Идејата добра.....реализацијата утка! (неуспешно готвење)

Discussion in 'Храна и пијалаци' started by Mygirl, Nov 25, 2010.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2010
    Messages:
    4,831
    Likes Received:
    10,125
    Gender:
    Female
    Леле, јас и Трендафилка ќе испаднеме лоши домаќинки со неуспешниве рецепти!! :D

    Како бе, не ви успеваат?!
    Или си ги препекла или премалечки си ги направила. Трето нема.
    Ене ја Кенди во темата, на неа супер и излегле. И на Хипица исто.

    Али тоа е. Јас морав да си го оправдам рецептот. :tmi:
    :rofl:
     
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,972
    Likes Received:
    4,102
    ^
    И јас ги правев тие, но смесата постојано ми беше течна и упорно додавав де какао, де шеќер во прав (така мислам беше го заборавив рецептот), на крај успеав некако да направам топчиња но кога ги ставив да се печат се растопија, спласнаа и се соединија како пандишпан...Ај си реков ќе го сечам може ќе е сепак вкусно... :shake:
    Но јас и онака сум антиталент за торти и колачи, така да најверојатно е до мене грешката не до рецептот... :)
    Те тешам само, мајстор сум во кујна :D
     
    x.Daisy.x likes this.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Joined:
    May 7, 2010
    Messages:
    6,488
    Likes Received:
    24,079

    Нареден пат кога планираш да правиш колачиња или било што од ваков тип, додади малце зејтин во тесото колку да омекне малце и да се спојат состојките, а и подобро е место маргарин да употребувате путер. Верувај дека со додавање на зејтин убаво ќе се соедини тестото и вкусот нема да се промени.
    Ова од лично искуство :)
     
    Rubiii likes this.
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    4,177
    Likes Received:
    13,287
    Добро луѓе, се прашувам дали има некој друг кој има проблем со приготвувањето јуфки :wasntme: ?

    Или ги правам многу суви, или многу водени, или посни, или ми се лепат за танџерето, абе чудо некое.
    А демек сите знаат да варат јуфки, јас полесно ќе земам селско месо ќе направам него ли јуфки да сварам.

    Еве денес- ставив вода во тенџере, демек ќе ги варам, ставив неколку шаки јуфки во водата, и одеднаш ја апсорбираа цела вода :^) , па дотурав пак вода, и стално немаше, одеднаш цело тенџере се наполни со јуфки (а демек малку ќе варев, само за мене) и осетив дека се залепија на дното од тенџерето.
    Потоа си реков ајде ќе ги префрлам во тавче, додадов уште вода, пак некако не беше тоа тоа, а тавчето се наполни скроз, и ете ги сега во рерна, ги преместив во уште поголемо тавче број 34 :tmi: (ептен наварија), им изрендав сирење, кашкавал и едно јајце, и ги оставив да се печат.
    Ќе видам на крај што ќе испадне, од желба за брз појадок, стана едночасовно готвење, а за загореното тенџере да не зборам, ни со жица не се чистеше, сега го ставив на шпорет да поврие со малку прашок.

    Еб*те јуфките, еб*те :devil:

    Мусака побрзо ќе направев од ова |(
     
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2010
    Messages:
    2,847
    Likes Received:
    2,159
    Сесилија јас немам правено јуфки, ама мислам дека за да не ти се залепат требало во водата да додадеш малку зејтин, повремено да мешаш, да не ги вариш на ептен топла рингла ( како кога вариш други тестенини).
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Joined:
    Apr 22, 2010
    Messages:
    4,711
    Likes Received:
    59,983
    Имав јас прилично добра идеја, да направам салата со малку запржен двопек, марула и павлака... Тоа ќе го комбиниравме со туна и со макарони. Студентски живот, јело, шта да вам причам, лиги ни потекоа на сите, ама ајде, јас главниот готвач, ќе правам. Земавме се спремивме, кој ќе го пржи двопекот, јас. Дообро, го искршив, зејтинче, во тенџерче фино лепо и нек се кува. Само заборавив дека рингличето во станот ни е малку шашавко, си го вклучив на тројка, и си го оставив двопекот да се пржи. :D

    Си се смеевме, си сваривме макарони, исечкавме марула, отворивме конзерви со туна и јас надежно го пробуричкав двопекот. Јесте дека малку црн изгледаше, ама не ми изгледаше нешто катастрофален. Ај си викам, турете марулата, павлаката, мешавме, вкусно изгледа.

