1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идејата добра.....реализацијата утка! (неуспешно готвење)

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Mygirl, 25 ноември 2010.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Моите последни предновогодишни колачиња беа утка. Море не утка, подобро бетон да кажам!
    Го направив тестото, ги извадив формичките, ги филував и ги бутнав да се печат.
    Ама, нели обично кога ставаш нешто да се пече, готово е кога ќе почне малку боичка да фаќа.
    И од каде јас да знам дека овие колачиња, одн.ова тесто , не требало да смени боја??? :^)
    И чекам, чекам, чекам и чекам повеќе од пола час, и гледам не се менува ништо. А тоа да се испекле, и препекле.... :tmi:
    Ги извадив и прелив со глазура, и ги оставив да се исушат и изладат.

    Свечено им ги принесов на сите “среќници’’ во станот. Не можам да го објаснам звукот од нивните усти кога гризнаа сите во исто време. Мислиш се крши нешто. Среќа немаше паднат заб, мислам дека тоа ќе беше вровот на моето маестрално испечени колачиња.
    Веќе не ги правам тие бетонски колачи!
    Проклети да се, отиде мојата куварска репутација, со еден гриз!
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Последниот пат кога сум напраила утка беше кога решив сама првпат да направам ориз и пилешко...го ставам тавчево во релна се спремно како што треба ама немав ставено доволно вода...а на оризот е потребно повеќе вода...и кога ми загори оризот за едно пола саат (а иначе му треба најмалце саат и пол да се испече)..буквално црн беше од страните и загорен одоздола...хахахахах...и коа почнав да се нервирам зашо сум изгубила саат време претходно дур да го истребам оризот :devil: ....али на крај мајка ми некако успеа да напраи нешто од тоа :D
     
  3. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Не ми се верува дека сум таков антиталент :^) И се случило ли на некоја од вас да загори топло чоколадо и тоа два пати по ред? Мене ми се случи тоа вчера :@ Си купив турско кафе елит, го отворив, кога внатре награда 100 грама топло чоколадо. Радосно се симнав до продавницата и си ја подигнав наградата :) Ставив млеко и 4 лажички топло чоколадо. Но, не знам како се случи да го загорам :?: Цело време внимавав, за на крај кога доаѓа клучниот момент кога треба да се внимава, јас да заборавам на чоколадото :^) Го извадив од рингла дури кога почна да мириса на изгорено :D Го пробав, и веднаш се покајав што го сторив тоа :puke: Малку покасно истата ден, дојде дечко ми на гости и му понудив да му направам топло чоколадо :D Но, и ова топло чоколадо го снајде истата судбина како претходното :rofl: Ништо од наградата. Не ја вкусив :D Абе не е залудно кажано она: Како дошло, така прошло!
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    Ставив зејтин да ми се стопли за јајца да си испржам. Си седнав јас пред компјутер и гледам нешто ми чури, оп зејтинот. Арно ама многу ми се јадеше и си ги скршив јајцата, кога загореа, ах црни беа. Среќа само со сестра ми бевме, па немаше галама по дома.
     
  5. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    68
    Решив да правам солени палачинки. А немам појма што е,како е. Разматив јајца само и ќе правам палачинки, леле кога ќе ми текне само какви беа!! :puke:
     
  6. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    значи си читам јас фемина,си читам така едно добри 15 минута а ја ставив супата која беше направена за да се подгрее да појадувам.се занесив се додека не почувствував мирис на загорено дома,истрчав но веќе беше касно беше загорено се....се изнервиурав и за инат ставив да јадам супа но таа целата горчеше и ја фрлим, :( :( најомоилента ми беше.каков штетник сум значи :lol: :lol:
     
  7. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    пита од јаболка вЧера барав низ форумов ми помогнаа ми најдоа рецепт и на крај одозгора изгорена оддоле непецена еееееее тоа ти се вика мајстор :D :D а бас ми се јадесе
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Нормално сум загорувала, не сум допекувала :D
    Ама најголема утка ми се њоките!
    Одамна беше, али битно мевце дома имавме направено и јас на моите им викам место печени компири или пире ќе ви направам еден италијански специјалитет. Се изнамачив од компирите да направам кругчиња, па брашното, абе лудница беше. Ништо не ми испаѓаше. Кујната беше лом. А не ни знаев ни како треба да изгледаат што е најстрашно.
    Се фрлив во канта, исеков нови компири и си направив помфрит. :wasntme:
     
