Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идејата добра.....реализацијата утка! (неуспешно готвење)

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Mygirl, 25 ноември 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Оо, еве ме, стаса главниот готвач. :rofl:

    Леле, знам јас да правам така бааги работи, ама додека се ушалтам како да ги правам, поминува време. Богами и многу материјали, садови, шлакутарници, ножеви, нервози, а за живци да не правам муабет. :D

    Најгенијално зготвено ми се едни роденденски макарони. Ова пред година две. Знам дека ми беше роденден, ја така узбуџена и мајка ми ми рече да направам макарони за ручек. И зема женава да ми објаснува како и што да правам, а јас и спуштив дури, и викам ај сега едни макарони ли не знам да правам. Очигледно не сум знаела. :rofl:

    Земав една тава, арно ама од тие што треба истовремено да се загреваат со рерната. Знаете за кои викам, ич не ми текнува како се викаат. Ама кој да ми каже мене тоа, јас прво рерната си ја загреав така фино лепо. После земав, макарони, млеко, сол, јајца, шлапнав оригано, вегета, буковец, магдонос, абе како самовила од Заспаната убавица се чувствував. :rofl: Мислиш магии правев. Уште морковчиња да исечкав внатре. Се измешав, истурив една чаша минерална вода за драматичен ефект и шлуп, на печење. :rofl:

    Па дури и гости викнав, да ги пробаат макарониве. И седиме сите, пет домашни, две гостинки и јас, брдеј грл, да стасаат макароните. Е, ајде малку ми напукна тавата од кај тоа рачките, сва среќа што мајка ми си дојде од работа, инаку ќе ја расцепев на две тавата. Доообро, ајде, седнуваат моиве да јадат. Им викам, јадете вие прво, после ние ќе седнеме да јадеме.

    Почнуваат луѓево, јадат, сироти, збор не зуцнаа. Јас убаво ли е, они сите во хор ДААААААА, малку само суви ти се. Изедоа, пола и повеќе тава се изеде. Си викам во памет, море мајката, ме бивало. Земав на гостинкиве им ставив, јадат кутри, голтаат, ќе почнат да плачат мислиш. А јас, најпаметна, чекам на крај да јадам. Подлетнувам околу нив, убаво ли е, вкусно ли е, сочно ли е... Климаат они. Ауу, его до воздух ми се крена. Се изеде цела тава, остана за мене едно ќоше.

    КОГАААААА го пробав, кога се запустив. :rofl: Не сум ставила зејтин во тавата, тоа макароните, мислиш живо тесто станале. Доле живи, залепени, исполепени, олеле мајко. Горниот слој, препечен, запечен, мислиш на Карибите ги сунчав. Тврди, никакви, несолени, тоа зачините измешани сите... Земав ги џитнав. :rofl: Кутри луѓе, ги натерав да изедат цела тава од НЕШТОТО. Не ми кажале да не сум се навредела. Гуднес грејшес. :rofl:
     
    На QueenElena, dancing.queen, al4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јас како што сум несмасна и мрзлива,едни шпагети не знам да направам како што треба.
    Еднаш земав да варам,и сум заборавила зајтин да ставам и ги пробува гледам нешто ми немат вкус |( и бутам бутам вегета и повторно на ништо не личеа :D .Видов,не видов како што бев гладна земав да ги јадам какви-такви.И ни на крај памет не ми текна дека треба малку зејтин :) .
    Но тоа беше порано сега знам барем шпагети да правам не сум толкава утка.Но што се однесува за друго сам очајна домаќинка :D .
     
  3. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Од многуте утки,ќе ја издвојам најсмешната.
    Требаше да варам супа. Дечко ми ми вика-сигурна си дека ќе можеш? Јас му викам, еее, па ти за една супа...Не знаев колку количински се тура вода за 4 чинии, па фино лепо си зедов една чинија...и си ја полнам со вода-4 пати и си ставам да врие. Арно ама-гледам дека малку ќе излезе и плус супата ќе биде посолена. :P Иде дечко ми, гледа, и вика-зошто има малку вода, па како мереше?
    Јас му викам...па пишуваше на ќесичката 4 tanjura, и јас така мерев. Тој целиот налутен...вика-а ако пишуваше 20 лажици, со лажици ли ќе мереше? Леле,леле јас се смеам, тој вика....Ден денес се смеам за ова :rofl:
     
    На Abby му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Јаооооо, темава :D

    Пред една година, Либенце си беше дома кај неговите да ја подржи мамичка за фустан. Поминаа неколку дена и веќе требаше да си дојде, а јас вечерта бев на роденден до 6 сабајле, се оставивме бре :D
    Госпоџицава Георгина си се прибра рано по сабајле, ми фалеше уште леб и млеко и таман да им ги затнам муцките на сеирџиите од комшии, демек колку сум домаќинка. Додека се истуширав дома и се спремав да се курдисам на кревет, ете го Либенце на телефон...„ Абе не ме коли што те будам толку рано, ама јас тргам за Скопје и идеме со татко ми и брат ми. Ќе одиме прво до Бит пазар и ќе стасаме дома, направи нешто за ручек.

