1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идниот Топ Модел На Америка (America's Next Top Model)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Beauty161, 23 август 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.206
    Пол:
    Женски
    Дали се сериозни луѓево?
    Кајла е најпросечната девојка што некогаш била на шоуво. Ништо нема во неа, ни персоналити, нивното омилено, ама баш ништо, никакви црти, ништо, нула, зилч. Кога видов дека Кристијана испадна премотав само. Плус, толку се напнаа за тоа кој ќе оди на ревијата и на крај сите одеа, хааааа, тоа баш добар момент беше, циркуз. Џина не победи зашто оној не ја сакаше за во неговиот магазин веројатно и толку.
    И намерно одбраа таква слика од Кристијана, имаше подобри, кога оној, не знам како се вика, рече дека ја имаат насловната.
    Глупава сезона.
     
    На sanja.burgundy, Ketchup и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.344
    Кајла има фаца на модел, но на модел кој ќе го видиш низ списание и никогаш нема да ти текне да го прогуглаш, така само ќе ја пролисташ. Мене ми е убава, но не за победник. Кристијана ми беше нај од сите. За наградите, воопшто не се реални, т.е. не се ни награди. Нели снимаа спот за Мејџор, спотот никаде го нема. Кајла не е на аватарот на играта ANTM. Лани таа што победи ја нема никаде на реклама за Rimmel London. Мислам дека од шоуво добиваат само понатамошни соработки со некои компании кои што ќе ги контактираат, друго ништо.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.206
    Пол:
    Женски
    А оној дизајнерот што и рече како коњ одела на Крисријана? Нели Тајра е за боди позитив имиџ и такви ми ти ствари?
    Грозен.
     
    На sweet-cherry и Ketchup им се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.344
    После 15 години, не може да биде квалитетно шоуто како порано. Судииве воопшто не се епик ко J. Alexander, Janice Dickinson и слични. Скоро сè се повторува. И да, последниве неколку години се бара некоја необична убавина, а најобичните фаци победуваат. Winnie Harlow не беше победник, а е една од најуспешните што некогаш биле на ANTM.
     
  5. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.344
    На јутјуб ми излезе епизода од азиската верзија на шоуво. Ми се допадаѓа тоа што мислам дека не гледаме доволно Азијки во модниот свет и шоуво дава можност на девојки кои никогаш не би помислиле дека би можеле да бидат модели, со целокупната шминка и стајлинг, да донесат неверојатна editorial фотографија.