Форумџика на годината

Идеи и рецепти за ручек

Дискусија во 'Рецепти' започната од RainBow, 10 мај 2023.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    49.003
    @theowndemon, само сакав еден совет да ти дадам да не јадеш соја и производи од соја.

    Избегнувај и млечни производи колку можеш. Друго не ти мрчам, гледам многу убаво и здраво се храниш.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ne znam koj

    Ne znam koj Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Жени
    Купив мисиркини медаљони.Прв пат ке ги правам.Е сега давајте идеи како да ги направам?
     
  3. Bubi*2

    Bubi*2 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    1.094
    Допаѓања:
    20.040
    Пол:
    Женски
    Јас ги земам често како замена за пилешко. Значи или во грашок манџа или во тава ориз. Се што би правела всушност со пилешко правам со нив. Немам некој посебен рецепт :)
     
  4. Ne znam koj

    Ne znam koj Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Жени
    Ке ми доагаат гости.Давајте идеи со кои нема да главам во кујна,а ке е вкусно?
     
  5. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.042
    Допаѓања:
    17.025
    Пол:
    Женски
    Даска со сувомеснати и тортиљи (со чедар се многу вкусни).

    Едит. Ако сакаш луто додај и опако.
     
    Последна измена: 16 февруари 2025
    На Ne znam koj му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Домаќинки, сакам со стек да направа гиро ( некоја верзија на гиро) , што зачини треба да му ставам?
     
  7. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    9.468
    Пол:
    Женски
    И ова вкусно е, ама најискрено? Стварно веќе не знам што за утре...
     
  8. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    825
    Јас си имам една листа со 50 60 јадења и линкови од рецепти и така кога немам идеја си ја отварам си барам, и си ги менувам, пример место ориз, кус кус. Ова е најчесто што правам кога немам идеја

    Крем супа
    Буквално од секаков зеленчук што ми се наоѓа. Прво кромид да се пропржи, па зеленчукот, па два компира. Му ставам коцка супа и малку бело вино. Дури се вари сецкам леб на коцки го зачинувам и го ставам во ер фраерот да излезат кубети. Ја блендирам сварената супа и додавам од кубетите, лимон и маало од тиква. Вакви супи имам правено од брокули, грашок, ротквци, тиква.
     
    На Ne znam koj и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  9. МикиМаусовка

    МикиМаусовка Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2024
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Како да комбинирам варени макарони со печурки?
     
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.288
    Допаѓања:
    27.247
    Пол:
    Женски
    Печурките можеш во сос.
    Ставаш да се пропржи кромид, додаваш печурки, кога ќе омекнат, ставаш павлака или крем за готвење. Јас знам да додадам и пилешка коцка за супа место зачини и така го вариш сосот уште 10-15 минути и после го ставаш на тестенини.
     
    На Ne znam koj и МикиМаусовка им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.457
    Допаѓања:
    68.803
    Пол:
    Женски
    Јас денес правев полнети печени компири. Ги исеков на пола и ги ставив да се варат. Ги оставив да омекнат, ама да не се раскашават. Ги тргнав да се ладат, за тоа време пропржив кромид, лукче, пиперка, додадов телешко мелено месо. Откако се оладија компирите им ја извадив средината, ја ставив во посебен сад, додадов павлака и сол, промешав, на тоа го додадов месото со зеленчуците и све добро се спои. Ги ставив компирите издлабени на хартија за печење, ги наполнив со смесата и ги ставив да се печат. Попрскав после одозгора со малку пармезан.
    Превкусни испаднаа.
     
    На Ne znam koj, firequeenn, CareTee и 3 други им се допаѓа ова.
  12. МикиМаусовка

    МикиМаусовка Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2024
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Идеи за салата со пченка?
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.457
    Допаѓања:
    68.803
    Пол:
    Женски
    Вок нудли правев денес.
    Нудли со јајца, морков, зелена пиперка бабура, виолетов кромид, ананас, сосот го направив помешано соја сос со масло од сусам, малку лимон, малку вода.
    Прво нудлите ги ставив во зовриена вода неколку минути да омекнат само, потоа зеленчукот во тава со малку масло, прво кромидот минута, па морковот, пиперките на крај, после се додаваат нудлите, сосот и ананасот, све се промешкува неколку минути. Може и со пилешко, нешто морско, како сакате.
    Битно превкусно испадна и дефинитивно влегува во менито.
     
    На bubemconia и senjorita-v им се допаѓа ова.
  14. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    825
    Кај мене денес посно леќа со спанаќ.

    Нема некој посебен рецепт. Јас вака правев
    1 кромид
    2 парченца лук
    1 морков
    Една чаша леќа
    Еден благ компир
    Два грста спанаќ
    Доматно пире 2 лажици (моево е ептен густо ко паста)
    Сол, вегета црн бибер, црвен пипер

    Се запржуваат зеленчуците на масло (прво кромидот, па лукот на крајот спанаќот и морковот), после се додава леќата која предходно одстоела неколку часа во вода. Се додаваат 3 чаши вода (иста чаша за мерка ко леќата) се додаваат сите зачини и се вари околу 45 минути.
     
    На Liza38 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.625
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Машки
    Туна салата.
     
    На МикиМаусовка му/ѝ се допаѓа ова.