    Ручек???...нервите ми се споија, ама ај решив машки да издржам зашто сум голем фан на татко му, човеков е цар и јас го поштувам ненормално. За атер негов нема шанси да замижам и да помине со ресторан или ватева...

    Правев некои компири во тавче со месо...значи правев до оној момент додека не ги ставив во рерна.
    Се навалив на кревет демек ај ќе запалам цигара, да не заспијам случајно.
    Ахам, сигурно. Кома! ...тоа беше некаде околу 9 часот, а кога јас ги отворив очите благодарејќи на Роко кој што ме влечеше за рака да го носам да мочка беше веќе скоро 14 часот.

    Смрди цела кујна на изгорено, јас во паника, во рерната само гледам исушени компири залепени на тавчето и црно месо...стравотии!
    Море ај тоа, арно шо не дошло до некој спој, до нешто па да ме спевавте сеа :D

    Со брзината на светлината му се јавив на ЛИбенце, они веќе на 5 мин од дома, му викам или купуј нешто од продавница или да идеме некаде на ручек, оти ситуација дома- клавче :lol: Сеа ми е смешно, ама тогаш не ми беше.

    Ништо децо, се качија, уморни биле за шетање по ресторани, ( мислам да беше мајка му, најверојатно и свеќа ќе запалеше дека нема да јаде од мене да не ја отрујам случајно), се изнакезија на моја сметка...и истеравме едно симпатично ручече со што се нашло од фрижидер :)
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.185
    Пол:
    Женски
    Пред еден месец се решив да правам чоколадни мафини. Сама бев дома, пресреќна што мајка ми нема да ми се меша во работата. Си најдов рецепт на интернет и почнав со работа. И нормално, запнав на пола. Во рецептот имаше квасец, а јас прв пат земам нешто покомплицирано да направам и ги утнав. Тестото не сакаше да се дигне и останаа такви сплескани, тврди, одвратни, без никаков вкус.
    И да, ја измалтретирав мајка ми на телефон, 100 пати и се јавив за да ми помогне. А пред тоа среќна бев што не е тука :) Ете ти.

    Ама еве, денеска си направив торта, далеку полесна од ова (не дека тие се тешки за правење, ама ај) и супер испадна. Ќе се научам ај, имам време.
     
  6. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Јас еднаш торта кога правев и тоа surprise требаше да биде за роденден, ама пустата заглавив на пудингот. Дека немав никогаш правено и ајде да пробам изнакупив се, ама не сум го загревала доволно млекото и не ми испадна пудинг тоа туку воден раствор некој. И си се тешев дека ако го оставам да се излади ќе се стврдне ама тоа абер немаше.

    Затоа бабушка веднаш ја викнав и ми покажа како се готви пудингот, т.е само го врати на оган да зоврие поубаво и се оправи фала богу :D. Битно цел ден се изнапатив со пудингот, и на крај дека немаше време да отстои во фрижидер тортата, само го шлапнав шлагот, врз него чоколаден прелив
    (кој го имав заборавено надвор од фрижидер па затоа беше многу течен) и пишуваше:
    Срекен
    Рододскјвн
    (растечено и рашљакано) :rofl:


    Битна беше намерата, ај.. :wasntme:
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.522
    Пол:
    Женски
    Вчера ставив компири да варам. Го вклучив шпоретот на најјако и си седнав пред компјутер. По некое време ми мириса нешто, куќава задимена и трчам накај шпоретот оно водата изврила, се запекле компирите. Да не отидев тогаш може и јас ќе изгорев :lol: Како и да е не изгореле скроз па беа многу вкусни исто ко печени цели во шпорет на дрва.
     
