1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идниот Топ Модел На Америка (America's Next Top Model)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Beauty161, 23 август 2011.

  1. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Маајк :party: скокнав од радост кога кажаа дека победи, ама се разочарав што Марвин и Џереми паднале толку долу :worried: Ми се допаднаа фризурите на (скоро) сите, а најмногу на Фил, Нина, Канани и Александра, а Мајк и Џереми скоро исти си останаа :lol: за Кори жал ми падна, преубав беше со коса, сега ко вонземјанин го направија :x Се изнасмеав на почетокот кога Марвин бараше женски (пак :lol: ) и кога ги депилираа машките со восок :rofl: за Клиа не ми падна жал, како и на RainBow - и мене ми беше антипатична.. воопшто не ме потсетуваше на модел.. исто и Крис Х. некако чудна фаца има, па сакам и тој да си замини. Се изнервирав единствено што остана Дон, уште од почеток му го имам пикот и не верувам дека ќе го засакам :lol: Едвај ја чекам новата епизода, баш сакам да видам како ќе одат женските во оние џиновски штикли :x
    btw- оние судиите некако цело време ги местат Џордан и Џереми :^) :lol:
     
  2. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Се согласуваме сите за Клиа :D Инаку и мене не ми се допаѓа Нина, спомнав и претходно, понекогаш awkward е добро, ама мене не ми прави мерак.
    Крис Х. исто така не ми е убав, ми личи на Теди од 90210 - новите, некоја мутава фаца ми е.
    [​IMG]
    Дон е реално убав човек, ама некако не знае да позира, забележав неговата и на Кори позата беа скоро исти, онака наведнати нанапред со главата кон девојката.
    Мене ни Џордан не ми е убава, сеуште не знам што толку се сите фасцинирани од неа.
    Ме плаши Мајк - ако не научи да оди, и убаво да позира, ќе лета многу брзо...
    Ми останува Џиана како апсолутен фаворит, толку убаво лице има, милина! Интересна ми е и Канани :)

    Добро, а да збориме дека Алесандра Амбросио беше special guest! Ахххх.. дури и јас се подмочкав од среќа кога ја видов :lol: :lol: :lol:
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Sneak Peak:

    [​IMG]

    Претпоставувам е епизодата што следува, но не е битно. Канани ми е супер излезена, Џереми е сладок, некоја шмекерска поза има, а Дом е повторно со истата фаца, ништо ново... :lol:
     
  4. blue-diamond

    blue-diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    Почнав со новата сезона и само мислам требало посебно да ги поделат машки и женски и на крајот да би имало победник машки модел и женски модел инаку на фаца најубав ми е Мајк од женските сум за Нина,а другите не ми ни оставија некој впечаток и Канани не е лоша. Џордан не ми се свиѓа, не дека не е убава ама не ми е за модел, а и многу ме нервира тоа шо по 20 пати во епизода кажува како се мажела на 18 и се развела ... истото и за Мајк дека Тајра го нашла и дека нејќе да ја разочара.
     
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Канани повеќе ми се допаѓаше со долга коса. Некако им е пракса сите девојки што имаат убави црти на лицето и мала глава да ги шишаат кратко, па така доаѓаат до израз и обично е така. Но кај Канани ми е обратно, поубава ми беше со долга коса.
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Нова епизода :D
    Еве ви линкче:
    http://www.putlocker.com/file/C2B6E6083FE76AB3#

    Како и што предвидов минатиот пат - Мајк си отиде дома. Беа многу блиску со Џереми, ама фановите повеќе го сакаа Џ.
    Значи, дали сум јас луда што уште не ми се свиѓа ништо посебно кај Џордан? Победи и на предизвикот со пистата, и најдобра слика.
    Тоа што сакав да искоментирам всушност беше дека сум разочарана од машкиве затоа што немаат многу разновидни пози, не прават ништо посебно со телото, со лицето, додека девојкиве се вртат се тртат :D :D

    И уште нешто - што побогу се случува со стајлингот на Тајра? Ептен ми е утка сезонава, денес посебно!
     
