Ајде давајте рецепти за ручек. Апсолутно немам идеи веќе, секој ден е некако истото. И по можност да не е нешто пресложено. Значи било што, и тестенини со некој сос, нешто со ориз, со зеленчук...
Леле, исто богами... Веќе недела време за ручер набрзина правам тортиља со јајца (врап кажано ) Матам едно или две јајца (зависи колку сум гладна) ги ставам во тава да се испржат како омлет, кога ќе се направи убаво ја ставам врз нив тортиљата и ги преметнувам и врз нив ставам се што ќе најдам у фрижидер (моцарела, салама, домати, маслинки...) го преклопувам и го оставам малку да фати боја и толку е..хахах А, друго омилено ми е макарони/шпагети со фунги сос. Макароните ги варам И кога ќе се сварат ги оставам малку да се оладат, после во тава сечкам или рендам салама и ја ставам да се испржи, исто така ставам и печурки исецкани на ситно и ги пржам едно 5-6 минути додека не фатат боја и на крај додавам павлака за готвење и ги оставам уште 5-6 минути да се искрчка убаво и потоа ги додавам макароните и толку готово е... (мх, мх ми се прејади сега ) Друго не ми текнува, слободно споделувајте па ќе направам нешто и јас
Тоа со тортиљите ми се допаѓа, не знам зошто не сум земала до сега, ниту сум правела, а баш лесно и брзо. Кај мене нешто што е често е ориз варен, брокула, морков, потоа само на путерче малку го пропржувам и зачинувам. Тестенини најчесто макарони печени, ги варам, па ги ставам малку со сирење се потпекуваат, потоа додавам павлака и јајце матено, пак се печат и на крајот рендан кашкавал одозгора.
Макарони се варат и цедат. Во тава се пропржува сланина се додаваат макароните кисела павлака и зачини. Ова ми е најбрзо.
500 грама средни макарони ( ни многу големи , ни многу мали) 500 мл млеко 1 супена лажица сол 1 мало лажиче бибер пола лажиче мускатно оревче ( може и да се изостави) 100 грама маргарин 150 грама рендан кашкавал 8 рамни лажици брашно Најпрво ги вариме макароните според упатството на кесичката, но да не се преварат. Додека се варат макароните го подготвуваме сосот. 2. Во тенџерче на многу тивок оган го налеваме млекото, додаваме сол, бибер и мускатно оревче и промешуваме. Треба малку да замлачи и го додаваме маргаринот исечкан на мали коцки и мешаме со жица да се растопи. Потоа го додаваме брашното и мешаме нон стоп со жицата. Сосот го готвиме околу 5 минути треба да се згусни повеќе од пудинг и потоа го додаваме и кашкавалот ( но оставаме малку за наросување одгоре). 3. Откако и кашкавалот ке се растопи сосот е готов и го истураме кај макароните. Ако ви се гледа многу густ не плашете се така треба да биде. 4. Убаво ги промешуваме макароните со сосот и ги префрламе во намрсен огноотпорен сад и одгоре го додаваме останатиот кашкавал. Може да се додадат и мали парчиња сланина, врат, сушени домати или ако сакате нешто друго, јас моите ги наросив со презла. 5. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 10-15 минути убаво да се запечат. Прекрасни се додека се топли и многу заситуваат. Со оваа количина можат да се најадат 4-6 луѓе.
Од што немам идеја веќе, денес листав tumblr профили со храна, само за да се инспирирам. Моиве ручеци се прават за 10 до 15 мин, побрзо од тоа не ми текнува нешто: Парченца пилешки стек пропржувам со кари, па на крај додавам хопла, и често и пармезан да се згусне. Ова најчесто во комбинација со грашок од конзерва. Нема побрзо од тоа да отвориш комзерва туна и да ја искомбинираш со што имаш; разни свежи зеленчуци, варена брокула, наут, црвен грав, конзервирани грашол, пченка, маслинки, кисели краставици, цвекло, итн. Замрзнати пастрмајлии во рерна, ако ти е кејф можеш да ставиш кашкавал или јајце. Или мантии. Тиквици на половина изечени, наполнети со печурки и кашкавал, а ако сакаш можеш и со мелено месо, поготово иде добро со мисиркино. Болоњезе со шпагети. Дур се варат шпагетите, пропржувам мелено месо со зачини и густо пире од домати, или сос во тегла од оној со босилек. А ако си љубител на брокула ко мене, мижеш да додадеш и сварена брокула. Или само со сварена брокула, и урда.
