Некоја идеја за мојот 13-ти роденден? Друштвото ќе ми биде повеќе машко бидејќи се скарав со повеќето женски. Сакам да го направам овој роденден посебен (13 ми е омилен број). Па, прифаќам совети и идеји.
Се ближи роденден на дечкоми ве молам кажете ми да му приредам некое изненадување предности се тоа што идам кај него дома, можам да отидам во секое време и кога тој не е дома можам да влезам па ве молам некој предлог
Ако не е дома можеш да одиш кај него и да средиш дома да викнеш некој или ако сакаш сами некоја вечера направи, ако знаеш да правиш торти можеш некоја интересна во форма на срце, можеш и да нарачаш, или нешто романтично со свеќи, вино и да му дадеш незаборавна вечер..
Елена-можеш да спремиш некој интересен филм како акција, мистерија и тн. Можете да играте Монопол, не лути се човече. (ако сакаат малку да пробаат дел од минатото на повеќето постари.) Ова е од мој аспект и назнам што би им се доападнало. Нана-можеш да му направиш некоја интересна презентација за вас и вашето минато. Ако сакаш нешто што не е поврзано со технологија, можеш во стаклена тегличка да ставиш камчиња и вашите слики. По избор стави некој цитат за љубовта меѓу вас и за неговиот роденден. Гледај тоа да биде од срце, не од интернет. За приготвување, може да преспиеш кај него, и од сабајлето да му направиш доручек со „Среќен Роденден ....„. Знам, класика е, но тоа е единствено што ми текна...
Добра идеја, но мислам дека тоа нема да може да се направи бидејќи треба да ги повикам дома, а не сме баш толку блиски... Размислувам да не славам така, класична забава... Некако, последниве години не сум имала некој убав роденден... Бидејќи роденденот ми е на многу незгоден ден, Коледе, се случува многу деца да не дојдат. Па така, пред некоја година се убив чекајќи и лепејќи го носот на стаклото...а од 20 поканети дојдоа само 7... Еднаш пак една идиотка ми го расипа роденденот со нејзините приказни за крајот на светот... Па решив да не правам забава, туку да го поминам денот со братучедите... Мислам да ги повикам дома па да слушаме некоја како што ги вика мама „тежок рок“ музика. Па може и да искористам некоја од твоите идеи, Папи. Потоа ќе одиме на лизгалиште...Мислам дека ќе биде интересно!
Дечки оваа година полнам 18г и сакам да направам забава која ќе бидне интересна и впечатлива.Планирам да викнам околу 80души во изнајмен простор па ако имате некои идеи за нешто посебно да направам?
ми се ближи роденденот во јули знам дека малку е рано но има уште два месеца, па незнам како и каде да го прославам иначе ќе полнам 17 год и никогаш до сеа не сум го чекала некаде надвор на пр во кафич или некој простор па сеа незнам дали дома да ги поканам или во некој кафич вие што мислите, кажете ми некои идеии и незнам колку да поканам другарките обавезно, за братучеди или некои блиски незнам а за машки исто незнам немам некои така блиски другари да поканам а може и ќе се најдат некои што мислите феминки.
14 роденден ќе биде него .. сакам некаде во некоја викендица да се собереме ќе чекаме 2-3 другарки заедно , па се мислам како да направиме и дали ќе ни дозволат од дома ?? некој предлог како да го направеме ? е сакавме да направиме и нешто како забава на базен ама мене дома у двор нема да ми дадат , затоа што лани кога си отидоа дома беше како да експодирало нешто
Чисто онака би го пишала како идеја за тие што живеат во куќа и имаат убав голем двор. Можете на пример тие што сте во куќи да оргранизирате роденденска забава во вашиот двор,нека биде навечер како за излагање.Поставете неколку маси клубски без столици и да поставите нешто за грицкање,нешто за пиење,добро направени плеј листи и ете одлична забава поубаво од ова незнам дали може да биде
Јас и уште две другарки планираме заедно да чекаме 15 роденден, дека ќе има повеќе деца и ќе биде појака журката, е сега да ми дадете некои идеи, ваљда ќе изнајмиме некое местенце. Секакви предлози се добредојдени.
За некои 2 ипол-3 месеци славам 18ти.. И планирам да направам некоја голема журка-дома. Ќе изнајмам конопои и сакам да направам црно-бел амбиент... Црно бели балони,цевки,чаши и се тоа е сега имам две прашања. Каде да си купам шејкер за коктели? И дајте ми некоја идеа за на гостите долго да им остане во глава роденденот!
Шејкери имаш секаде каде што се продаваат и чаши...Имам гледано во Веро, Џамбо, на пластичарската улица...Ако ти требаат повеќе парчиња, оди на пластичарската бидејќи се поевтини. Имам еднаш за подарок купено од Веро, но стаклен и со исцртани мерки, околу 500-600ден. За идеја за гостите: тематска забава? Да дојдат костимирани.
Бев во Џамбо ама ми рекоа немале веќе подолго време добиено, иначпе мене ми треба метален не стаклен така да ќе побарам на пластичарската и јас помислив дека би можело да има таму... А за костуми шо знам некако ми е детско за 18ти а и не практично затоа што сигурно после ќе продолжиме негде ... Ај некој ако има други предлоз... Ќе набавам и микрофон за караоке ама сепак сакам нешто екстра да биде
Девојкии потребна ми е помош..да не знаете место во Штип каде можам да славам,убава атмосфера со повеќе луѓе..не живеам таму но таму сум родена и таму сакам да го прославам...помошш и советии кој знае Благодарам однапред *
Убаво е да се прослави роденденот со најблиските, сепак тој ден е посебен. Со семејството по дифолт се обележува, а за со друштвото многу е важно каде и во кој состав ќе се слави, зашто многу придонесува за забавата и расположението.
Некојаа идеја за каде да го прославам мојот 18 роденден?За околу 30 души,некој бар или локал да изнајмам секако со нормални цени.Пс.ми се ближи за месец дена па би сакала што поскоро да најдам.