    Ама кога го пробав, тоа малку изгорено, малку зацрнето. Ептен криво ми беше, мене ми горчеше од изгорениот двопек, па јадев од другите јадења. Цимерката си буцнуваше одвреме навреме, ама не беше тоа тоа. На крај си ја изедовме само марулата со павлака, чепкавме низ тенџерето. :rofl:

    Ако ја правите салатава, било со двопек или со леб, стриктно само ќе го затоплите лепчето, да впие мрсничко и да зарумени. Друго, јок. :D
     
  7. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Joined:
    Jun 15, 2010
    Messages:
    997
    Likes Received:
    1,468
    Еден куп вакви случки имам, ама со ред, од последното ќе почнам :wasntme: .

    Пред некое време ќе варев тарана.
    Ја ставив водата да се загрева, кога се стопли малку ја посолив, ја ставив тараната и оставив да се вари.
    Не знам колку време се вареше, овен да варев побрзо ќе се беше готов. Вареше што вареше ама кога се згусти, ко почна да се тегне, се направи како мастика. Ни се мешаше ни ништо, лажицата одвај се вадеше, рацеве ми паднаа - ко цемент да мешав.
    Ја прими скоро цела вода, набабри и се направи едно чудо во тенџерето. И таа малку вода што остана една леплива што беше, една гадна, мислиш во лепак ја варев и и плукав да се свари побрзо. Ужас! :puke:
    По вкус арна беше, малце повеќе преварена, ама на изглед :tmi: , на пес да му ја фрлев ќе избегаше ко ќе ја видеше.
    Каснав колку да не е без ич и другата ја фрлив, што можев да и правам :| .
     
  8. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Joined:
    Jan 27, 2011
    Messages:
    1,277
    Likes Received:
    752
    Gender:
    Female
    За полесно и поуспешно да ги приготвиш јуфките, во водата стави малку сол и зејтин и чекај ја убаво да зоврие. Нека ти биде макар и повеќе вода таа ќе си изврие.
     
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    4,264
    Likes Received:
    44,091
    Ехеее, еден куп!

    Распаднати кнедли за супа, и изгледаше ко да е супата со памук од топола правена...
    Препечено тесто за пица, камен над камено камен направено...
    Изгорени тулумби со водлест шербет, кои подоцна послужија за локалните мачаци и кучаци да заблажат душа.

    И утка над утките, правев штрудла со јаболка, и наместо да ја попрскам со кисела вода и масло измеѓу, за корите да добијат мекост, јас само завиткав, и реализацијата беше - хартија замотана, а во неа јаболка.
    :puke: :lol:
     
  10. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Joined:
    Jun 23, 2010
    Messages:
    969
    Likes Received:
    634
    Женцки ве читам, малку ми фали да паднам од стол, од смеење :D
    Јас сум многу "спретна" домаќинка.
    Нема јадење кое не сум го утнала.
    Од грав и леќа што тропа во тенџерето, загорени пиперки и мусака, до гумени соја шницли и ред други специјалитети.
    Последната моја мајсторија, пред Нова Година, покрај колачите кои стандардно си ги правам, ми се виде интересен рецептот, па решив да ги направам место бајадерата...
    Киндер коцки
    http://www.maminajela.com/2011/02/kinder-kolac.html
    Си правев се' според рецептот, утредента земам да ги сечам, тоа белиот дел кога почна да се растопува, да тече надолу, како кашичка стана. Си стојат уште во замрзнувачот, кај и да е ќе завршат во контејнер.
     