Во сад за печење ставам цели шампињони, колбас или друг вид сувомеснато, компири и моркови исечени крупно, може и друг зеленчук што има по дома, зачинето и со масло прелиено. И за 40 мин. во рерна има здрав ручек со месо и прилог без многу труд.
Или сварената брокула ќе ја изблендаш со павлака и пармезан. Или ќе ја искомбинираш со нудли и соја сос. И јајце (ја во микро си го правам за 50 секунди), за протеин. Барен ориз со зеленчук. Њоки со сос од пропржени шампињони со хопла и пармезан. Или со песто сос, свеж домат и пармезан. Или место њоки, било која паста. Или песто сос со свежа тиквица, со домат, со моцарела, пармезан, со јајце или пилешко. Киноа со зеленчик, јајце, урда, може и мевце. Air fryer едиција: пилешки прсти (од Стокомак оние) и компирови крокети топчиња; или свинско каре дур се прави во фрајер, праам инстант пире и сецкам салата. Похован кромид, похован кашкавал, поховано сè. Перечиња или ѓевреци исто во фрајер праам, па ги користам ко bagels , со намаз некој, свеж зеленчук, правам сендвичи. Во принцип најбрзо е на една рингла нешто да пропржиш, мевце некое, на друга да свариш нешто, паста некока, зеленчук, зрно некое. Гледам да искомбинирам протеин со некој јх, и обавезно свем зеленчук.
Ма ако можете и некои посложени пишете да направам нешто различно. Овие погоре што сте ги пишале мм не ги сака, ппвеќе ги сака оние традиционалните, така да секој совет е добредојден Еве на пр, полнети пиперки варени во тенџере на рингла. Мм така ги сака а јас незнам да ги направам така. Правев еднаш и ми остана жив оризот внатре а два саати го варев.
За летно време најомилено: мијам во цедилка една кесичка од киноата од кам или Стокомак убаво, ја ставам да се вари во 400 мл вода и сол малку. Во тавче пропржувам било што зеленчук што имам (кромид обавезно, пиперка, тиквица, модар патлиџан, што и да има и на крај обавезно некој патлиџан ставам, може да се стави некоја кобасичка, пушено месо нешто такво, значи што се наоѓа во фрижидер, од зачини оригано, магдонос, лук во прав, што сакаш). На крај во тањир комбинираш од киноата и зеленчукот. Друг летен: пропржувам кромид, лук, некоја пиперка, на крај додавам патлиџан сецкан и зачини. Кога ќе се искрчка малце правам како дупки и кршам неколку јајца. Поклопувам тавчето да се направат јајцата и на крај одозгоре сол бибер и може ако има сиренце да се изренда. Зимно време: некоја супа со зеленчук и пилешко кај што можеш да ставиш што се наоѓа по фрижидер зеленчук Компир салата: варени компири, цеден лимон, сенф, сецкан кромид и лук, може и некоја лажица мајонез, сол, многу бибер Крем супа од црвената леќа што многу брзо се вари (кромид, морков, леќа, домат од конзерва или томатело, зачини и после се блендира со рачен блендер) Едит: во крем супата може некоја коцка за вкус да се стави и обавезно ловоров лист
Земам гулаж најчесто од подравка, пропржувам кримид и морков, ставам вода и компири ситно на коцки, ставам гулажот и зачини, поклопувам и на тивко да се вари се додека не се сварат компирчињата. …… Во тенџерче го подгревам гулажот, и во истото тенџерче ги ставам шпагетите предходно исцедени и сварени
Јас речиси сите "манџи" ги правам на ист начин. Пропржувам кромид, морков, потоа додавам обавезно една лажица доматно пире, промешувам една минута и после додадавам, леќа, грашок, whatever, вода колку треба, коцка за супа и оставам да се провари. Доматното пире е супер замена за запршка да не треба да се прави, а да не е бљантаво. Иначе, доста често и просо правам јас на истиов начин. На киноа не сум баш фан, ама ова е превкусно. Следен пат пробај боцни ги пиперките малку.
