1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идниот Топ Модел На Америка (America's Next Top Model)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Beauty161, 23 август 2011.

  1. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав последнавна епизода и можам да кажам дека сум делумно задоволна со изборот на испаѓање.Можеби требаше Фил на местото на Канани но нијанси одлучуваа.Малку беше глупаво тоа што им го направија на машките на женските со кловновите, посебно кога знаеја дека Рене и Канани имаат паничен страв од кловнови.Тоа е исто како мене да ме ставиш во соба со мачка :fubar: Морам да признаам дека Џордан заслужено доби најдобра слика, убава беше.Мојот фаворит Џана пак беше меѓу последните и тоа не ми се допаѓа.Под итно нека ја спука со Фил бидејќи вака само ја бутка кон дното.
    Како втор фаворит ја издвојувам Рене-прекрасна ми е!
    Инаку и јас забележав, претходната недела изгледав три сезони на назад, и навистина во претходните сезони многу повеќе им даваат совети и сугестии, оваа ми е некако премногу комерцијална.
     
  2. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Канани.. ;( Не требаше да испадни, заради глупостите на момците.. :x За Џереми ми беше сеедно, ама очекував и Фил да си замини со него.. Нина и Марвин сеуште ми остануваат фаворити..
    Инаку сакав да кажам, оние сликите со ноктите што беа, ги имав видено на гугл уште кога беше првата/втората епизода, па побарав на гугл пак, и најдов цели фотосесии од наредните 5 недели.. линкови во спојлер -
    наредната недела -
    http://iamrian7.wordpress.com/2013/03/1 ... paint-art/
    7ма фотосесија (сликата на Нина.. :inlove: ) -
    http://iamrian7.wordpress.com/2013/03/1 ... f-fashion/
    8ма фотосесија (најчудни слики имаат овде, газот на Клеа, челото на Рене, носот на Фил :| Нина најинтересна ми е :D ) -
    http://iamrian7.wordpress.com/2013/03/1 ... -flawsome/
    9та фотосесија (Џордан WTF :o да не пишуваше дека е таа, немаше да ја препознаам.. )-
    http://iamrian7.wordpress.com/2013/03/2 ... g-animals/
    10та фотосесија (Алекс и Рене најдобри слики :) )-
    http://iamrian7.wordpress.com/2013/03/2 ... hotoshoot/
    не ја најдов 11та фотосесија (не ни барав :tmi: ), ама од ова што го видов мислам дека Мајк и Канани не се враќаат :doh: Незнам кој ќе испадне понатаму, ама засега мислам дека Алекс има најголеми шанси да се врати..
     
  3. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    ^ Не издржа срце јуначко, морав да ги погледнам ]:) ]:)

    За последнава епизода, многу се изнервирав за Фил - заради него и добија најниски поени, заради неговото однесување, ко да има anger management issues.. Помеѓу него и Канани, сакав он да си отиде. За Џереми ми беше сеедно, истите фаци ги вади на секоја слика.
    А и некако приметив дека Рене не се истакнува многу со сликите, барем мене лично не ми оставила впечаток. Сеуште најубава ми е Џиана :)

    Спојлер за идните слики:

    Џордан има доста силни слики, што не ми се допаѓа :devil: Џиана некако вештачки ми делува на повеќето :?:
     
    На MaggieTatum и irena.1 им се допаѓа ова.
  4. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав новата епизода и едно ќе кажам МНОГУ БИЛЕ ПЛАЧКОВЦИ ОВИЕ МАЖИВЕ БЕ :D На крај и Фил кој нон стоп се претставува како нешто друго се уби липајќи. За Џерми не ми е жал што испадна, заслужено, мислам нема ни трошка напредок од првата фото сесија. А за Канани ми е жал, можеби требаше Фил да испадне. И онака не го бива нешто посебно, плус цел е неурамнотежен, на предизвикот само глупости правеше, ради него останатите од екипата добија толку слаби поени. Незнам што гледа онаа Џиана во него. Посебно ми се допадна сликата на Марвин, мислам дека најдобра беше.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Ауф ептен ми падна криво за Канани, мислам дека имаше далеку поголем потенцијал од Фил, требаше он да си замине, нема ништо посебно во него. Како почна да плаче сиромашката... И овие па со тоа кловновите, идиоти. За Џереми се знаеше дека нема многу да турка, не ме изненади. На Џордан не и беше лоша сликата, мене и на Кори ми се свиѓаше. А што вака по двајца ги елиминираат, им се брза нешто?
    Јас не отворам линкови, нема да ми биде интересно после. А сликите ги има уште од порано, нели демек за гласањето, додека се снима шоуто.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    ^ и јас не сакав да гледам за понатаму, не сакам спојлери, ама како што кажа sanja.burgundy погоре -
    :lol:

