1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеи и рецепти за ручек

Дискусија во 'Рецепти' започната од RainBow, 10 мај 2023.

  1. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.926
    Допаѓања:
    12.415
    Пол:
    Машки
    Чисто онака пред некој ден ставив 1 пакет индоми инстант нудли во 1 пакет швајцарска супа на подравка. Ми се чинеше генијално а и вкусно. :D Повеќе тестенини. :D
     
    На Цобра, Мравојад, sunshinebabe и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    3.095
    Пол:
    Женски
    Овој гулаш ми е останат во памет уште од дете, добар ли е ко што беше порано? Не сум купила, а го меркам.

    На тема тортиљи:

    1. Динстам свежи печурки додека да испари водата, ставам павлака и зачини и кога ќе се згусне ја тргам тавата на страна (ако павлаката е по водеста ставам многу малку брашно колку да згусне). Некогаш за шмек ставам исецкано пушено месо, ама и не мора. Зимам тортиља, во средина ставам парченца кашкавал и после од филот со печурки. Виткам како палачинка и ги ставам малку во микро колку да се растопи кашкавалот.

    2. Гиро - од вечер маринирам мисиркино месо. Го сецкам на ленти, ставам малку масло, сенф, оригано, сол....стои преку ноќ. Кога ќе се приберам од работа само го ставам да се пропржи на тава, во меѓувреме ставам компири во ер фраер, маж ми сецка зеленчук и секој си го прави гирото по желба, со тортиља нормално
     
    На sunshinebabe и Angie1432 им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.075
    Пол:
    Женски
    Исти си е вкусот баш како на времето
     
    На Мравојад му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    3.095
    Пол:
    Женски
    Фала ти за одговорот, ме спаси, за утре знам што ќе готвам :)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.075
    Пол:
    Женски
    Наздравје нека ви е
     
    На Мравојад му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.753
    Допаѓања:
    4.367
    Јас ги правам со тиквица и модар. Пропржувам кромид, морков и месо (можеш замена печурки или па без тоа), после додавам тиквица и модар на коцки, доматно пире, ливчиња магдонос и целер, зачини по желба. Не ставам секогаш ама, ако ставам ориз или просо го оставам да се динста на шпорет. Откако ќе се зготви ги полнам пиперките и после ги печам со минимално вода колку да не загорат од доле, околу 20 мин со фолија и 10 без, да омекнат и да се запечат од горе, може и помалце ако се потенки помали пиперки.
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Женски
    Макарони во тавче ...поклопени
    Пржиш..кромод не многу лук пиперка и морков...од кога ке се подпржи му истураш томатело..се стоплува томатателото..го тргаш од оган.
    Паста по избор...претходно малку подварена.
    Ја ставаш пастата во тавичката ...го истураш сосот....на средна темшература готвиш.
    Ко ке се готови,му ставаш рендан кашкавал одозгора
    Се стопува и тоа....вадиш од рерна..
    Иии јадеш.
     
    На Pacifist и Viveki им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.147
    Допаѓања:
    18.999
    Пол:
    Женски
    Пилешко месо (или може и друго) се сецка на коцки и му се става сенф и зачини и така да одстои. Настрана се мешаат карфиол, праз и печурки во еден сад заедно и исто им се додаават зачини.
    Во тавче прво се пропржува пилешкото колку да не е живо и после се додава другово. Кога ќе се пропржи се заедно, се поклопува така да се динста малку. Искрено не знам колку време оти јас од око правам :D Отприлика пилешкото да е зготвено и карфиолот омекнат.
    Коа ќе биде убаво зготвено, се додава доматен сос и уште малку се пропржува со сосот па се трга.
    Може да се јаде или вака или во комбинација со тестенини или ориз.
     
    На Ne znam koj, Pacifist и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.147
    Допаѓања:
    18.999
    Пол:
    Женски
    Кондоми прочитав :tmi:
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.021
    Допаѓања:
    66.564
    Пол:
    Женски
    Ред глупи прашања.
    Оризот неварен се динста? Мислам, ставаш вода во прженото, оризот, па така се проварува?
    Пиперките во тава со вода и покриени одозгора со алуминиумска фолија?
    Многу буквално, ама ако не знам една точка, ми отиде целото јадење.
     
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    40.028
    Мусака со тиквичка

    Процедурата е иста ко за обична мусака, само место компир, се реди свежа тиквичка.

    И најбитно, пред да се редат состојките во тавчето, се фрла само пола рака ориз, за да ја упие водата од тиквичките.
     