Не ми текнало за доматно пире, јас така варам, без ништо. Ама баш ќе пробам. А, за полнети пиперки дајте некој подетален рецепт, значи онакви бабури, ама без месо да е, ориз само и некој зеленчук комбинација.
@RainBow Доматно пире му дава посебен шмек пробај Кога сме кај доматниот сос еве и еден друг рецепт кој го направив и дома многу ни се допадна, стек го сечам на тенки долж парченца и го пропржувам се додека не порумени, во огноотопорен стаклен сад го ставам, полевам доматен сос, рендам кашкавал одозгора и зачинувам со оригано и го ставам во рерна да се пече кратко време. Превкусно
И јас манџи правам како @Ketchup, на ист начин. Баш за денес во план ми е црвена леќа, ама погуста за да дојде како чорба. Не сакам кога манџите се премногу течни, ко водни. Со кромидот и морковот пржам и зелена пиперка насецкана на поситно. А внатре додавам малку пршута (дава многу убав вкус) и на сервирање во секоја порција малку наут од конзерва. Отприлика 2 големи лажици наут во чинија. Пармиџана ми е најомилено периодов, му доаѓа како лазања. Постапката е едноставна, се сечат неколку модри патлиџани на ленти по должина. Значи, ко листови да дојдат, дебелина по 1цм отприлика. Се посолуваат и се пржат. Мене ме мрзи да пржам па ги редам на тавче со маслиново, сол и оригано, ги запекувам додека не омекнат малку. И после се редат на ист принцип како лазања - ред патлиџан, ред доматен сос, пармезан. И меѓу секој слој може парчиња моцарела или кашкавал (со моцарела е поубава, кашкавалот ја прави малку тешка). Или и двете. Одозгора рендам дебел слој кашкавал и пармезан и тавчето оди во фурна на 20 минути. Предобро е.
Мене go to јадење ко ќе не знам шо да прам ми е мексиканска лазања пошто е многу флексибилна за праење и оди буквално со шо ќе се најди за сосот. Обично запржвам кромид, целер, морков. После додавам од конзерва шо имам од зеленчук. Најчесто пченка, грашок, грав, леќа. Исто супер одат било какви печурки. Еден период не ја праев ако не ставев спанаќ внатре. Ако веќе има леќа знам тука да застанам, ако немам ставам замена за мелено месо од џекфрут или онаа од Вердино. И за крај се ова да се пропржи па да прокрчка во доматен сос. Изборот на зеленчук е стварно на шо имаш во фрижидер. И од кога ќе прокрчка и убо се зачини, се реди една тортиља, од сосов, друга тортиља од сосов. Од горе напрскувам кашкавал и печам колку да се потпечат тортиљите и да се растопи кашкавалот. Следно go to ми е се шо иди од ќесичка. Јас имам пишано дека во последно ич не ми се влегва в кујна и ова е чувство шо трај. Па ќесички од ДМ ме преродват. Најчесто земам фалафел. Само ја растворам ќесичката и после ситно сецкам зелка и морков, да полежат во сол, сосче од сенф и кисели краставички, се то во тортиња и редам фалафелот. No brainer really. Некогаш и во мини гиро лепче со салата. Брзо совршенство. Ова не е многу флексибилна салата оти за да е вау уба мора да се има се ама еден период ми беше дел од ручек дур не ми здосади пошто од ко ја пробав во Кел комбинацијата, некако се опседнав со неа. Основа од ситно сечкана марула и после од горе краставици, бело сирење, кашкавал, сино сирење, варено јајце, авокадо, кубети/ коцки печен леб и сосче за салата по избор. С о в р ш е н с т в о. Исто многу лесно јадење ми е кога ставам вердино шницли во фраер, во меѓувреме потпеквам багета и мачкам со малку сенф и кечап или доматен сос, после то или марула, зелка сама сечкам, ако ептен сум мрзлива купвам од Веро , сецкам шницлите, редам во багетот и нив и толку. Кај мене нагласокот е на брзо и со минимално растурање в кујна. Се шо вклучва поќе чекори од старт го исклучвам од мени. Мене ова ми е моментално менито шо го јадам дур ми здосади.
