1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Иднината на човештвото после пандемијата

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Nigredo Odor, 8 април 2020.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Како што ни е веќе познато, оваа пандемија ги затекна државите неподготвени. Не постои држава која е поштедена, располага со ,,идеално" опремен здраствен систем или капацитети за справување. Според она како стојат работите од сегашна гледна точка најверојатно идентична ќе биде и ситуацијата со последиците после спроведувањето на масовна вакцинација.

    Според одредени неофицијални истражувања и статистики за многу скоро се очекува економски "крах" на глобално ниво, или со други зборови - рецесија. Но, со оглед на тоа дека сеуште се наоѓаме во релативно рана фаза на пандемија, не може да се дадат егзактни прогнози поврзани со Светската берза. Сепак, тоа и понатаму не ја исклучува можноста за дискусија околу веројатните исходи.

    Патем, покрај економијата која е важен аспект, или алка за одржување на човековата егзистенција, подеднакво важни за споменување се и образовната, психичката и правосудната состојба за колективот. Од овде се наметнува прашањето како истите ќе закрепнат после овој удар и дали мислите дека нешто сериозно ќе почне да се менува (надежно кон подобро)?

    Во оваа тема, исто така ја користам приликата да се дискутира за можно сценарио - прекројување граници. Под претпоставка дека некои од најголемите држави (како Америка, Франција, Иран и Канада во моментов), веќе се сериозно погодени од новонастанатата криза, до степен да ја изгубат својата "унитарност" и независност поради ослабената економска моќ...

    За крај две прашања -

    1. Дали мислите дека економскиот и трговскиот трансфер би доживеал промена, како и науката, (особено биохемијата), а потоа и сите останати круцијални столбови?

    2. Дали после оваа криза ресурсите ќе продолжат да се насочуваат кон усовршување и создавање нова воена опрема, или човештвото конечно ќе го пренасочи и сконцентрира својот фокус кон градење постабилен здраствен систем, реобнова на фармаколошката индустрија како и други есенцијални столбови потребни за самоодржливост?

    https://www.thebalance.com/fundamentals-of-the-2020-market-crash-4799950

    jnd.png
     
    Последна измена: 8 април 2020
    На candy.cane, Blue.Sky, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    После пандемијата ќе се види што и колку е изгубено враќање во нормала ќе трае барем 6-12 месеци. Зборувам за економски аспект. Тешко на земјите со висок процент на смртни случаи
     
    На candy.cane, bicycle и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Maрчи, процесот ќе трае малку подолго од една година со оглед на статистичките податоци и прогнозите на берзата. Еврото и доларот како водечки валути бележат брзо опаѓање, од ден во ден.

    Мислам дека сето ова благо ќе го почувствуваме преминот август - септември годинава.
     
    На candy.cane, Cutiepie1, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Biny

    Biny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Машки
    88ECBA5D-2197-4B56-A31A-8A03716FC987.jpeg
     
    На AndyRad, Flower123123, LadyLollypop и 2 други им се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.229
    Не сум експерт за економија, но верувам дека сите знаеме (претчувствуваме) дека нема да биде сјајна ситуацијата. Колку подолго е светот ,,запрен'', толку полоши ќе бидат последиците. Јас можам да си кажам и за себе, да, работам од дома, но значително помалку работа има, а и луѓево се генерално исплашени, демотивирани, не им е дојдено до ништо... Со еден збор, катастрофа. Инаку, дел од приватниот сектор сум.

    Јас сакам да се осврнам на нешто што според мене се запоставува, имено, психичката состојба.
    Евидентно е дека ќе имаме повеќе психички нарушувања, како депресија (која е смртоносна, индиректно), анксиозност, панични растројства, посттрауматски стрес синдром итн., да не набројувам понатаму.
    Се плашам од тоа какви ќе бидеме кога ќе излеземе од дома. Ќе видиме што ќе се смени и во меѓучовечките односи. Нешто позитивно ќе биде тоа што верувам дека сите повеќе ќе го цениме физичкиот контакт и блискост. Човекот не функционира сам и изолиран...

    Во врска со образованието, на сите ни е јасно дека онлајн наставата никогаш нема да успее да го замени контактот очи во очи.

    Генерално, мислам дека мерките ќе придонесат за поголема штета отколку самиот вирус.
     
    Последна измена: 11 април 2020
    На senjorita-v, Flower123123, mareane и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Штети секако дека има. Но, загадувањето што се намали заради вирусов исто правеше штета за која не се потресувавме толку многу. Дека и од тоа луѓе умираат секојдневно.
    Може ќе станиме посвесни од кај ни доаѓа храната. Нема да ја земаме здраво за готово луксузноста да ни е се на тацна кога ќе видиме колку било страшно да не си сигурен дека ќе имаш храна. И може ќе ни текне дека тоа е секојдневие за илјадници. Па може подобри ќе станиме. Пошо не учиме од добро, само преку лошо. Иако мислам дека за 5 мин ќе се вратиме на старите лоши навики.
     
