Вчера му правев на сопругот зеленчукова мешавина (со печурки) со хопла. Ја пржам мешавината 5 минути и после тоа додавам вода во тавчето, зачини и оставам да се вари. Кога ќе се собере водата додавам 200мл. хопла. Тоа се вари додека не згусне.
Печени полнети црвени пиперки-ајварки со месо. 10 пиперки се мијат и се сече кај рачката како капче, се вади семето и се полни со смеса од мелено месо. Смесата за 10 пиперки на запржен кромид од 1-2 главици, се додава околу 650 гр. мешано мелено месо,при крај 200 грама интегрален ориз измиен со вода и зачини( сол, вагета, црвен пипер, бибер и малку оригано). Се полнат пиперките се затвараат со капачето сосе дршката или резанки компир или домат, се редат во тавче, јас ги редам во ѓувечара -тава со капак, ставам и компир и зовривам вода во тавчето каде што се пржење месото и полевам преку пиперките скоро до врвот. Поклопувам тавата и печам во рерна на 200Ц одприлика 2 саата, после отварам тавата малку да се потпече и готово.
Зеленчукови штангли. Неколку компири и неколку моркови се варат сецкани на парчиња. Кога ќе се сварат, се пасираат со вилушка, да не се совршено изблендирани туку да се осеќаат парченца. Се додава лукче, 2 јајца, лебни трошки и пармезан. Јас додавам и моцарела или гуда рендани, што имам во моментот. Се зачинува стандард сол, бибер, магдонос. Други зачини по вкус. Се формираат штангли, се пече на хартија или се пропржува. Зеленчукови палачинки. Рендана тиквичка оставена на газа да се исцеди, рендан компир, јајце, малку брашно, малку лебни трошки, сол. Смесата е потечна. Се формираат мали палачинчиња директно на тава со лажица. Не сум пробала да печам, можда може и така. Се пржи на путер или малку маслиново. Мисиркини ќофтиња. Смеса мисиркино некогаш мешам со малку смеса свинско мелено, варен морков на коцкички и пченка. Зачинето по вкус. Може да се пече на хартија или да се пржи. Печен лосос со зеленчук Се редат филети лосос на средина, околу нив, се редат брокула цветови и шпаргли. Се пропрскува со маслиново. Лососот се зачинува со сол, бибер, копар. Се цедат 1 до 2 лимони над лососот, а особено над зеленчукот. Се редат лентички лимон над лососот и се пече. Печен кокош. Додека се пече кокош се спрема прилогот. Се запржува сецкан кромид, морков, црвена пиперка (јас секогаш ајварка користам оти е највкусна, ама може било каква) шампињони, сецкан компир. Се зачинува стандард - сол, бибер, црвен пипер, лукче и домат во прав, магдонос. Останати зачини по вкус, копар, рузмарин, босилек. На пола печење кокошот се превртува и смесата се додава околу и се враќа да се допече. Последново ми е хит од лани прв пат за нова година го правев го видов на рил. Свински врат парчиња со коска печени со зеленчук. Во длабок сад за печење со капак, се сечат на поголеми парчиња кромид, компир, морков, пиперка, се редат парчињата свински врат, се пропрскува со маслиново и се додава малку вода, се зачинува по вкус и се меша со раце. Се покрива со капакот и се пече околу 3 часа. Мене повкусно ми е месото ако веќе го имам зачинето од претходно и последниот саат, промешувам и печам без капак. Ај да ја активираме малку темава. Дај пишете сосови за даска и крем салати за периодов што следи, а да не се стандардните руска и со урда оти здосадени ми се. И кажете ми која знае како да направам сос за пилешко со печурки, никогаш немам тоа правено, само по ресторани така сум јадела, а баш ми е мерак дома да напраам.