    инаку за -
    мхм, посебно од наредната недела :worried: можеби пак ќе добие најмногу поени :@ Ама ја виде на 9тата фотосесија (со животните)?? воопшто не изгледа на неа :x ај можеби тогаш ќе ја исфрлат ]:)
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Само што ја изгледав последната епизода и ,
    сум многу тажна бидејќи излезе мојот фаворит Џана ;( Ќе бидам искрена и ќе признаам дека навистина последните три епизода како што кажа Тајра фацата и беше не јас не јас.Многу и беа слаби и фотосесиите и мислам дека има мали шанси да се врати но останува да видиме.
    Следен фаворит ми е Рене, а тука негде ми е и Нина(иако во природа не ми е којзнае колку убава, ми има фаца на модел.Џордан и оваа слика се издвои и навистина беше најдобра.Од машкиве си останувам за Дон иако мислам дека додека машкиве се караат и преовладува она машко его на крај Кори ќе им го каже на сите.Си трае си молчи ама некако мислам дека ќе ги завфркне :lol:
     
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Испадна Џиана и жал ми, повеќе сакав Фил да си оди. Иако и нејзините последни фотографии стварно не ги биваше, неговите па ич. Човекот според мене не е модел, случајно залутал тука, незнае воопшто да позира, на сите предизвици прави глупости, пак сеуште е во игра. Марвин го фати некоја криза. Во Рене гледам голем напредок. И стварно што е работава со имиџот на Тајра, ми изгледа многу стара.
     
  9. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Сеедно ми беше кој ќе испадне, само несакав тоа да биде Марвин.. Навистина незнам што се случи со него во епизодава, прво ме натажи кога плачеше ама после со Крис.. :x Многу низок удар беше она, навредите за физичкиот изглед.. Океј, и мене не ми е убав, ама мислам дека на таа возраст треба малку поодговорно да се однесува, па и во тој бизнис.. И реакцијата ми беше баш како на Кори -
    aма како го кажа тоа, ме изнасмеа :rofl:
    Џордан пак прва, и го очекував тоа кога и ја видов сликата, ама барем сега не прави некои драми во куќата.. И ајде веќе нека го исфрлат Фил (може и Крис :lol: ), на нерви ми оди |(
     
    На sweet-cherry и irena.1 им се допаѓа ова.
  10. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Не ми се коментира веќе хаххаха..
    Ми беше Џиана фаворит, ама стварно беше слаба последните фотосесии, да не се повторувам :) Фил стварно ко да залутал тука хахахха... Џордан убави слики вади, ама ете, Рене нека ми биде следна фаворитКА :) :)
    Толку ми беше инспиративна епизодава за да коментирам :D :D
     
  11. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Новаааааа!!

    http://www.putlocker.com/file/B0AD2B07483B55DF#

    Епизодава е турбуленции!! :D
    Најмногу ги сакам епизодите во кои одат на кастинзи, ама овој пат имаше само 2 кастинга, и победи Рене (јеееееее), а Џордан не учевствуваше на ниедна ревија ]:) ]:) :wasntme:
    Конечно испадна Фил, и онака две епизоди се влечеше и едвај поминуваше.
    АМА - дојде денот за враќање на натпреварувачи, и најголема оценка имаше Александра, и како изненадување ќе се врати и еден од машките, но ќе знаеме кој следната епизода :D
    А да, следната епизода одат на Бали :)