  9. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    хахах мене што ми се има десено со пица.
    значи никат у живот у кујна не сум влела да направам јадење освен јајца и ми текна ќе прабам пица, ама не со она готово тесто туку сакав сама и тестото да го направам ставам вода брашно и незнам уште нешто му ставив и го оставив нели да се дигне и го извадив да земам пицата да ја направам. го сатавм тестото на маса и го поминав со сукало ама тестото ми се залепи на сукалото и земав ставив 2 кила зејтин да го одлепам, после тоа ставив кечап печурки кашкавал и сеа требаше да ја ставам во тавче да се пече нели.ама неее мојава пица неќеше да се одлепи од маса и се милсам што да правам викам ај ќе направам затворена пица да биде и земав го преклопив тоа тестото ама пак неможев да ја одлепам од маса на кеај земав ја згужвав тоа печурките ми излеоа надвор и ја ставив во тавче моментот беше кога ха заботавив пицата скроз изумив дека правам нешто ја извадиц од релна таа преорена црна тврда мајка ми се умре од смеење а ја таква целата викам убава е и земав ги јадев печурките одозгора а останатото и го фрлив на мачката а најолемата трагедија е што мачката само о помириса и си се тргна :devil:
     
  10. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    еее и кај мене има многу утки, особено на почетоците од моето готвење, и никогаш немислев дека олку многу сега ке се усовршам, дури и ден денес мајками не верува колку готвам добро ;)
    ама ајде да си кажам:најпрво беа макароните, решив да варам ,ама никој не ми кажал дека треба многу вода, јас милсев малку и ги оставам да се варат, ама кога ке видам шо ке видам, и тие црни а тенџерето уште поцрно, се изгорело :D и ајде одма се во ѓубре ;)
    потоа ке правам торта, и јас како дени од а1 ставив помалку брашно и пуста торта моја никако да се испече :lol:
    имаше и др случаи ама сега неми текнува, ама на грешките се научив, и сега сум супер домакинка ;) :lol:
     
  11. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    купувам пилешки батаци и маги сочно од рерна ( колку да се знае не ми беше прв пат :lol: )Ги ставам батаците во кесичка,ја протресувам и ги ставам да се печат :D После вообичаеното време за печење ги вадам и уфффф колку добар мирис.Седнуваме сите на маса така ептен гладни ги вадиме батачињата од кесичката и ОООППП внатре живи недопечени :rofl: Мажулето мое ми вика абе ајде шо се нервираш еве ќе јадеме компири и салата :D Луѓе пукнав од нервоза :envy:
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    мој неуспех во готвењето е само кога пржам компирчиња, некогаш се недопржени-живи од внатре, или црни отозгора(ама барем се испржени), :lol: :rofl: а најлошо е кога брат ми ке проба, и кога ке види дека се недопржени, кога ке направи една фаца... се ми е јасно :)

    инаку се ги усовршувам моите готварски способности, и за сега добро ми оди
    (кога имам време знам и да експрериментирам во кујна)
     
  13. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Кога бев помала сакав да пробам да направам торта. Најдов еден наједноставен рецепт и почнав. Арно ама некако заборавив да го ставам брашното во тортата и кога ја извадив личеше на печен пудинг :worried:
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ми оди готвењето, ретко кога сум направила утка, но едни „новогодишни“ кифли ми ја уништија мојата готвачка кариера, па морав одново да се покажувам и докажувам.

    Една недела пред Нова година правев некои кифли, стандардни, обични и тогаш ми испаднаа одлично, Петко и неговите дома прсти излижаа.
    И бидејки се договоривме дома да ја дочекаме новата година јас ветив дека ќе направам убави кифли, и тоа не една туку две тури.
    И станувам рано сабајлечки на 31, засукав раквите, испазарив брашно, квасец и се што треба и се фрлив на месење. Меси, меси не иде, но си викам ќе се оправат после кога ќе ги оформувам, но во првата тура заборавив да ставам јогурт, па го додадов после и го викнав Петко да ги оформува и сука додека јас направам тесто за втора тура. Тој сирот мака мачеше со тоа лепливото тесто, ама некако ги направи и ги ставивме во рерна.
    Тие се печат ама не раснат, треба да пораснат малце и си мислев дека е заради јогуртот но и втората тура исто.
    Ги извадив сите во кеси да омекнат, а тие едни камен-тврди да не посака човек да ги проба, едни жгуљави, мали, никакви .