    На senjorita-v, Flower123123, P.S.love и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Мошне мудро и реално напишано, Проминент.

    Кога фиизчкото здравје е доведено во опасност, по инерција страда и психичкото (душата како апстрактен поим). Во време на ваков паничен страв, не верувам да е некој претерано продуктивен во било што, па така и својата работа. Освен можеби уметниците и идеите кои произлегуваат од нивното творештво.

    Внатрешното чувство ми говори дека ќе има plot - twist во овој дел и дека интересното тек допрва доаѓа. :lol:

    Немојте да се зачудите ако потрае вирусов повеќе од 12 месеци, во потполност да се променат образовните програми. Moжно е многу еманентни професори дури и после завршувањето на вирусот да донесат консензуално решение за одржување online настава и понатаму, а само усмените и писмените полагања да ги одржуваат во универзитетите. Многу опции се можни реално, а тие најмногу ќе зависат од времетраењето на овој вирус.

    Само едно е сигурно - технологијата ќе доживее уште поголема експанзија оваа година. (Не нужно 5G мрежа, туку соодносот, комуникацијата, бизнис трансферот, електронската валута, online работата итн).
     
    На candy.cane, marchi-cool, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.229
    @Nigredo Odor, држи вода твојата теза за технологијата. Зашто, реално, да не ни беше таа во моментот, немаше ама баш ништо да ,,мрда''.

    Ова со онлајн наставата можеби малку го генерализирав и јас. Повеќе ми е субјективно мислење, дека контактот лице во лице не може да биде заменет со контакт преку екран. Ајде за настава некако ќе помине, и тоа нормално зависи од научната област. Но за полагања (ако сакаме реални резултати), тоа е малку потешко изводливо.
     
    На candy.cane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Полагањата во почеток e можно да продолжат да се одвиваат како и досега, во школските/универзитетските клупи. (fingers)

    Ако се утврди тој модел како успешен со плус претходно етаблираната online настава, може да се создадат нови алгоритми и програми кои ќе овозможат контролно online полагање, како и предавање (како досега). Очекувам многу изненадувања и plot - twist ови на тема образование.

    Moжеби звучи футуристички, но кога одблизу ќе се погледне на работите сфаќаш дека и не мора сето ова да е далеку од вистината.
     
    Последна измена: 11 април 2020
    На candy.cane, theowndemon и prominent им се допаѓа ова.
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Она што заборавив да споменам а мислам дека е важно е целта на ваквите ,,технократски" мерки.

    Тоа е дека би се заштедило на ресурси. На овој начин фирмите не би морале да плаќаат дополнителни придонеси, давачки и такси, од причина што работата на вработените би се одвивала исклучиво од нивните домови со еден заеднички domain или официјална страница каде ќе бидат регистарски впишани и евидентирани вработените заедно со палетата услуги кои ги нудат. Секако, ова би важело исклучиво за студентите и IT луѓето/деловните работници.

    Додека универзитетите би можеле да вложат уште повеќе во креирање страници со online продажба на книги кои би се купувале во pdf формат.

    Ќе треба доста да се работи на сето ова, но се повеќе верувам во веројатноста на оваа технолошка реализација која е во секојдневен подем.
     
    Последна измена: 11 април 2020
  11. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Дигитализација на учебници и материјали за учење - да.
    Електронско банкарство, исто така да.

    Ама учење, работење од дома... не.
    Не знам, не би сакала да го видам човештвото да ги извршува работите кои илјадници години се вршеле во посебни установи од дома.
    Шо знам, природно е некако домот да биде само за слободни активности и одмор. Да се има интеракција очи во очи додека се учи, работи, и извршуваат други обврски.
    Ми фали да брзам да се спремам, да потрчам по автобус за да стигнам на час на време. Да зборувам во живо со соученици, да допреме и разгледуваме материјали заедно, да слушаме како некој ни предава во живо, а не преку екран.

    Премногу осаменост и пасивност ако не е така.
     
    На 1209, M.B., candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    После предавањето и учењето би добиле прилика за активности надвор од домот. Не мора да страда социјалната интеракција доколку се воспостави добра организација.

    Така би се добиле повеќе слободни часови, доколку се земе предвид дека нема да мора да се патува на релација училиште - дома/работно место и сл.
     