@Yowannty На тема салати Ова го меркав https://nmd.mk/4-mnogu-vkusni-salat...-ne-znaete-koja-od-koja-e-povkusna-i-poubava/
@Yowannty Прво пропржувам кромид и лук, откако се тоа убаво ќе се карамелизира додавам зачини сол бибер, ондак додавам печурки убаво исецкани и ставам лажица сенф чекам да се пропржат и додавам коцка за супа и вода. У меѓувреме во посебна чинија павлака и лажица брашно , тргам на страна и полека ја ставам смесата и мешам.( обавезно и магдоносче ставам) Враќам да прокрчка и да се згусне и сервирам …
Обичните Па до пола тенџере, декогаш од око правам; има некои 500 мл И повеќе да ставиш не е страшно ќе испари
За сос за даски јас само еден правам (само еден знам ) ама ми е стварно вкусен. Најчесто за колбаси и ќебапи. Земаш една чашка павлака од околу 250мл стандард како што се продава во чинија ја истураш додаваш малку сол една лажичка мајонез неколку капки масло и едно чешне лукче ситно исечкано. Мене ми е ова превкусно. Секако би сакала да споделат и други да си научиме и ние. Од сос за пилешко ја правам со кари
https://nmd.mk/kofte-vo-domaten-sos-brz-lesen-ruchek-bez-przhene/ Ова ми е еден од најубавите и омилени ручеци форевер Во рецептот пишува лук, јас не ставам, вие можете да си ставите нормално, кој како милува. До скоро ми беше еднаш неделно на мени ама сега го покачив на 2-3 недели дека нејќам да ми се здосади
Пилешко и зеленчук во вок тава (Или chicken stir-fry): 1 пилешки стек (на коцки) 1/2 кромид (сецкан на ленти) 1 пиперка (зелена, црвена, двете, каква сакаш), сецкана по должина на ленти 1 морков (со ноже за лупење направен на тенки ленти) 1/2 тиквица (сецкана на кругчиња, па на пола или на три) брокула (неколку парченца, може и замрзната) зрна пченка (еден грст, може и смрзнати) По избор може да се додаде претходно сварен наут или патлиџан/шери томато Зачини: сол, бибер, вегета и кари Најпрво зеленчукот однапред го мијам и сецкам, да е спремен. Потоа ја загреваш вок тавата со малку зејтин во неа. !!!Правилото со вок тава е секогаш да работиш на појак огин и да не ја пренатрупуваш со состојки инаку ќе добиеш варен наместо крцкав зеленчук. Така да готвам колку за една порција во неа. Еден свеж пилешки стек го сечкаш на коцки и прв го ставаш во тавата. Повремено го мешаш. Кога е заруменет ги додавам прво кромидот, па потоа морковот и пиперката, па тиквицата. Брокулата и пченката на крај ги додавам. Го следам овој редослед за да сите зеленчуци останат малку крцкави, а пченката заради скробот знае да почне да загорува ако се пржи подолго. Зачините ги додавам на крај и сервирам со наут или со патлиџан. Може да се менува по вкус со други намирници.. Сликава е без кари, пченка и патлиџан и има свежи печурки.
Пошто сакам да експериментирам со пилешко, открив уште едно убаво јадење. Ви требаат: пилешко месо (или мисиркино) печурки, ориз, главица кромид и тегла доматен сос. Настрана ставате да се свари оризот. Во тава се запржува прво кромидот па се става пилешкото исечкано ситно, на коцки. Се додаваат по некое време и печурките и зачини и така малце да динста. Кога е пилешкото убаво зготвено, му се става сосот, се меша и по некое време и сварениот ориз. Се остава така некое време да се крчка сѐ заедно и после се јаде Следно ќе пробам и класичната тава со ориз со доматен сос, да видам дали ќе е поарно.
Ме потсети на мексиканскиот ориз што го правев порано. Ако правиш ориз со домати пробај вака. Три исецкани, излупени патлиџани, кромид четврт главица, едно чешне лук, сол и околу 300 мл (една шолја) вода/супа од варено пилешко месо се ставаат во блендер и се прават сок. Може да ги изблендираш прво патлиџаните па да ги додадеш во водата од пилешкото ако не ти собира. Во подлабока тава на масло се пржи оризот со мешање додека да пожолти. Се истура сосот од патлиџани и се меша цело време. Кога ќе се упие течноста се додава уште од водата од пилешкото. Зависно од тоа колку ориз правиш, ама јас како за 4-5 души правев и додадов уште 1700 мл супа. Значи некои 2 л супа имав спремно. 5 минути да врие, потоа на тивок оган со капак го оставаш да вари уште 15 минути без отварање на капакот. После го тргаш од рингла и го оставаш уште 15 минути да отстои поклопено. Ќе ја упие течноста цела и ќе е како од тава.
Јас конечно најдов начин како да инкорпорирам Тофу во исхраната. Ми смета текстура па зедов silken tofu и го ставив во блендер. Следно ќе ставам плус индиски орев, ако биди да биди, ама прво по оргинален рецепт напрајв. Напрајв запршка со кромид, масло, путер. Додадов гочуџанг. Размислувам следно да ставам и печурки тука или некој зеленчук шо оди добро со тестенина. Очигледно сакам флексибилни рецепти. И после кога ќе се пропржи кромидот додадов блендираното тофу во тавчето, да покрчка малку и зачинвам по вкус обично чили не додавам кога ставам гочуџанг ама работи ко сол, босилек, пипер си додавам редовно. Додавам варени тестени и тоето.