1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идејата добра.....реализацијата утка! (неуспешно готвење)

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Mygirl, 25 ноември 2010.

  1. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Редно беше да се спуштам на земја. Ептен се испозанесов последниве 2-3 недели, почнав да се замислувам ко Nigella Lawson, уште ми фалеше да почнам да раскажувам додека готвам,

    Денешната тема беа вишни.
    Свекрва ми од свежо набраните вишни правеше сок, а јас цело време ја критикував дека става премногу шеќер, дека не е здраво, и сл.

    Мојата рецепта на денот требаше да биде фокача со грозје од блогот Ситно сецкано. Јас место грозје ставив вишни. Рецептата си е добра, но ставив најверојатно повеќе вишни, премалку шекер. И се добро изгледа на око, но прекисело - во уста не се става.
    А пола саат ги чистев вишните, свекрва ми нормално сеир, и што повеќе да раскажувам...
     
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417

    Баш добро ми изгледа рецептов, па се решив да го направам. Само кажи ми каде мислиш дека ти е грешката, за да не пишувам и јас тука пост за исти згрешени колачиња по втор пат :lol:
     
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Еднаш,ми фати око тортата Павлова, само од белки и овошје за декорација:
    [​IMG]
    Тортичкава е лесна е за правење,само белките се малце специфични,треба да се оди точно по рецепт,да се мати точно определено време за да испадне како што треба, инаку...
    И, ја правам еднаш,прв пат, ми излегува супер, прекрасна. Ја правам втор пат, пак ми излегува таман.
    По некое време, ајде ќе ја правам пак, изненадување демек за моиве, скришно ќе ја правам... Изматив,ставив да се пече,ја извадив од печење се супер,арно ама кога се олади спласна ко палачинка. Ја фрлив и ајде од почеток.
    Матам втора тура и си викам овој пат ќе додадам нешто мое,екстракт од ванила,за поубава арома. И отворам фиока,гледам нешто жолто,си викам 100% е ванила, што може да е друго. Се испече тортата,овој пат не спласна, ама некако многу жолта ми делуваше, а мирис на ванила - јок.
    Вртам на мајка ми на телефон,да ја прашам што е тоа жолтото во фиока,онака чисто информативно,не и кажав зошто прашувам. И ми вика - Ааааа тоа е БОЈА ЗА ЈАЈЦА, што ќе ти е тоа?
    Ја фрлив и таа,среќа,пред да ги отрујам сите и од тогаш не ми текна на тортава. :D
     
    На mims-89 и Dulceee им се допаѓа ова.
  4. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Еднаш решив да правам боза :tmi:
    купив се што ми треба и си се фатив за работа
    прво земав да го запржам брашното малце
    ама кај мене тоа малце беше повеќе и така му додадов вода и земав да матам како матам така грутки се ствараат :doh: ај си викам така треба да биде и му ставив 2 - 3 пакетчиња лимонтус
    земав цедалка и го изцедив го средив и во шишиња и во фрижидер цела ноќ
    Утре со појадокот им викам јас правев боза и сеа да ве послужам.
    Имааа среќа што прва јас пробав
    кај беше кисела, мирисаше на изгорено а за бојата не ви кажувам каква беше :tmi: :tmi:
    и секако не му дадов ја истурив.

    Од тогаш ако сакам боза идам до слаткарница, ќе си купам, ќе си се напијам и чао пријатно :rofl:
     
  5. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Хаха со братучет ми ќе пржиме јајца пред неколку дена,и јас си седнав на компјутер тој ќе пржи.
    И никогаш не беше готвел,па не ставил зејтин во тавата . па замислете како сето тоа изгледаше :wasntme:
     
  6. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Фала Богу многу многу ретко ми се случува нешто да не ми се погоди :$
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Последна утка ми беше ќофтенцата од тиквички а вака ја направив сместа: изрендав туквички, моркови, додадов ситно сецкан лук и кромид, јајце и ставив презла и најнормално водата ја исцедив и кога ставив да се пржат буквално ми се распаднаа и ми идеше да си пукнам одкај грбот и се си мислам дека требаше да ставам малку брашно и прашок за пециво :?:
     
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    хахахаха...а може рецепт?
     