  11. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Joined:
    May 28, 2011
    Messages:
    590
    Likes Received:
    120
    Моето прво посериозно готвење или како да го кажам ми беше компири го копани :D ги ставам да се печат пунам таката со вода и зејтин пливаат компирите внатре :D по саат компирите на ништо неличат ајде павем копаните да видиме ги вадам и дополовина изгорени половина живи :headbang: :D
     
  12. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Joined:
    May 12, 2011
    Messages:
    2,114
    Likes Received:
    12,608
    Gender:
    Female
    еднаш решив грав да правам и го ставив да се варе ама демек на гравот му треба поише време нели а јас само пола саат го оставив и беше мн тврд...дури имаше вкус на пуканки :D
     
  13. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Joined:
    Jan 16, 2010
    Messages:
    2,284
    Likes Received:
    1,894
    Eх како се нервирам кога правам ќофтина секогаш внатре не ми се пржат убаво,живи се уште,пробав на послаби,помали и секогаш истата приказна внатре живи |(
    Aј дајте некој совет,да знаете колку ми се јадат :lol:
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    5,941
    Likes Received:
    27,623
    Мојата последна утка беа овие колачиња и многу бев разочарана.
    Не за друго, 300 гр. Нутела, леле Боже, срце ме здоболи, :( можев да направам комотно палачинки за сите, си имав и оревчиња и банани, ама нееееее....

    Еве го дотичниот рецепт.
    Kids, DO NOT TRY THIS AT HOME!
    :!:
    http://chasovipogotvenje.blogspot.com/2 ... _5287.html

    Од прост попрост не може да биде, нели?
    Епа не е! :devil:

    Ја замесив смесата, се' изгледаше океј.
    Си викам - зошто да ги плескам со чаша, сакам поубави форми. Така сплесканите делови како на сликата ги вадев со една цветна модла и си ги наредив, абе за мерак.
    Ги ставив да се печат... ги вадам по 7 минути... сите колачиња се стопиле и се слеале во една смеса.
    Како да си го натапкала само тестото!
    :@
    Ајде викам, нека се олади малку, ќе го исечам на коцки, ќе се јаде некако.
    Се стврднаа, камен не им е рамен.
    Од мака ги пикнав дел во машина и ги сомлев, мајка ми ги јаде со млеко, ко Чоколино.
    Единствена добра работа - што куќата цел ден мирисаше на Нутела.
     
    wolf4e likes this.
  15. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Joined:
    Jul 31, 2011
    Messages:
    1,995
    Likes Received:
    2,282
    Gender:
    Female
    Првиот пат кога се решив да правам торта ја извадов недопечена со цел да не ја изгорам,и ја исфиловав ама што?Кога ја пресеков жилава :lol: В уста не се става :clap:
    И така со моето тортиче :geek:
     
  16. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Joined:
    Jan 16, 2010
    Messages:
    2,284
    Likes Received:
    1,894
    Aј некој нека дојде и нека ми покаже како да направам една пуста манџа :rofl:
    Hе стварно знам дека едноставна е,но секогаш кога ке ја правам нешто фали или е некако без вкус,невкусна,бљуткава и од како ке и направм запршка и ке ја ставам во манџулето кромидот горе на површина ми излегува |( Mајка ми ми вика не сум го пржела доволно кромидот затоа :?:
    Cупи,чорби исто никогаш не ми се погодуваат |(
     
  17. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Joined:
    Sep 11, 2011
    Messages:
    1,865
    Likes Received:
    2,040
    Моите утки

