Од таа темата за Мајкл Џексон ми дојде инспирација прво да се запрашам јас дали моите идоли се добри личности и доколку не се дали би ги сакала исто како до сега и видов дека ко за инает пола се луѓе за никаде, еден имам дури и силувач и киднапер. И што знам пак неговите филмови ми се омилени и пак него ќе го кажам кога ќе ме прашаат за омилен режисер, небитно неговиот карактер и живот ама ич воопшто. Како човек е катастрофа, ама како режисер е генијалец. Сега, дали вас кога ќе ви се спомне некоја омилена личност или идол, си замислувате и барате комплетно оформена личност или небитно каков човек е приватно додека добро си ја работи работата за која го обожавате?
Омилените личности од светот на уметноста и спортот, пред се, ги ценам поради делото кое го творат. Но, да бидам искрена, секогаш ме интересира и какви се во приватен живот. И да, за работата си останува ставот и почитта, ама доколку се работи за личност по мој вкус, уште повеќе се воодушевувам.
До сега сум немала ниту идол ниту омилена личност од познатите, ниту сум се замарала со нивните приватни животи бидејќи не ме интересира тоа. Но ако некој пеач или глумец или што и да е го слушам/гледам ме интересира само тоа професионалното, ако добро си ја работи работата и е професионалец во неговата област што има да ме интересира неговата приватност, никој не е совршен ниту идеален па така и они.
Па искрено баш ме заболе ку*ов ако некој праи добра музика и филмови или добро глуми, ако е е*ан педофил, силувач и слично. Али ок, затоа истите си ги прчат, поради луѓе без морални вредности, исто како нив..
Ако некој уметник ми е идол тоа значи дека покрај тоа што одлично си ја врши работата треба да е и приватно добра личност.Ако не е тогаш не му се восхитувам и нема да ми биде идол.Затоа што прво треба да бидеш човечен па се друго по ред.
Немам идол, имам само личности чие дело го почитувам повеќе за разлика од некои други. Едноставно, ми се допаѓа како глумат, како свират, каков глас имаат, каква музика прават и слично. Ако во приватен живот се скромни, приземни, хумани, тоа само им е плус во мои очи. Но, и кога нивниот приватен живот би бил проследен со скандали, тоа не значи дека нема да го ценам нивното дело. Така да, она што ме освојува е сепак кариерата, а не приватниот живот.
Како што кажа @Bitter-Sweet она што го ценам е нечие дело (песна, филм, глумење, лидерство, откритија итн), додека карактерот не е секогаш нешто што може лесно да се процени зашто ние го гледаме она што таа личност нам ни го покажува. Мислам дека многу попознати личности што ги сметаме за идоли, се лишени од приватен живот, што е тргично. Како и да е, тоа не ми е точка на интерест, туку нивните дела.
Немам идол, но кога ми се допаѓа некој актер/ка пејач/ка или било што секогаш проверувам на Википедија за нив од кариера па се до приватниот живот.
Nemam idoli, no glupi potezi a osobeno kriminalno pedofilsko shovinisticko prevarantski karakteri lesno mi se odmiluvaat i kaj obicni luge i kaj zvezdi/umetnici. Siluvach - nema da plakjam za da ja konzumiram negovata umetnost. Nit pedofil. A dali bil alkos il se drogiral kockal, malku mi vlijae. Pedofilija i nasilstvo se dno dna.
Идоли ми се отсекогаш и инспирација Еминем од машките и од женските Бритни Спирс. Сепак мислам дека некој кога има идоли има некоја насока на животот и став. Ценам ги посебно тие што од ништо направиле нешто без криминал итд...
Идол ми е татко ми, не е јавна личност ама идол ми е. Цел ми е во животот да бидам подобра од него и да го надминам. Од јавни личности може да се каже дека Меси ми е ,,идол”.Не дека сакам да бидам фудбалерка хахахај ама го обожавам и фаворизирам уште од мала. Ми беше secret crush.
Имав идол една странска пејачка која не е многу позната во светски рамки, туку само во нејзината земја. Откако на тв емисии ја гледав како зборува колкав пенис имал партнерот нејзин, и со рака покажуваше цм, и откако видов дека на една емисија буквално цицка и испадна од фустан, а таа се смее, па видов дека за пари инсталирала дома камери да ја снимаат што прави 24 часа, а имаше и секс сцени, се згадив. Не мора да е мојот идол којзнае што, сите сме луѓе, но барем ако има некоја скромна, и хумана димензија, ќе го ценам. Ако е арогантен, а добро пее, глуми, нема да ме импресионира. Друго луѓе од јавниот живот во земјава, со дел се знам, заради работа, ретко некој скромен, сите фалбаџии, умислени, глумат ниво, а немаат култура, само за јадење и за пиење гага, било што гага, секаде каде ќе се појават го прават тоа од интерес за градење на лажен имиџ, хуманост скоро ич. Катастрофа.