  9. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    водата ја исцеди на крајот или ? ќе ги изрендиш тиквичките ќе ги исцедиш после ќе ставиш се што сакаш. Јас ќофтињата никогаш не ги правам со презла, туку со брашно и се ммм
     
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Одамна беше,не го памтам,плус го немам запишано рецептот, гледав директно од интернет. Ако пробуричкаш на гугл, ќе најдеш. :)
     
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Mене завчера ми се случи една катастрофа со една торта,тортава ја гледав на сајтот часови по готвење,по рецепт од Џејми Oливер,тортава беше со лешници,првиот пат супер ми испадна,превкусна,вториов пат ми се запече одоздолва,да каснеш масло да ти тече од уста :puke: ,плус одоздола што и имав ставено путер погадна беше :tmi:

    Jас секогаш кога сакам да готвам за гости,мора некоја катастрофа да ми случи.

    И уште една случка,минатата недела ми се јадеа печени јаболка,и си ги наместив во огноотпорна стаклена тава,и ги ставив да се печат,и по некое време почна да излегва сок од јаболкава и си велам ај вода ке му ставам да не ми се залепат,сосем малку,и им турам и кога се слушна наеднаш бум скокнав,тавата ми се скрши на 100 парчиња :D
    Cи ги собрав фино,лепо и се јавив на тетка ми и ме посоветува да си исмукам малите стакленца во рерната со правосмукалка :D ,а и неа и беше чудно што ми пукнала тавата,потоа мајка ми ми кажа дека ми пукнала оти сум и ставила ладна вода на затоплена тава.
    A и друг пат сум ставала вода,па ништо не се случило :tmi:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Јас сега обожавам да готвам..
    Али кога бев помала ги варев па ги печев компирите...И еднаш не ги доварив ги стаив да се печат и ги извадив после извесно време...Ги направив со павлака и со лук(оној во кесичка мелен) и пробувам.... Ми се згади животот...немаа вкус на ништо..Башка дека не беа доварени беа ептен тврди..Ја тоаш детиште од мака и жал почнав да плачам..па после пак направив и успеаа :clap: :)
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Годинава за роденденот не знам што ми истекна торта да правам, дека среде лето ми е и стално имам сладолед, ама годинава ме фати некој мерак да си направам јас мајсторот сама торта. Тестото се испече шо се испече, филови направив, катастрофата се случи кога земав да ја филувам тортата. Ставам од првиот фил ставам плазма, мачкам крем и го ставам вториот фил кога рече течам од сите страни :D од што беше премногу жешко во кујната ми се пуштија филовите и почна тортава да ми се распаѓа (мајка ми ми велеше да ја ставам во тавче, така да си ја филувам, јас не, сакам да си ја направам одозгора + шарена па и свеќички да дувам) :D кога си ја гушнав тортава(ја држам со раце за да не се растече скроз) мајка ми и брат ми се смеат ли се смеат, јас не можам ни со прст да мрднам, ако ја пуштам тортава отиде цела на земја. Ајде брат ми го стави горниот дел од пандишпанот стави едно тавче врз неа и ја преврте. Нит свеќи дував, нит тортава ја покажав во јавност. Ја бутнав во замрзнувач и сите јадеа замрзната торта :D Убава беше за убава, само не се знаеше ни бел фил, ни црн фил, ни плазма, ни бутур. За догодина си знам јас како треба :)
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Јас не сум направила некоја утка до сега, а од мала готвам.
    Ќе кажам за братучед ми. Кога беше помал ставил грав да се варе. Покрај гравот и кромидот, ставил и пиперка, патлиџан и погодите што? КРАСТАВИЦА :rofl: Леле кога ми кажа. Се помочав. Ставил краставица во манџа грав. :D Не знам каква била на вкус, ама никој не ја јадел.
     
