Девојки, предложете ми шминка за со црн фустан. Што мислите дека одговара повеќе: јака или понежна шминка? Инаку за свадба ми е.
Можеш класичен smokey eye со nude кармин, или glitter cut crease и nude кармин, или понеутрални земјени тонови на сенки со изразен туш во комбинација со некој појак, потемен кармин - црвен, лилјаков и сл. Меѓутоа сепак зависи и од тоа каков стил си имаш и обично, каква форма на лице имаш, и во какви бои ќе бидат и другите нешта покрај фустанот - накит, палто, чевли, ташна, итн.
Почитувана @hermosa , темава е 'Идеи за шминка' и тука се споделуваат содржини поврзани со самиот наслов. Ако не Ве интересира шминка или сте против шминкањето, на форумов има доста други теми кои би можеле да го задоволат Вашиот интерес.
Девојки предлог шминка за настап. Носам црни панталони црни високи чизми црна кожна јакна и бела кошула. Косата ќе ми е во висок реп заврзан со црвена како да кажам марама, заради стилот од 80 тите. Е сега помош шминка.