  7. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    новата епизода..
    Мајк.. ;( знаев дека ова ќе се случи :( многу ми е жал што испадна ама навистина ќе беше штета Џереми ако испаднеше, бидејќи искрено - Мајк не е модел.. и Џереми не е ама мислам дека Џереми има поголем потенцијал, иако и двајцата дојдоа во шоуто како изгубени и како да незнаат што сакаат :?: ..
    Од друга страна, Марвин мислам дека е срцка и заслужува да победи (а и да си фати женска :lol: ).. Од женските Нина сеуште ми е фаворит, ама и Рене ја засакаувам, многу ми е интересна дека цело време не ја вади Џордан од уста :D Џордан и Крис Х. ми се најантипатични.. Крис Х. кажа зошто е таков, и навистина има тажно минато ама човеку не мора цело време драма да правиш |( Џордан па секоја втора реченица и е за бракот |( На почеток ми беше симпатична и мислев дека ќе ми биди фаворит ама ништо од тоа.. покрај Марвин, од машките сакам и Кори да го видам во финале, навистина се труди :) Другите што не ги спомнав не ми оставаат голем впечаток, па затоа не ги коментирам нив :rofl: А како што гледам, нареднава епизода ќе биде доста интересна, можно е да видиме тепачка помеѓу Рене и Џордан :rofl:
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Шмрц, шмрц.. Јас сакав Мајк да остане, има далеку поголем потенцијал. Има поостри црти на лицето, ама ете, не знае како да ги искористи. Џереми секако ќе испадне, очите најмногу ќе го кочат. Има ситни очи, му пречи светлото и нема да му дојдат до израз. А ако веќе нешто научивме од досегашните сезони е дека очите се многу битни во целокупниот израз на лицето и на силниот ефект на сликата.
    Џордан се истакна повеќе неделава, мене ми се свиѓаше сликата. И Канани исто ми се свиѓа. Рене ми е некако бледа, невпечатлива, да не кажат како се вика нема ни да ми текне која е.
    И Александра не ми се свиѓа воопшто, премногу е обична.
    Маживе може тргнаа посилно, ама немаат многу со што да работат. Наскоро ќе станат досадни. Еве како Марвин, се со истата фаца. А и Крис е истиот, намрштена, напатена фаца.
    Девојките допрва ќе се разбудат и ќе сфатат колку повеќе агли имаат за разновидност.
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Мајк испадна, по мене праведно. Немаше да биде фер некој друг да излезе, а тој пак да остане, кога реално не го бива. Мислам дека доволно пати му дадоа уште една шанса. Мене искрено Дон баш не ми го бива, некако е најблед. Он е кул типче, нели е и пеач, меѓутоа на сликите цело време исто па исто. Подобро да си се држи до музиката.
    Туку нешто друго забележувам овој серијал. Сите натпреварувачи се пријателски расположени и во куќата владее пријателска атмосфера и меѓусебно се поддржуваат. Инаку уште од првата епизода парам парче се прават со карање. Мислам дека присуството на машките ја прави таква атмосферата, од секогаш сум викала машки знаат да бидат подобри пријатели од женски :!:
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Нова епизода :)
    http://www.putlocker.com/file/841A188C1AEC8E8A#

    Леле, срце ќе ме стрефеше да испаднеше Џиана! За малку. Испадна Александра што и стварно не остави некој посебен впечаток откако почна шоуто. :|

    Абе таа Џордан има да ја треснам од земја, колку ме нервира. Имала abusive relationship - дечко и и кажувал дека е грда и не е модел. А ни овој сега не е нешто поарно според испадите на телефон што ги имаше, штом мораше да му се правда - абе не е така.. А една самобендисана, шта да ти причам.
    Се изнасмеав кога машките ја имитираа и и’ дофрлуваа. Сите и’ биле неа љубоморни. Ма дај! :emo: :puke:

    Фил, Фил, не и се пуштај веќе на Џиана, ќе си пати девојчето од тебе :( :lol:

    Eдит: А да, Џордан не знаеше како изгледаат GOTH people, зашто израснала во место со белци :x :x
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Ајде, си отиде Александра, доста и беше.
    Оваа Џордан, ми личи ко да дошла од некое село затуцано каде нема струја, вода земаат од најблискиот бунар, а интернетот се уште не е измислен. Башка што испадна ужасно себична, и фалел дечко и, па затоа си зема за право да одзима на другите од времето. Не па дека на нив некој им фали.
    А дали само на мене ми изгледаше како Фил целосно да ја искористи Џиана? Како да сакаше да и го тргне фокусот, па вечерта како почна да зборува за девојка му, испадна некако многу безобразно. Се надевам дека нема веќе да му обраќа внимание. Ако го прави тоа пак, тогаш е глупача и треба да си оди дома.
     