  15. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Пред многу години со сестра ми се погодивме сами дома и ни се јадеше нешто вкусно и високо калорично т.е. ни се јадеа пржени компири. Земавме неколку од под скала, она лупи јас ги сецкам да бидат во Мек Доналдс стајл, отвараме вратичка од плакарчето и кога ОП, зејтинот при крај. Ајде го сипавме цел во тавчето, колку има толку, пуштивме да се грее и чекавме да ја ставиме првата тура. Кога се загреа добро, ставивме компирчињата, арно ама поголем дел од нив беа над нивото на зејтинот и голема беше веројатноста воопшто да не се испржат. Е сеа не се сеќавам чива беше идејата, ама земавме чаша вода за да го надополниме тавчето и да бидат потопени сите компири.
    :tmi:
    Водоскоци! Врел зејтин фрштеше на сите страни и немаше шанси да се доближи некој и да го тргне тавчето од оган. Ние во паника, цел ѕид и одоколу врел зејтин што прска кој станува се поинтензивен, а во близина никој за да викнеме да помогне. Некако ми текна да земам подебела фротирка, се замотав и ај јас како постара ќе се жртвувам и ќе го исклучам шпоретот. Поминав без никакви последици чиста среќа и после кратко време се смири "изворот" и го тргнавме од таму.

    Компирчиња многу јасно дека не јадевме, можда изедовме по некоја воспитна кога го виделе хаосот моите кога се прибрале дома. Лекцијата 'не мешај зејтин со вода' ја научивме на потешкиот начин.
    :D
     
    На Ammy.Lee, mims-89, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Јас обожавам да готвам! Поготово торти и такви работи. И еден ден ми текна,ај ќе направам торта. И барам на интернет рецепти и најдов Реформ Торта. го гледам рецептот, лесно! Арно ама, пандишпањот беше со белки, а јас со белки не сум правела :!: . И рецептот велеше 8 белки,ги матиш и додаваш 100 грама шеќер во прав мислам, а под потребни состојки стоеше 200 грама. И јас си се занесов, си ги матам, си ги матам белките (кои бај д веј, не сум ги изматила доволно) и наместо 100 грама, јас 200 тупнав :tmi: И веднаш кога го ставив шеќерот, сватив дека сум ставила премногу, и ајде вади екстра шеќерот со лажица (тоа што имаше на површината останато) и викам ај завршив работа. И готово мислев завршив со пандишпањот, го ставам во рерна и чекам да се испече... Чекам 10,15 минути, почна да ми мириса на пржени јајца :| Викам ај, така треба... По 30 минути,можеби и повеќе го вадам пандишпањот цела изнервирана, тој одоздола се залепил за тавчето, од страните ќумур, а во средина ЖИВО! :swear: Се изнервирав и направив друг обичен пандишпањ, со филот од предходната торта. И од тогаш си ветив дека нема да правам пандишпањ со белки. Да, го прекршив ветувањето 2 пати. Еднаш ми испадна океј, сеуште недопечено, а другиот пат целосно го заебав! АМА сега веќе дефинитивно не правам со белки, ако видам таков рецепт просто го прескокнувам :lol:
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Елена ќе ја обложиш тавата со хартија за печење и завршена работа. Не се толку страшни белките :)
     
  18. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    ^ Изгледа заборавив да пишам дека ставив и хартија за печење :lol: Абре нема чаре за мене, јас и белките сме скарани |( :D Никад не ми е допечена, внатре е живка... Јок, толку од мене.
     
  19. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    направив најобични варени јуфки,зошто ми се јадеше нешто топло,ги зачинив со сол и вагета и утнав,вагетат им даде ужасен вкус,ги фрливме со маж ми- глупава јас
     
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Лепчиња со зачинал.
    Бевме на ручек/скара кај другари во куќа, и не пратија нас девојчињата да приготвиме лепчиња со вегета.
    Јас не јадам тоа, и зачинал јадам само кога мајка ми има ставено во ручекот, што значи не знам како се користи и не знам колку се става. Девојчето што беше со мене ми кажа земи ги лепчињата и мачкај ги во зачинот, и ме гледаше како ги правам, јас ни на крај памет дека не треба цели да се прават. Она одобри, рачунам знае, јадела и после завршив со тоа сите да ми се смеат и да зборат дека не знам да готвам, дур она си ќути. |(
    Знам! Не перфектно, но супер за мои години и знам да правам покомплицирани јадења од шпагети бар. |(