    Од интернет коментари:
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  12. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Се изненадив дека се врати Александра од женските(криво ми е за Џана, фацата и кажуваше колку сака да влезе :( ) Инаку во оваа сезона дефинитивно се чувствува конкуренција особено помеѓу Рене и Џордан.
    Некако Рене во последната епизода само Џордан ја ставаше во уста и не ми се допадна колку се смееше кога ја критикуваа Џордан, некако ми беше злобна :devil:
    Мене се повеќе и повеќе ми се допаѓа Нина, ненаметлива и оригинална а има и супер персоналити.
    Од машкиве покрај Дон ме изненади и Крис, и на ревијата и на сликата, изгледаше wowww:x
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Јас се мислам Џереми ќе се врати од машките. Само немој пак Фил, стварно ми е доста од него, една добра слика немаше.
    Александра бре, јас мислев Канани ќе се врати, од кај па сега оваа излезе не ми е јасно.
    Ама Рене стварно беше добра на модната писта, не знам одот од кај го извади. А Џордан сиромашката, my walk is almost too good... :rofl: И се изнасмеаа, иако беше злобно така во позадина.
    Ќе биде интересно на Бали.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Не го сакав ич Фил и на крај испадна, е сега ми е жал за него. Ми се допадна неговиот став и ставот на Марвин на крај кога чекаа да чујат кој ќе остане. Па сега сакам тој од машките да се врати :$ Навистина фер и да не речам машки, ја слушнаа одлуката, си честитаа, а не жениве се смееја една на друга кога судиите им даваа коментари за сликите. Инаку аман од Џордан, ама стварно, нејзиниот од бил too good, мојот од е my thing, се е јас јас јас. Па некој друг треба да ја пофали, не сама себе. На Марвин сликата стварно не ја биваше, ама на кастинзите си беше добар, незнам зошто не го одбраа. Премногу се смеел, па да не се смее ќе му речат нема карактер.
     
  15. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    wow!! епизодава беше супер :D
    прво, Рене конечно истапи пред Џордан, а Џордан остана меѓу последните ]:) второ, Рене и Марвин.. :inlove: Трето, Фил испадна :party: :dance: Единствено не ми се допадна тоа што Крис имаше најдобра фотографија, и мислам дека Нина беше 100 пати подобра од него :fubar:
    И воопшто не очекував во оваа недела да се врати некој, ама океј, пријатно изненадување беше :D Александра многу очигледно беше дека ќе се врати, најдобри фотографии имаше.. само незнам кој од машките ќе се врати, сакам Мајк да се врати ама некако слаби му се сликите :?: Важно Фил да не се врати..

    а и малку глупаво ми е тоа што нели, натпреварувачите што останаа ќе одат во Бали, а на линковите од фотосесиите за наредните недели што ги објавив, ги има сите натпреварувачи.. Веројатно така направиле бидејќи нели сликите излегуваат порано, и ако ги немаше тие што испаднаа, ќе знаевме кој останал а кој не, ама некако нема смисла ова, излегуваат сосема од натпреваров, а продолжуваат со фотосесии.. :?:
     
  16. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    од машкиве гарант ќе се врати џереми, иако не ми е ништо посебно..а и никој од машките што излегоа не ми се свиѓа. а од женските сакав да се врати канани :( ама тоа е
    а онаа па џордан коа ќе истреска нешто готово :rofl: her walk was too good :o :rofl: многу е простичка
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    |( Што им требаше глупава епизода, баш ко Велики брат се. Идиотизам.
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Секоја сезона на средина има една епизода во која се прави една ретроспектива на тоа што поминало и се даваат моменти кои се случиле а не биле прикажани. Исто така во таа епизода акцент се става на односите помеѓу натпреварувачите и нивниот карактер.
    По мене сосема е непотребна, но ете уште од првата сезона ваква епизода некаде на средината на серијалот секогаш имало.
     
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Испадна Алксандра, не знам ни зошто ја вратија.
    Џереми пак истото го тера, ама е досаден веќе. Рене испадна права кучка, се истури кај што не требаше.