафин и честитање е едноставно, нешо поише мафини или да искомбинираме и дел од снегов мал што падна жижици некоја хбд капа за неа... Незнам.. Имам мн така како идеи а незнам да ги склопам и плус сепак е класен час па да не биде ту мач Чекам брз одговор и фала однапред
Девојки,мајка ми следнава недела има роденден...Сакаме да и приредиме изненадување,ама немаме некоја посебна идеја. Ај дајте ми некоја супер идеја Ве молам...
И јас сама го организирам роденденот на мајка ми.Не е сега набрзо туку тек во јули.Сакам се да биде совршено и смислено до детал.Ќе дојде и тетка ми од странство и двете на Skype разменуваме идеи како да имаме одлична приватна забава. Од интернет симнувам идеи за декорирање на ордевери,идеи за подготовска на месо,морска храна,мезе... Имаме голем двор и ќе го украсуваме со балони,секој гостин што ќе биде на роденденот ќе носи роденденска капа .Може на некој ова нема да му изгледа како роденеден за 50 годишна жена али тетка ми доаѓа еднаш во 5 год.и сакаме да биде незаборавно. Мајка ми на денот на роденденот сакаме да не биде дома сакаме кога ќе дојде да има едно големо ИЗНЕНАДУВАЊЕ ,сите онака да ја дочекаме со капите на глава а тетка ми даде идеја на пречекот да отвориме шампањац . Сега за сега ова е конечно и сигурно ќе се реализира. Ако имате било какви идеи или замерки добредојдени сте .
Одсекогаш сум сакала големи роденденски забави. Досега сум правела на базен-ноќно капење, кафич, просторија... Лани викав некаде накај 80 души и беше прејако. Пиење, токсикологија уау. За една недела ми е роденден и планирам да го правам во двор, караоке и многу пиење, едвај чекам