    1. Скав да варам супа, ставив морков, компир, зачин и ја оставив да проврие водата, откако провре водата ставив и фиде и требаше да оставам 5-6 мин да се свари фидето, Ама летно време ја испаднав у двор, како што го вадев дворот ми текна :!: Па ја имам супа на шпорет. брзо истрчав али касно беше тенчерето прегорело, кујната лом, чад, чад прст пред око не се гледа ајде брзо отвив врати прозорци, ама џабе еодма не испаѓа миризбата :rofl:

    2. Мајка ми беше на работа и ја домаќинка де |( ќе правам кифлички и се беше океј се додека не ги извадив од релна, кога дојде време да се јадат ауу камен, не се кршат не па да се јадат :lol:
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Joined:
    May 7, 2010
    Messages:
    6,488
    Likes Received:
    24,079
    Си правев омлет стандард, јајцето изматено како палачинка го правам, чекам да се испржи паодозгора му ставам сецкана шунка, маслинки, сирење, зденка ... што најдам во фрижидер и неизбежно му наросувам кари пред да го превиткам, арно ама не загледав убаво само подадов рака и наместо карито му наросив каранфилче на омлетот така добра количина, замириса одма и сфатив што направив :o Најлошо беше што го изедов така зачинет со сладок зачин, на почетокот имаше некој ориентален вкус, после повратив затоа што без осет ставам кари, па така и ова. |(
     
  19. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Joined:
    Aug 10, 2011
    Messages:
    2,913
    Likes Received:
    2,715
    Gender:
    Female
    Утка голема ми е само со рибите пржење. Знам еднаш решив да ги пржам рибите со пченкарно брашно и зачина, арно ама рибите не биле убаво одмрзнати и беа целите во вода и јас место да ги истискам убаво да немаат вода, јас почнав да ги мачкам со брашното и ги ставам во зејтин за пржење леле кога почнаа да се лепат по тавчето абе неможев да ги свртам од другата страна, а камо ли па да ги јадам :D
    И на крајот се изнервирав и отидов во продавница и купив некое мрсно месо, барем за него знаев дека нема да го уништам :D
     
  20. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2011
    Messages:
    669
    Likes Received:
    667
    Еднаш бившиот ми дечко сакал да ме изненади, беше кај мене и ми вика, сега јас ќе правам нешто а ти ке одиш у другата соба и ке земиш да учиш (дека колоквиумска ми беше) а јас ке правам нешто за јадење. и јас таква :o Шо му се деси на човекот.и вика ок ај, ќе седам. Типот отиде испазарува, се врати, почна да тропа у кујна...и поминува саат време, ништо, не ме вика да видам сто направи.Поминува саатипол пак ништо.и веке коа помина и вториот час неможев да седам веќе у соба и станувам отварам вратата и овој од таму вика нее не иди, те молам бла бла бла.кажи ми само кај има миксер и готов сум за пола саат. И јас пошо неможев веќе да чекам за да видам шо праве отидов нели да видам.Леле коа отидов имаше шо да видам. Човекот сакал да праве некои колачи... Ама тестото за колачите на ништо не личеше, ептен течно. И тука јас настапив на сцена. Го бутнам и викам ајде, не знаеш ти сеа јас. Па гледам и рецептот си го закачил на зис пред него бе се да му е на место :D и земем јас си ги засукав ракавите, зал ми беше да го фрлам тестото, па земав ставив бршно, уклучив миксерот и мешам, мешам...ништо бе не се згуснува тестото. Ок си викам згрешил он нешто, не ставил, го фрлив цело тесто и ајде, по рецептот гледам и почнувам од ново.ставив се, и пак почнав да мешам.и мешам така едно 15, 20 мин ништо пак од тестото. И ми беше срам да признаам пред него дека поима неам од блего правење (за солено инаку мн знам :) ) и вика вакво треба да е.леле жално.земам да ставам у тавичка, тоа не стое, сите се разлеваат, се спојуваат...за никаде.Видов, не видов, земав го фрлив тестото и он лепо поштено ме однесе на пица и сладолед. :D