    После тоа другиот ден ги однесов кај мајка ми, за нивното куче и брат ми мораше за ме зеза дека тоа биле чипс кифли, крцкави а дека не биле ни за Рино(кучето) зошто и тој ќе си ги искршел забите :(
     
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    ЕХХХХ тој Марфи да си јаде газот. Еве што ми се случи (малце е оффтопик ама сепак е неуспешно готвење)

    Мојот сегашен дечко требаше да ми дојде на кафе уште кога немав ништо со него. Јас со месеци вратот го кршев по него и конечна да соберам храброста да го поканам на кафе кај мене. Дојде тој, цимерките излегоа, и ми вика слушнав си знаела кафе да вариш. И почнав јас да се фалам колку знам да готвам се како готвењето ми е хоби посебно македонска кујна итн итн. Ептен благо кафе пиел па јас ставав ли ставав од тоа шеќерот си викам ај и јас благо ќе пијам нели де Све за љубав. Го сварив кафето само што го проба исплука 3 метра пред него. :puke: :puke: Цимерката една се збунила па во кутијата за шеќер ставила сол. Во земја пропаднав. И ден денес ме зафркава за кафето. :$ :$ :$


    Инаку многу сакам да пробувам нови рецепти и досега голема утка не сум имала.
     
  16. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Јас сум немала вакви приблеми секогаш правам без грешка но еднаш седов демек грав ќе правам и тоа требало малце да се стави јас цело кило го турив гравот во тенџерето и го оставив да се вари го зеде да префрла од внатрее а јас и зачини си ставив и се кога с дојде мајками кга зеде да ми се смее,ама тоа е се прават грешки,и до грешките се учи :lol:
     
  17. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Оф јас и моите пуканки!
    На одмор кога бевме сега и дека на друг шпорет,дуги тенџериња,и нели не сум навикната.Ставам јас да се пукаат,и првата тура ми загоре.Ги фрлив,да ставам нова тура,пола испукаа,ама па тенџерчето загоре овој пат.Сакав и трет пат,ама ме избркаа дечко ми и друштвото...па нели не се фер,може ќе ми успееше :$
     
  18. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Лелеле еднаш сакав да си направам онакви fortune cookies и си најдов рецепт се се убаво ми изгледаа, мислев ке бидат ко чипс такви тенки што крцкаат ама благи, правев што правев требаше да ставам 1 шеќер 1 сол јас 2 сол сум стаила :tmi: и не испаднаа такви испаднаа препечени подебели од палачинки грди солени, ле-ле...
    а сеа пред некој ден моиве на одмор јас неам поима од праење палачинки :$ и од две тури само 4 палачинки ми успеаа :(
    и сеа ме зезаат другариве дека не сум ја за у кујна :lol:
     
  19. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Mоре ај да напишам за лазањата :D Mи се јадеше лазања и купив сите продутки,дури зедов 2 тегли бешамел сос(а отсекогаш сум правела со нормален црвен сос,и супер ми испагаше)и ок,доагам дома,и си правам,турив 2 тегли бешамел,измешав,се спремно за печење,се испечи,абе цела кука смрдеше на поврканици од бешамелот,на маж ми му се слоши,и ја фрливме,наредниот ден ги посетивме едни роднини,и јас и кажувам на јатрва ми вчера праев лазања ама ништо не испадна,ја фрлив,изгледа сосот не се погоди и таа,а што сос стави?и јас ам 2 тегли бешамел,и таа Aбе M лазања се прави со 2 сосеви,бешамел и болозње,и јас :$ :tmi: не покушав од тогаш лазања да направм :wasntme:


    Mаги во рерна Cи купивме копани се ова она,ги ставив во кесата,си пресеков компирчина и ставив да се печат на 40 мин,ги вадиме и ручаме,тие внатре живи и крвосани :puke: :wasntme:
    Cрека маж ми беше тука-не се усрамив како за лазањата(и на охохо истото читам и се случило :D )
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    брат ми најубаво има сварено еднаш виршли!
    си дошол дома поднадрвен, си ставил виршли да се варат, и си легнал!
    тек во 8 сабајле, нешто димиииии, море чуре кај мене у соба, викам што ова? :^)
    идам во кујна- и што да видам? до душа и ништо не се гледаше од маглата де!
    да не станев ко глувци ќе се запалевме!
    а виршлите зготвени за мерак- пепел! дури и тенџерето беше зготвено т.е јагленисано!
    станот 10 дена ни смрдеше ......