    На manako1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.753
    Допаѓања:
    4.367
    Да, не варен, се вари во динстањето. Е сега по некое правило 1:3 е ориз со вода, ако е само ориз, не ставам толку. Ама овде зеленчукот пушта течност, плус патлиџан ако ставиш, отприлика да има течност колку да покрие, не повеќе, ако треба дотурам. 15 мин му треба на оризот да се свари.
    Е сега пошто оризот е варен, месо ако има е зготвено, зеленчукот исто, печењето е само колку пиперките да се запечат, нема ништо плус што треба да се доготви во рерна.
    Во тава наполнети пиперките ги ставам (можеш со тиквица или патлиџан да ги затвориш дупките) 1 шоља вода истурам во тенџерето каде што се готвеле да дособерам што останало:) и таа вода ја истурам врз пиперките, толку 1 шоља, затварам со алуминиумска фолија печам затворени дур омекнат и ги отварам да се запечат.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Рецептов ми го кажа пријател и лесно и брзо се приготвува.

    Во тавче со зејтин се става ситно сецкан кромид и се попржува, се додава мелено месо( отприлика колку сакате), се остава да се попржи и се додава малку вода, па се поклопува тавчето со капаче. После се додава златна мешавина,зачини,сенф, може и малку павлака да се измеша убаво се и да се добие на боја и вкус.

    Е сега ако немате златна мешавина можете да исецкате сланина и пармезан да се додаде, зачини и сенф исто по вкус. Јас си додавам и црвен пипер, малку BBQ сос колку да добие вкус.

    Пробајте мене и двете верзии ми се допаѓаат и се превкусни.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.266
    Допаѓања:
    11.334
    Пол:
    Женски
    Ова би било идеално како сос за тестенини или њоки..
     
  15. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Полнети пиперки исто и сарма посна кога правам на ист начин:пропржувам кромид, додавам рендан морков, печурки сецкани, ориз, зачини. А може и кромид, ориз и сецкани ореви, така е најубаво а посно.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Можеш да, како преферира некој. Пробај го.
     
    На нина122 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    5.263
    Пол:
    Женски
    Правам пиле едно цело( за неколку дена ручек имам)
    Во длабока тава пржам лукче кромидче па ставам хопла и чаша вода и сецкано пилешко и макарони. Посолуваш и јадеш.

    Следна варијанта вариш компир морков брокула . За сос пропржуваш печурки, кромид и лук откако се ќе се испржи ставаш коцка за супа и вода. Оставаш малце да прокрчка у меѓувреме 1 павлака и 1 лажица брашно( мешаш у посебен тањир) , тргаш на страна и полека мешаш се додека не стане хомогено. Оставаш да прокрчка убаво да биде густо. И ставаш малку пилешко , варен зелечук и сос.

    Полнети кори од хељда , смесата е 1 јајце урда и маслинки. Корите ги мачкаш со вода масло и ставаш од смесата одлично иде со јогурт.

    Полнети пиперки со ориз и соини трошки. Пропржуваш лук кромид, рендаш морков пиперка и ставаш соини трошки( предходно пптопени во вода), ставам сол бибер и малце димена пиперка зачин. Полниш пиперките затвараш со компирче редиш и доматно пире и вода потопуваш.

    Манџа од грашок и мелено месо . Плус правам пире и ставам во тањирот.

    Плескавици од леќа
    Варам леќа, рендам кромид, лукче, морков, пиперка 1 јајце и чаша лебни трошки. Формирам топчиња и пржам плус правам пире, или плескавици од тиквици .
    Море огладнев :o
     
    На buba4e89 и Viveki им се допаѓа ова.
  18. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.332
    Допаѓања:
    5.850
    @RainBow можеш да пробаш за полнети пиперки ориз и печурки, киноа, зеленчук (тиквичка, пиперка, морков) па затворни со круг компир или домат.

    Мене пролет и лето ми се омилени поради зеленчукот, па има исецкан зеленчук во тава, зачинет и потпечен.

    Бамји со пржени или печени пиперки, печурки ми е новата омилена "зелена" комбинација.

    Ќофтиња од зеленчук - рендана тиквица, морков, брокула, пиперка, јајце и презла за да сврзе. 20/30 мин потпечени во рерна после во комбинација со павлака се фантазија.

    Манџи сами што се варат :D за грашок само пропржувам кромид, мелено месо, додавам грашок, зачини и поливам со вода. Еден компир ставам да се вари, пред крај го пасирам за да згусне малце манџата да не биде ретка.

    Тава ориз со парче пилешко. Додека се пропржува кромидот и оризот, стекот ќе се свари. Во тава "се заборава" 30тина минути.

    Тестенини или ориз со морски плодови и сос од домати.
    Тестенини со парче сирење, доматен сос и чешниња лук во рерна да се испече.

    Немам желба ниту време за готвење, така што темава супер ќе се најде за иде.
     
    На Viveki и RainBow им се допаѓа ова.
  19. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    9.071
    Пол:
    Женски
    Кај да најдам трошки од соја, се утепав од барањесо години веќе нема, ни плескавици од соја?
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.021
    Допаѓања:
    66.564
    Пол:
    Женски
    Фала ви, утре ќе ги правам пиперките, купив што треба, па ќе пишам за резултатот.
    Ако не пишам, немало ручек. :D
    Ај пиши подетално рецепт.
     
    На manako1 и Hortenzija им се допаѓа ова.