Најчесто едноставни работи правам, манџи не бендисувам и за нив мајка ми си е задолжена. Овие сите се брзи и лесни: Спојлер 1. Макарони/шпагети во доматен сос. Црвен кромид, лук се запржуваат со путер, се додаваат пелати, сол, бибер, малку шеќер, тоа врие неколку минути и се ставаат сварени шпагети/макарони. Уште една две минути се мешаат убаво и на крај ги сервирам со пармезан и малку песто одозгора. 2. Бел сос со тестенини - овде било кои ги ставам иако со њоки ми е најубав. Првата постапка иста како претходниот рецепт, само место пелати ставам хопла, а ако не ме мрзи ќе направам бешамел зашто ми е повкусен од хоплата. Се вари малку и додавам моцарела, пармезам, сол, бибер да се стопат убаво. На крај само ги ставам тестенините и ги мешам и тоа е тоа. 3. Солен овес Овој рецепт за еден/двајца. Најпрво се запржува зеленчук - пиперки и патлиџан, може да се додадат и печурки и пченка. Се става овесот и се додава и вода за да врие, зачини(чили, црвен пипер обавезно), се меша и се чека да испари водата, треба да излезе тенок слој. На крај додавам маслинки и јајце одозгора и нај на крај се ренда сирење(со биено е најубаво). 4. Пилешко Пилешки стек на тава ми е највкусно месо, само пазам да биде маринирано барем 12 саати претходно заради вкус. Маринадата најобична од масло, сол, бибер, иако не е лошо и со сенф и мед. Со ова правам и ориз, со тоа што прво го варам и после го пржам на грил тава на путер со лук, кромид, зачини и златна мешавина(откритие ми беше колку е поубаво и со црвен пипер наместо само сол и бибер ). 5. Туна измешана со марула и пченка и сос за салата. Превкусно и преедноставно, преливот го купувам од маркет. Може истово и со пилешко во цезар верзија со пармезан, шери и кубети. 6. Супа со брокула Ова секако не е целосен ручек, ама вреди да го напишам затоа што е перфекција. Обична супа од ќесичка(кокошка) се вари, се додава еден исцеден лимон и брокула. Кога ќе повари малку се доадава едно јаце и се меша многу брзо за да не се згусне. Може и плус фиде да се стави. 7. Нудли со сос Овој рецепт може на многу различни начини да се направи, клучното е во сосот. Се запржува зеленчук - кромид, пиперка, морков, зелка, печурки, што сакате. Сосот се прави со вода, зеленчукова коцка, соја сос, јаворов сируп, малку брашно, балзамико, зачини. Се додава сосот во зеленчукот и се меша додека не се соединат, потоа се додаваат сварените нудли и повторно се меша уште две - три минути. Јас некогаш ставам и путер од кикиритки. 8. Авокадо сендвич Ова за доручек го јадам, ама може да најаде и за ручек. Авокадото треба да е добро созреано, црно и меко. Со виљушка го гмечам додека не се направи каша од него, додавам малку лимон и сол и бибер. Ако не е доволно зрело нема да испадне така. Мачкам на црн леб претходно ставен на тостер, му ставам марула, краставица, кромид, патлиџан, сварено јајце и изрендан кашкавал. 9. Фалафел бургери Има готова смеса во дм, иако не е комплицирано ни дома да се направи. Еве го цел рецепт да не го пишувам. Во карамелизираниот кромид може да се додаде и црвено вино. 10. Лосос на грил тава Од ова полесно амин, се зачинуваат филетите и се пржат по три-четири минути на страна, а се поливаат и со сок од портокал. Со печен компир како додаток е преубаво.