  8. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.450
    еххеее ова е стандард за мене. Нема јадење што сум пробала да го зготвам, а да не загори. Особено кога варам грав, сирот грав, црно тавче-гравче се прави. И кога некогаш мислам дека сум го погодила со сигурност нешто му фали, или е без сол, или без кромид. Дефинитивно анти талент сум за јадење правење
     
  9. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11
    Уф, уф... Кога ќе ми текне колку нервози сум изела со едни кифли :devil: :devil: :devil:
    Си отидов јас кај баба ми на гости, онака на поседување и мама ни испрати кифли една кеса. Ама тоа кифлите едни убави, преубави.. за два дена ги снема.
    А баба ми стара жена, ми прашува дали знам јас да правам кифли. И јас целата возбудена, да да знам бабо, а никад у живот не сум правела.
    И си земав јас златните состојки, јајца 2-3, брашно отприлика, вода отприлика (се отприлика, ја поима немам ни од мерки), и си почнав да си месам. Месев што месев, па си почнам да ги сукам и да ги мотам и ги ставив у плекче да се печат.
    Ама гледам јас не ги бива нешто, ниту да потпораснат ниту да заруменат. Кога ги извадив тоа едни исполепени, едни тври абе мислиш камен е. И се нервирам јас, а баба ми душичка со сила јаде и ме теши демек многу биле убави. Леле ,леле нервози невидени.
    И така после недела време се враќам дома и и кажувам на мајка ми а таа се смее до бескрај, јас сум заборавила да ставам квасец, зејтин, млеко и маргарин (замислете 4 состојки не сум ставила)...

    Доаѓа либето на гости и јас оп ке му правам ручек-шпагети.... И си ставив јас вода да се стопли и си отидов да си се мазам со либето. И после саат време ми текнува дека имам вода на огин. Тоа водата изврела скроз, и дното на тенџерето црвено, гори ли гори. Јас па уште паметна викам дај да ставам ладна вода во тенџерево :headbang:

    И уште една случка, пак во присуство на либето.
    Станувам јас сабајле рано да му направам доручек на либето и ставам соја шницли да се варат и се враќам у кревет да полежам уште малку. Арно ама јас сум си заспала и ме буди дечко ми, вика абе стануј ајде нешто мириса на изгорено. Идам у кујна зачадено, умирисано у п.м. И што да видам тоа сојата црна, црна јагленисана. :envy: :envy: :envy:
     
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.032
    Пол:
    Женски
    Пред некоја година земам јас да правам една торта што ја прочитав во тетратка со рецепти од мајка ми,што и давале пријателки и сеа секоја различен ракопис, ела види што точно пишува..и најдов една торта ми изгледаше најлесна од сите тука. И си го читам рецептов, правам се како што треба, ставам СЕ што треба и на печење. Се пече ли пече, ја боцкам со чачкалица гледам уште течна внатре. Хм.
    Ако верувате 3 саати се печеше и ништо си реков, вака изгледа треба да биде.
    Дојде мајка ми, виде не ја бива и ми вика сигурно си згрешила нешто со состојките.
    И ја не бе мамо , ставив се како што пишува, еве прво јајца, ДВЕ шољи зејтин .. и Оп.
    Какви две црни шољи, тука една пишувало, ама личеше на две, озбилно.. И поради зејтинот не ми се испекла како што треба, нели, многу јасно.
    АМА и покрај тоа, јас бев горда на моето дело, па им дадов после на комшиите да пробаат и добив комплимент дека е најгрдата торта што ја пробале у живот. aw.


    И млеко еднаш ставив да ми се грее, ама тоа не да се згреало, не да прекипало, не да загорело, ау ау.
    Ај што беше цел стан зачаден, туку ѓезвето беше залепено за рингла,тоа бојата почнала да му напукнува и да се распаѓа ...и заврши во канта.
     
  11. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Уште на почетокот од мојата готварска кариера направив една утка што заврши со среќен крај :lol:
    Сама дома и ајде ке пржам печурки за да има што да јадат моите кога ке се вратат дома.И прв пат пржев печурки и зејтин вода и бам печурките во тава и си пржев,си пржев и убаво ги испржив :lol: Зедов да ги јадам тие најиспржените ама како јадам така се давам.Нели јас да ги изедам поиспржените а поубавите да останат за моите :D И така голтав а и јас не знам како.Потоа дојдоа моите а јас не знам кај заманав и кога се вратив ги прашувам како ручекот.А тато па како гром од ведро небо ми вели супер,досега овие најубави,крцкави...од сега вака да ги правете(озбилен).И јас цела :o не ми се веруваше што зборува човеков а мама пак се убацува вели арно што им ставив сол,вагета инаку...Уф во тој момент тешко ми падна што не ги чекав да јадиме заедно така барем ке јадев подгорени печурки со зачин а сама јадев само подгорени печурки :lol:
     
  12. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Тоа беше пред 2-3 год! Мајка ми рече кога ке ти пуштсма сиг стави компир да се прже ние ке дојдеме! И така и беше ми пушти сиг и јас ставив масло да се загре и седнав пред тв да не си ја испуштам серијата и кога наеднаш нешто ми замириса и што кога ке видам маслото цело прегорело! Брзо тавата под вода па кога почна тоо да горе!!! :tmi: :tmi: :tmi: И од тогаш знам дека времо масно не се меше со вода!!!
     