Имам идоли кои се познати личности.Не ме интересира секој аспект од нивните приватни животни,туку само нивното однесување кон луѓето насекаде,односно дали искажуваат повеќе позитивни од негативни емоции. Ја ценам нивната работа,а нивните маани не ми се битни.
Стара сум за идоли,ама ако некој ме бендиса со глума, пеење, водител пр. или можеби и политичар, а и од други области општо, знам да ѕирнам во приватниот живот од тоа што е објавено за истиот. Ако прочитам нешто што се коси драстично со моите погледи и ставови, нема да ме бендиса тоа и после ми влијае врз понатамошното "симпатишање" , приватниот живот ми е основата, шо знам, сакам комплетни личности
Искрено, не знам како некој може да почитува јавни личности за нивните дела и покрај тоа што се покажало дека се одвратни личности. Не викам да им се почитуваат делата, ама самите тие да бидат имуни на критики бидејќи имале големи дела, не доаѓа предвид. Баш вакво нешто се случи во МЈФ за Милчо Манчевски. Има многу луѓе на кои потсвесно им се восхитуваме како резултат на нивните дела, а воопшто не треба, земајќи предвид какви личности биле. Никој нема да ме натера да почитувам личности како Фројд, Ловкрафт, Гогољ, Кристофер Хиченс, колку и да им се генијални делата. За идолизирање не станува ни збор, за некој да ми биде идол, пред сè треба да ми биде репер за однесување во секој поглед, а не да треба да замижувам на нивните испади. Тоа што си уметник, научник или писател не ти дава право да бидеш лоша личнсот.
Па, на пример, ја има спуштено целата комплексна човечка психологија на ниво на сексуални инстинкти, веројатно пробувајќи да ги оправда своите налудничавости.
Талентот или интелектуалната способност не го сочинува целиот карактер на една јавна личност, и секако тие не се единствените аспекти кои им се прикажуваат на општеството. Со други зборови, не е доволно само да си талентиран или паметен за да бидеш добра личност, а воедно и role model - целокупниот човеков карактер е широк и мошне комплексен спектар. Меѓутоа, "halo effect" како когнитивна пристрасност, предизвикува константна грешка во перцепцијата која човекот ја создава за една јавна личност, односно базирано врз талентот или интелигенцијата, се креира чувството на оправданост на негативните прикажани карактеристики. Поради тоа, од психолошки аспект, сосема ми е јасно зошто некои луѓе идолизираат јавни личности, и покрај тоа што тие не поседуваат добри и примерни особини. Што се однесува до генијални научници и други творци кои инаку во реалноста се покажале како одвратни личности, имам тенденција да ги почитувам само нивните дела, пронајдоците и научните придонеси, но само до тука е мојата граница. Типичен пример за ова е Jack Parsons, кој и покрај тоа што бил брилијантен ракетен научник, изумител на првиот ракетен мотор и пионер во развојот на течни горива и цврсти горива за ракети, тој исто така бил и окултист - бил фатен како танцува гол околу оган за време на ритуал и се обидел да го повика античкиот бог Бабалон на земјата. И токму поради неговата поврзаност со окултот, тој повеќе не можел да работи во својата научна област. Така, и покрај тоа што тој имал голема улога во ракетната наука, јас лично никогаш не би можела целосно да го почитувам Parsons како достоинствен и почитуван научник.
Зависи од големината на личноста и за какви пороци или дисфункционалности станува збор. Некои личности мора да се почитуваат за своите изуми или достигнувања и тука нема простор за лични чувства на симпатии и антипатии. Може нема да ти е идол заради одредени негови карактеристики ама генијалноста заради која светот се променил на некој начин, мора да е почитувана. Друго, колкав ни е нас прагот на толеранција за одредени работи или какви морални начела имаме и не е мерило за правилно или не. Сепак, секој според нив одлучува кој ќе го земе за идол а кој не. Субјективно. Трето, колкава самобендисаност, високо мислење за себе треба да имаш за да ги сумираш книгите и личноста на Фројд во една потценувачка реченица ко да збориш за збирка песни на комшивка ти Маре? О да, модерен феминизам.