Барам совет од вас искусните за шминка Никогаш не сум користела шминка (на15-16 години само кога почнаа сите да се шминкаат па и јас но не идеше па баталив), сега сакам да почнам со шминка редовно, за кафе, за излегување, за секакви пригоди. Само незнам како и кога. Со што прво да почнам, кои продукти се неопходни, кои марки ги имаат најдобрите производи, и сл прашања. Се што знаете би било од голема помош
Прво ќе најдеш соодветна нијанса на пудра и коректор во зависност од твојата кожа. А потоа можеш да се надоградуваш со други продукти.
Не сум нешто премногу искусна, ама како што спомнаа претходно прво најди си соодветна пудра и коректор (јас ги сакам на L'Oréal, Max Factor, Borjois пудрите и Garnier BB крема имам пробано и ми се допаѓаше. Од оние поскапите марки немам ни пробувано. За коректор не знам баш, дека ни јас немам најдено некоj што многу ми се допаѓа, ама ги фалат на Maybelline). Би ти препорачала да си земеш и римел, руменило и бронзер за да не изгледаш бледа само со пудра и коректор (Јас имам една палета со 4 сенки (розева, кафена и две сјајни) ама ми се ептен погодени и како бронзер/руменило/хајлајтер/сенки за веѓи, па ако можеш такво нешто да најдеш супер). И секако пудра во прав ако сакаш да го сетираш коректорот (jас користам една од Colorpop и ми се допаѓа). За карминчиња/сјајчиња ќе видиш тебе што највеќе ти одговара. На пример јас лично не сакам мат дека ми ја сушат устата или ми истакнуваат дека ми е испукана. Затоа користам сјајчиња или кармини со сатенски финиш.
Фала ви девојки многуу, многу ми помогнавте и еве сега ќе се облечам и ќе одам да си купа се што кажавте.
За една недела треба да се сликам за полуматура. Ќе ме шминка фризерката. Се мислам да и кажам да ми стави само пудра, маскара и кармин. Сакам да биде поедноставно, не толку пренатрупано со шминка. Да ми дадете и ваш предлог? Може и со слики.
Ако ти е мерак за пудра, тогаш нека ти стави и малку руменило зошто може да делуваш бледо и само маллу моливче на веѓи, може да делуваат побледи. Кармин во некоја nude нијанса.
Заборавив да кажам, кошулата со која ќе се сликаме е светло сина. Да се вклопи барем со неа. @Emotional123