  13. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Да ви раскажам како рибата ми избега од тавчето :tmi:
    Мајка ми надвор правеше зимница и ајде јас за да и помогнам ручек ке правам.Имаше извадено риба од оние пангите без коски и лесно нели, само треба да ја ставам во тавчето и таа се пржи :D Арно ама ова мојата риба беше многу лоша.Ја испрепелкав во брашно, турив зејтин во тавата и ја ставив да се пржи на тивко, нели да не ми загоре.И се пржеше,се пржеше и како се пржи така во тавата остануваат само некои мали делчиња од големите парчиња :o И јас почнав да викам по мајка ми :мамо дојди да ја видиш рибата ништо не остана зошто си ставила толку малку.А таа пак ми вели како малку бе извадив големи парчиња ајде земи направи и каша.Како бе жено да правам каша кога риба нема :| Јас пукам од нервоза и само мислам што ке рече кога ке ја види рибата што ја нема (имаше колку за 1 да јаде а не 4 души) :sweat:
    Потоа дојде мајка ми и се зачуди како е можно вакво нешто да се деси :D Потоа од рибата јадеа само татко ми и брат ми бидејки само за нив имаше :D А тато пак ми вели рибата е многу убава :| И мене ми беше убав ручекот од претходниот ден :D Потоа мајка ми кога ги миеше садовите ме викна за да ја видам рибата дека е цела залепена на тавата.Сепак не можела да избега :lol:

    Досега само овие две мисии што ги напишав ми биле неуспешни!
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Кога ми се најавени гости, идејата е не добра, туку одлична, готвам со љубов и реализацијата е чиста утка. ;(
    Пр. Во сутлијачот ставив сол, наместо шекер. Уште додека туривав, осетив некоја разлика, ама знам дека шекер зедов! А, тоа некој ги заменил кутивчињата! :@
     
  15. la.diva

    la.diva Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    17
    Многу лоша готвачка сум ;( Не паметам кога сум зела да си направам нешто сама, но ете ќе го споделам моето единствено кулинарско искуство.
    Пред година-две со сестрами и братучетками (бетер готвачки од мене) ќе пржеме јајца 8) . Освен што кога ги кршевме 100 ситни лушпенца ни останаа во јајцето, не сме ставиле ниту сол, а што е најбитно ниту зејтин. И така ги пржевме некое време и кога веќе коонечно беа готови да го одлепеме од тавчето.. Оп небива. Е до тука било експерименирање во кујната. Знам мајками кога си дојде не караше поради упропастената тава која патем тато и ја донесе од Бугарија и која веќе беше исполепена со загорени јајца. Омг кога само се сетам :lol:
     
  16. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    За готвење многу многу и не ме бива, ама ај да си ги кажам мојте кулинарски "способности".

    Кај дечко ми дома седиме и ми вика има пилешки прсти и кебапчиња ај ако сакаш спржи ги а јас ќе одам да купам леб и сок.И викам добро ќе ги спржам ама незнам како треба да изгледаат на крај кога се готови. И тој ми вика кебапчињата треба да бидат попржени а на пилешките прсти не им треба многу пржење,треба да се зацрват и готови се.И јас викам добро ај важи ќе ги српжам оди ти во продавница. И си пржам јас така си пржам кога дојде дечко ми што да види... :wasntme: кебапчињата живи а пилешките прсти ќумур изгорени :tmi: и ај некако ги среди он после тоа па седнавме јадевме.

    Друга случка...пржам јас компири и место со тоа лажицата што е за мешање да ги измешам јас викам ај бе само тавчето ќе го протресам...и кога ми се истури зејтин на ринглата, па кога се запали, пламен во кујна, незнаев како да го изгасам и плочките поцрнеа, лом беше се.

    Еднаш пак требаше само да згреам пица и ја бутнав во рерна (а имам дома микро :fubar: ) и си заседнав па дури сум си прилегнала...кога по извесно време што да видам, чад во кујна а пицата цела изгорена, камен тврда ни кучињата нема да ја јадат.

    И најтазе случка од вчера, правев пудинг од ванила и сум заборавила шеќер да ставам.Кога пробав ми се згади исто како живи јајца да јадеш :puke: .
     