    На candy.cane и Angie1432 им се допаѓа ова.
  13. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    643
    Пол:
    Женски
    Знам дека е за доброто на сите, но да си кажам јас дека лошо ми влијае изолацијава иако не сум нешто многу друштвена личност. ;(
     
    На jEwElRy, sj *O*, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Исто мислам ко Одор дека би можело да се даде прогноза за економијата негде крајот на летово.
    Сега да видиме како Кина ќе реагира на шоковите во економијата и за колку време ќе се справи. Кина е голем извозник па така да сите земји увозници ќе трпат штета.
    За време на Големата криза, Македонија имаше економска криза само, бидејќи е отворена земја и увозно зависна. Во поглед на ова поле највеќе зависиме од Германија, но нели сите земји сме поврзани во ова.
    Банкарска криза не верувам да има, ама курсот ќе падне со оглед на тоа што сме фиксно врзани за еврото.
    Доколку има рецесија невработеноста ќе се зголеми за жал, намалување на БДП, зголемени долгови, опаѓање на потрошувачката, поскапување на извозот...а потоа товарот ќе го сносат даночните обврзници.
    Искрено има многу можни сценарија но, ќе видиме како ќе тече ситуација и колку време ќе трае.

    Во однос на онлајн предавањата, кажувам од мој личен аспект, а тоа е дека ми се допаѓа многу оваа нова промена бидејќи заштедува време, имам слобода дома додека ги следам предавањата, потивко е кога си сам а не во амфитеатар од 50 луѓе каде сигурно се наоѓа некој на кого му се зборува, попрегледно е решавањето на задачи бидејќи можеш од блиску да следиш настава, приметив дека многу повеќе студенти ја следиме наставата отколку во живо што доаѓаат.
    Но сепак ова и има доста недостатоци од типот на некои технички проблеми, како што се снемување на интернет, сецкање при комуникација, помала вербална интерактивност со колеги, за ова се согласувам со @Sejfullai, бидејќи помалку би се здружиле студентите.
    Исто и во однос на работа. Тоа е контра тим билдингот.
     
    На candy.cane, Sejfullai и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  15. Rebele

    Rebele Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Дечки што се дешава со овие авионите? гледав на ФБ во живо човек од Србија снима како летаат авиони па им ја исклучиле струјата имало чуден звук.
    што се случува со светов?
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.193
    Допаѓања:
    4.226
    Низ вестите читам како САД и ЕУ ќе ѝ помогнат на некои големи земји за да се справат со економијата после кризата и сл. и помислив колку многу би можело да се направи за мали и сиромашни земји како Македонија на пр. бидејќи тие пари честопати би вределе далеку повеќе тука и многу повеќе би можело да се направи со нив. Знам, наивно малце ама ете замислувам што би било кога би било... многу мали земји творат многу човештво, па така би имале посветла иднина можеби.
     
    На candy.cane и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.508
    Допаѓања:
    175.845
    Како мислиш науката особено биохемијата би доживеале промени @Nigredo Odor 8-|?

    Рецесија ќе има, човештвото нема да биде подобро, дури напротив.
    Со повеќе информации, во следното јавување.
     
    На Dentina и candy.cane им се допаѓа ова.
  18. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    После пандемија, бројот на психијатриски болници ќе се зголеми за 5 пати повеќе.
    Па луѓе секојдневно тонете во информации, не можете да се снајдете, се се одвива брзо, голем дел е непознато за нас, што само ја прави ситуацијата полоша.
    Психичката состојба ви се влошува од ден на ден, стресот кој што го доживувате, не само дали и вие ќе заболите или вашите сакани, туку секојдневенните информации којшто ги добиваме и имаме пристап до...
    И јас се почуствував вака еден период, ама се одалечив од сите информации, не од сите, ама доволно за да сум информирана и психички здрава личност, и сега се чувствувам добро, затоа од се срце ви препоручувам да најдете некое хоби во овој период, или посетете се на некои интересни и убави теми на форумот, готвење, прочитајте книга, изгледајте филм, серија...
    Информациите не ви помагаат да разберете што се случува, да се чувствувате заштитено, само ќе ви прават полошо.
     
    На sj *O*, daylight, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Нови револуционерни пронајдоци, во форма на вакцина или лек за некои други болести кои случајно би се нашле дур се бара спас за вирусот. И тоа за болести кои се веќе долго присутни меѓу човештвото. Не буквално менување на биохемијата.

    Има некои статии кои ги наговестуваат новините кои ги споменав погоре но, сеуште се во експериментална фаза, (ги постирав во темата информации и главната).
     
    Последна измена: 12 април 2020
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Малку е оф - топик, но би ти било проблем да го постираш овде видеото за да видиме за што точно станува збор?

    @daylight

    Ако ова потрае доволно долго. (Хипотетички повеќе од една ипол год.), воопшто не би било чудно да добиеме помош со оглед на тоа дека сме веќе влезени во сојуз.

    Воопшто, сите овие алтернативни идеи кои ја опфаќаат надворешната политика се многу возможни после завршување на кризата, но не веднаш туку постепено.
     
    Последна измена: 12 април 2020
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.