    На irena.1 и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  12. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Искрено, не очекував Александра толку брзо да испадни, ама па и не се истакна многу, затоа сеедно ми е (мене сеедно ќе ми беше и Џиана да испаднеше :tmi: ).. Џордан уште повеќе ме изнервира, па и како кажува, ќе и било како пекол се додека не заврши емисијата, да не очекува таа до крај да остани :^) ?? Па и колку е глупава, затоа што каде што израснала имало само белци и шпанци, не знаела што е готик :fubar: Џереми стварно ко кученце е, и зажалив што минатиот пат реков дека повеќе од Мајк заслужил да остани :doh: Марвин, по стоти пат кажувам, права срцка е :D Па каква слатка насмевка направи кога Рене го баци :inlove: А и после како ја излижа цела :rofl: Мило ми е за Канани и Кори, конечно се истакнаа :) Фил на нерви ми оди, цело време со Џиана флертува а потоа кажува колку ја сака женска му :puke: Покрај Марвин, најсмешен дел од епизодава ми беше кога машките ја имитираа Џордан :lol:
     
    На irena.1 и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Александра не се истакна и нешто многу, а повеќе очекував, така да испаѓањето не ме изненади. Некако од кога и ја офарбаа косата во кафено се изгуби меѓу другите, со руса коса ми беше повпечатлива. Џордан ме нервира, затоа што минатата епизода беше прва па се вообрази и си мисли дека е нешто многу над другите. Типично детски, но кога ќе ти текне дека има 19 години, и дека се мажела и разведувала (тоа го кажа едно 100 пати |( ) се ти е јасно. Не ми текнува како се викаше дечкото што ја носеше на вечера по предизвикот. Ама тој ми е следен за испаѓање. Затоа што е ист цело време, значи има добро тело и тоа, нема што повеќе да понуди. Марвин срцка беше меѓу последните, ама дечкото несакаше на предизвикот да прашува глупости и да навредува луѓе, они двајцата блогери што му кажуваа, и тоа е за почит. За Џиана ми е криво што му дозволува на Фил премногу да и се доближи и на крај и повредена и за малку ќе испаднеше. А тој си се заебава, прво ја гушка, бацува, па после си кажува за девојката баш му е гајле
     
  14. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Кога ги гледам новите епизоди, ги читам и коментарите на интернет, и повеќето се дека ова шоу не е тоа што беше. Воопшто не се даваат конструктивни критики, совети. Мислам дека до некаде се во право.
    Скоро па и е претворено во Big Brother!

    Многумина исто така го препорачаа Britain and Ireland's Next Top Model, каде што навистина се посветувале на подобрување на девојките, фотографиите.. Да не должам, само што почнав да ја гледам 8ма сезона (не е последна, мислам дека има 10-11), затоа - да можам наеднаш да ги изгледам епизодите, да не чекам цела недела.

    Баш ме интересира која е разликата :)
     
  15. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Уфффф за малку ќе ми испаднеше мојот фаворит-Џана.Фаворит ми е уште од првата епизода.Александра заслужено си отиде, има дефинитивно подобри од нејзе.Инаку оваа сезона ми пречи што скоро во секоја епизода се лапаат.Немора да значи ако се мажи и жени дека мора да ги спојуваат.Следен за испаѓање ми е Фил, не го можам, се надевам Џана ќе се освести и ќе се тргне од него бидејќи ја кочи.И јас оваа година за прв пат почнав да го следам шоуто, ги гледам од горе надоле, изгледани ми се 18 и 19 сезона :)
     
  16. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    на времето го глеДАВ СЕГА НЕ МОЖАВ ДА ФАТАМ НА А2
     
  17. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    На кој канал може да се гледа шоуто ?
     
  18. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    можеш онлајн да го гледаш, има линкови на страните поназад ;)
     
    На lav4ence.e.e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    и јас ја гледам дваесетава сезона и сега за сега интересно е :) фаворит ми е Дон, просто прекрасен ми е :D а онаа Џордан ми е многу простичка |( незнам како до тука истера..
     
  20. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски