Идеи и рецепти за ручек

Дискусија во 'Рецепти' започната од RainBow, 10 мај 2023.

  1. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    5.316
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам право , најдов у локален рандом маркет у кисела вода и у здрава храна продавница пред 1 година. Од виталија ги повлекоа, да ме утепаш не ми текнува каде видов у скоро време, дали зегин храна беше.. ако ми текне ќе пишам. Добра замена ми се чоризо кобасиците од дм, или она џекфрут исто од дм.
    Плескавици оние што беа 4 у паковање најдов у здрава храна продавница и дром ( на некои 100метри од авиатор кафичот од десна страна). Се зачудив и ја , буквално имаа се што сум купувала порано. Можно е таму и трошки да видов ево ти линкче
    MORINGA ZDRAVA HRANA (МОРИНГА ЗДРАВА ХРАНА)
    075 909 384
    https://maps.app.goo.gl/CMtUSjbp8efKFgVd8?g_st=ic

    @RainBow рендаш две големи тиквици и ги цедиш, додаваш брашно 1 јајце и лебни трошки( рендам 1 средно морковче, лукче тро поќе зашио убав вкус ми дава , 1 пиперка. Мерки искрено не знам, од окце ставам стави малце брашно малце лебни и јајце и види дал ќе ти се оформи плескавица.
    Имам пробано со интегрално, интегрално спелт океј испаѓаат, секако бело е бело :).

    Често правам и намази за брзински ручек конзерва туна у маслиново и 4 тркалца скиселено цвекло у блендер и убав кремаст намаз испаѓа. *додуша почнете со 2 да видите колку кремасто/ течно сакате. Со руола, спањаќ е топ.

    Пилешко урда, лажица сенф е исто вкусно а и најадува со салата на страна.
    Исто и гравот хаха што ќе остане у блендер. Стојат 1 недела у фрижидер:bandit:
    Или Салата, домат, краставица , авокадо и кубети.
     
    На sunshinebabe, Pacifist, bicycle и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.484
    Допаѓања:
    10.444
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу ❤
     
  3. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    8.361
    Пол:
    Женски
    Jaс никогаш не ги варам во тенџере на рингла ни полнетите пиперки, ни сармите.
    Полнети пиперки правам така што на масло прво попржувам мелено месо, па додавам кромид и морков изрендани и тоа да се попржи и на крајот оризот. Запржувам се убаво и предходно измиените и изчистени пиперки ги полнам со смесата. Ги редам пиперките во тепсија, а во тавата во која сум пржела предходно додавам три филџани топла вода и ги налевам пиперките. Прво ги печам 30-40 минути под фолија, па ја тргам фолијата да се запечат убаво одозгора. Кога ќе се запечат пиперките внимателно со вилушка ги вртам да се запечат и на другата страна. И тоа е се, се надевам убаво објаснив. Ако те интересира уште нешто пиши, ќе дообјаснам.

    Можеби глупаво прашање, но колку компири и колку вода ставаш одприлика?
    Ми даде интересна идеја за брз ручек, би сакал да пробам.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    26.823
    Пол:
    Женски
    Да, знам јас така да ги правам, али мм не ги сака така, оти се прави така како кора на оризот, ги сака варени на рингла. Ќе пробам следниот пат да ги боцнам со чачкалица па ќе видиме како ќе испаднат
     
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    @Belgin1 зависи дали ќе земиш од малото или од големото паковање, малото е доволно за две порции така да компири сечам колку за две порции и налевам вода колку да се поклопат компирите, значи не многу водичка, само колкунда ги покриеш компирчињата па истурам гулажот, поклопувам и на тивко да си се вари, кога ќе се сварат морковот и компирите готово ти е јадењето.
     
    На Belgin1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.780
    Допаѓања:
    22.862
    Потпечени болоњезе макарони

    Исто како обично болоњезе само откако ќе се сварат макароните и ќе се пропржи меленото со доматен сос, се ставаат во тавче за печење. Настрана се мешаат две јајца и урда или дробено сирење и се полеваат макароните одозгора.
    Се потпечува додека од горе фати коричка.
     
    На joy1, mal.ecka и Mateica им се допаѓа ова.
  7. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.922
    Пол:
    Женски
    Ја се правам во мултикукер под притисок и се готови за помалце од пола сат и само еден сад се користи, еве неколку идеи:
    1.Манџи-кратко пропржувам кромид морков и нешто друго зависи што ке биде манџата, компир, или леќа, или грашок, боранија и сл,долевам топла вода, коцка за супа, зачини,д.пире некогаш, ако ставам месо уклучувам на 20 мин, а без месо ако е 10 мин под притисок и е готово, потоа не задржувам, некои чорби ги блендирам цели со рачен блендер освен месото зашто моето дете пребира,или па дел блендирам на страна па го додавам назад колку да згусне чорбата.
    2.варам компир на коцки за пире и во аир фраер некое мевце или колбаси
    3.тестенини во кукерот ми се омилени, на пр болоњезе, пропржувам месо кромид морков и зачини, додавам тестенини доматно пире и вода да ги покрие и ги ставам на 5 мин.Исто и пица тестенини, прво пропржувам сувомеснати и печурки, па ставам тестенини, доматно пире и вода да ги покрие, уклучувам на 5 мин и готови се, на крај доставам кашкавал.
    Грав се вари само подолго во кукерот 40 мин.
    Ориз се прави за 20 мин со копанчиња, прво се пропржува кромид, морков и сл, па оризот се додава и копаните, може и да се смрзнати не им смета, и се додава вода, готово е се за 20 мин без рерна.
    Во принцип се исто се прави ставаш состојки течност зачини и чао за 10-20 ,мин имаш готов ручек, а комбинација безброј.
    Или месо и компири во рерна.
    Компирчиња замрзнати и плескавици во аир фраер исто брзо биваат.
    Мене ме нервира комплицирано готвење, сакам експрес брзо, додека да направам салата да е готово се.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.283
    Допаѓања:
    1.721
    И јас имам аир фраер дај му идеја за ручек?
    Инаку компири, ама не замрзнати туку свежи не ми успеаа беа некако живи, како да ги правам?
     
  9. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.922
    Пол:
    Женски
    Свари ги прво и после запечи ги во аир фраер со малку масло и зачини, доаѓа како рестован компир е и е баш вкусно, а ако сакаш пржени да ти успеат не ја преполнувај корпата, исецкај ги приближно исто и стави им малку зејтин како за салата,сепак се зависи и до компирите, некои се повкусни некои се како дрво.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.283
    Допаѓања:
    1.721
    А да ги варам и за како пржени или живи да ги ставам?
     
    Последна измена: 14 мај 2023
  11. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.922
    Пол:
    Женски
    За пржени живи стави ги, само стави им малце зејтин и измешај ги, така се повкусни, јас ставам една третина од корпата и после 10 мин некаде ги протресувам малце.
    Можеш така и тиквички,модар патлиџан или моркови, исецкани како помфрит, со малку масло, и зачини, јас ставам лукче во прав, вегета и копар обично.
    Во него пржам печурки, зеленчуци, јатки, кифлички, пица лепчиња, кубети од леб,месо ретко, колбаси, суџук, јаболка, круши, топено сиренце...Предност пред рерната е што одма загрева и така е се брзо и плус практично за оброци.
     
    На Pacifist, Мравојад, sani99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    Плескавиците со тиквици јас многу лесно ги прсвам.

    Рендана тиквица, јајце, брашно, зачини, магданос, и течноста да биде ко за палачинки.:D
    Формираш плескавица и тоа е тоа,нема филозофии.

    Исто така правам пирошки со леб.
    Тој жито лукс тост леб, ставаш ќечап, кашкавал, зачини и формираш палачинка, валкаш во јајце и презла, прицврстуваш со чечкалици и пржиш.

    Истата постапка е и со готови кори.:D

    Ем брзо ем вкусно.

    О и да, тестенините со хопла и томатело исто така се вкусни.
     
    На Antebellum, Ne znam koj, sunshinebabe и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.780
    Допаѓања:
    22.862
    Да додадам и плескавици од компир.
    Крупно рендан компир се меша со кромид, јајце брашно, зачини и нешто магдонос, рузмарин зависи од вкус каков сакате.
    Смесата е вака кашеста малку ако не се исцеди убаво компирот ама со лажица пак може да се зема и става у тавче па со пржење се прават убави плескавици.
    Одат убаво со доматен сос или кајмак.
     
    На Antebellum, Ne znam koj, sunshinebabe и 4 други им се допаѓа ова.
  14. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.512
    Допаѓања:
    1.424
    Варен компир нели ?
     
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.785
    Допаѓања:
    40.636
    Пол:
    Женски
    Ова е многу вкусно, само што јас само со сирење го правам. Не ми текнало со болоњезе.
     
    На Pacifist и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.780
    Допаѓања:
    22.862
    Со жив јас:D
    Ама тенки ги правам плескавиците во тавчето па од внатре убаво си се пропржува
    Од надвор се крцкави, од внатре меки.

    Онакви обични со сирење и кисело млеко ги обожавам и јас.
    Вака рандом ми текна да пробам еднаш и не можев да му се изнајадам:D
     
    Последна измена од модератор: 16 мај 2023
    На Pacifist и Angie1432 им се допаѓа ова.
  17. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.283
    Допаѓања:
    1.721
    А брокула дали печеш во аир фраер?
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.233
    Допаѓања:
    67.739
    Пол:
    Женски
    Биднаа полнетите пиперки.
    Пропржив кромид, морков, тиквица и телешко ставив ептен ситно сецкано. После додадов вода и ориз, 1:3, според советите тука, ама сепак ми беше малку тврд оризот, па доставив уште една шолја вода.
    Откако изври наполнив пиперките, покрив со фолија и во шпорет, па после извадив.
    Испаднаа супер, дете се налапа, изеде цели две полнети.

    Ама, морам да признаам дека е полесно само да се свари оризот, зеленчук посебно и пржени пиперки. :D
     
    На sunshinebabe, Мравојад, manako1 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.047
    Пол:
    Женски
    На здравје. Не мора да чекаш да се свари оризот, наполни ги само со подзапржен, после со се месо ке се свари.
     
    На Anyshka, RainBow и joy1 им се допаѓа ова.
  20. Мравојад

    Мравојад Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    3.120
    Пол:
    Женски
    @Amelia
    Јас во фраерот сум правела брокула и карфиол. Прво ги ставам да се проварат кратко некоја минута, после ги ставам во јајце и во фраерот. Лично карфиолот ми е поубав.
    Сум правела и ќофтиња, лосос, оние белине сурими, се ми искача многу убаво, само пред да ги ставам ги мачкам со маслинов зејтин.
    Компир незамрзнат исто правам, го сечкам на поситни стапчиња, малку да отстои во вода и го мачкам со маслинов и баш е убав. Е сега дома ми рекоа дека не бил како пржен компир, ама тоа им е :) бар знам дека не е пржен во 100 кила зејтин.
     
    На eliesaab, Pacifist, Amelia и 1 друга личност им се допаѓа ова.