  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Денес многу се разочарав, ама искрено! :D Важам за многу спретна и успешна во кујна, и од кога ги објави Трендафилка едни колачиња во темата за новогодишно мени, ми фатија око, и решив денес ке ги направам. Мерачки си изпазарив, по список се, и се зафатив. Ставав се по нејзина доза, и кога дојде ред да ги замесам состојките, абер немаат. Си реков малце маргарин е, бидејки пола доза ми бесе уште во првобитна фаза, со брашно и остало, воопшто небеше допрено од маргаринот, па на тие 100 гр во рецепт, додадов уштее 100гр.Месам месам несака, се откинуваат делченца, никако убава смеса. Некако ја стокмив во тава, ја истапкав, и ја ставив да се пече, додека го подгтовам чоколадото за одозгора. Вадам тавата, и според пишаното, се сече одма, ама тоа кај мене ронки, нема абер од стврднување и споединување, а веке беше запеченко, имаше и потемна боја, и се изнервирав го извадив со лажица за супа од тавата и во сад ке го миксирам (а веке поцрнето, со мирис, ама ронки цело).Му додадов некој путер уште 200 гр и го расипав. Прими мириз на маргарин ама јас упорна миксирам. Се соедини смесата со путерот и ај ке го печам одново, и овој пат викам 20-25 мин има да го оставам. Почна да мириса на изгорено и го вадам, гледам тоа како да си се пржела смесата од толку маргарин, како празни местенца со воздух искачаа од сегде во смесата, загорено, ситно, не ронки, сега песок беше, со мирис на изгорено и путер, и се изнервирав го истурив во вц.А претходно го премачкав со стопеното чоколадо, си реков ке го изедеме, ама кога пробав и кога видов какви трошки се напраиле, со каков вкус и мириз, пресеков! 2часа спремање, борба буквално водев со садови, состојки, лом направив во кујна и накрај заврши трагично..Остана само миризот на изгорено кој го приметија домашните, ама благо аш :D
     
    На light12 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    :(

    Леле... како бре така со колачињата?
    И јас мислев дека е малку 100 гр. маргарин.
    Кога почнува да се меси се' заедно, знам дека делува прашливо и дека нема шанси да се соедини во нормална смеса.
    Ама се соединува. Колку повеќе ги гмечиш состојките, толку повеќе маргаринот се размекнува и растопува и ќе се соедини, ама му треба добри 8-10 минутки месење и гмечење.
    Леле баш ми е жал. :(
    Сериозно, не за друго, не се баш евтини состојките...
    :(
    Повеќе среќа нареден пат.
    ;)
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ми се пријаде едни крокети од компир, имав нешто слично прочитано на форумов, ама за жал само прочитано и ми останало во сеќавање.

    И ајде викам, прво ќе ги сварам компирите, па ќе ги изгмечам, ќе направам топчиња, ќе ги брцнам во презла и ќе ги пржааам... лиги ми потекоа.

    Фатив,сварив, згмечив, ама некако топчињата се ронеа, ама ај некако биднаа. Фатив ги ставив во презла, и почнав да пржам... леле кога загоре тоа презлатааа, кога замириса на загорено ќе се затруев. Се вртам, што да видам, цела соба ДИМ, како бог знае што да сум направила.

    И се чудам оти не испаѓаат... ајде земав останатите ги мацнав во јајце,па после во презла..пак нејќе, уште толку ми загоре се. :tmi:

    И така останав со прстот во уста, нешто што можеше да се изеде,изедов, баба ми кога проба направи една ваква фаца
    [​IMG], прибидејќи јас на загорените компири ставив и некој сос што го направив, појма немам од што и како, ама сепак рече ако ако убаво е бабино... а можев да видам дека страда додека го голта отровот.


    И така... сакам да готвам, ама очигледно не ми е најјака страна! Како и да е,ќе си се трудам јас пак...
     
  20. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Прилично сум спретна во кујната и редовно нешто готвам, пробувам, печам.
    Се до денот кога го прочитав рецептот на Старфиш во колачиња, едни малецки топчести колачиња со какао, и ми се јадеше нешто благо викам лесни се овие одма ќе ги направам и се фатив за работа. Се направив како што треба ама тестото не сакаше да се соедини, трошки. Доставав уште млеко демек да се соедини, нејќе. Видов не видов некако ги стокмив во топченциња и ајде на печење.
    Излегоја црни испукани топчиња со неверојатно одвратен вкус, и две тави колачиња завршија во канта, а јас од срам за да не дознаат дека сум направила таков лапсус исчистив и средив се набрзина. :|