1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идолите и нивниот приватен живот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од irrelevant, 13 март 2019.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Точно е дека Фројд имал доста бизарни концепти и теории поврзани со сексуалноста, како на пример "Penis Envy" или "Womb Envy" но тоа е главно поради фактот што тој истражувал и творел во ера каде сексуалната репресија била многу карактеристична.

    Поради тоа, повеќето од неговите теории биле прикосновени и субјективни, секако според менталитетот кој бил манифестиран во општеството во кое живеел и работел.

    Познато е дека денес, барем во научната заедница, повеќето од теориите на Фројд се невалидни.

    Сепак, тој се смета како важна личност во областа на психологијата. Причината поради тоа е бидејќи без Фројд, луѓето сеуште би немале никакви концепти за психологијата - тој првиот предложил дека човекот има потсвест, поимот на ментален аспект, како и термините его, суперего, ид, кои се употребуваат и денес.

    Фројд е сеуште популарен, бидејќи дел од неговите концепти се сметале за taboo, но и бидејќи човековото однесување и карактер, според него, можело да биде објаснето од биолошки аспект.

    Така, јас се согласувам со тебе дека неговите сексуални теории се од генерален аспект невалидни, (дури ни јас немам намера да ги анализирам во научен труд) но дел од научниците во научно-психолошката заедница повеќе се фокусираат на делот од неговите теории и концепти кои се валидно дефинирани и признаени во научната заедница.
     
    На Lella, Someonespecial и Heavencanwait им се допаѓа ова.
  2. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Интересно е што впечатокот за некоја позната личност врз јавноста во голема мера зависи од тоа како е претставена во медиумите. Често пати пред јавноста се претставуваат тривијални и небитни работи за нечиј карактер бидејќи таквиот тип на вести привлекува кликови и внимание од населението.

    Има ликови чие однесување било далеку од примерно, но нивните заслуги допринеле воопшто да не се зборува затоа. Како за пример ќе ги наведам Мaртин Лутер Кинг.

    Се тврди дека најпознатиот говор на Кинг бил плагиран од говор на друг афроамерикански свештеник, исто така неговиот докторски дисертат бил плагиран до таа мера што се дискутирало за тоа дали треба истиот да се поништи. Има и други контроверзии поврзани со него кои нема а ги спомнам, но FBI има фајлови за него кои не смее да ги обелодени до 2027. Луѓето се комплексни суштества, затоа можат да дадат придонес кон општеството, но и да се однесуваат на непримерен начин.

    Звучи како забавна личност. :D

    Шала на страна, чудно е како луѓе кои ги сметаме за рационални се однесуваат на толку нерационален начин. Инаку култот во кој бил член е оној на Alister Crowley, познат е по тоа што членовите извршувале секакви акти на содомија.

    Пред неколку месеци во Македонија имаше случај на жртвување бездомни мачки на пентаграм, можно е истиот тој култ да бил одговорен бидејќи е присутен и на овие простори иако не е многу популарен(со добра причина).
     
    На Someonespecial и Briar Rose им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека имам идоли во вистинска смисла на зборот меѓу познатите. Има само такви што им ја почитувам работата, талентот, уживам во нивната уметност - и како бонус ме радува ако прочитам дека истите се и приземни, хумани, или истапуваат со општествени/политички ставови на место (субјективно).

    Проблематични ствари за кои секој пејач, глумец, режисер итн. треба да биде најостро искритикуван и осуден во јавноста - според мене се семејно насилство, сексуална злоупотреба, педофилија и сл.

    Е сега, прочитав дека доста радио станици низ светот целосно ги исфрлаат/забрануваат песните на Мајкл Џексон по документарецот Leaving Neverland и сведоштвата за педофилија (не сум го гледала филмот, ниту сум негов фан, најпознатите песни онака му ги поштувам ко класика - па затоа пишав во оваа поопшта тема, а не онаа за филмот), и дојдов да пишам конкретно за тој аспект.
    Дали навистина е неопходно да се бојкотира, па дури и забранува уметноста на вакви проблематични јавни фигури, за да биде комплетна осудата на нивната изопаченост?

    Мојот одговор лично е не. Мислам дека за една зрела личност, љубител на уметност, а секако да има јасна слика во глава за ужасноста на педофилијата на пример - можно е да ја одвои уметноста од нејзиниот автор.
    Се претерува со очекувањето од сите да престанат да гледаат/слушаат било што од еден обвинет, и екстрем е мислењето дека по дифолт ако не го направи тоа - значи дека го оправдува злоделото.

    Плус од веста погоре и ваквите размислувања, не може а да не ми дојде на памет... ако мора сите да ги бојкотираат ѕвездите педофили конкретно, или на општествено ниво дури да се забрануваат нивните хитови/филмови, за да биде genuine осудата за нивната педофилија - тогаш и институционалната религија како машинерија за која е познато дека со децении крие и штити вакви манијаци (посебно католицизмот) треба да биде целосно отфрлена, црквите да се испразнат или затворат. Ама со мејнстрим ѕвезди и нивните (поранешни) фанови е доста полесно... Двојни стандарди.

    Во секој случај, доста длабока морална дилема :)
     
    На BoneMachine и ane.bella им се допаѓа ова.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Идоли баш во таа смисла немам . Но , многу го почитувам Еминем како рапер , затоа што отворено кажуваше во едно интервју за зависноста од лекови поради кои не се сеќава на одреден период од животот . Кажуваше и дека не е горд на тоа што го правел кога бил под дејство на супстанци . Главно го почитувам затоа што е искрен донекаде и поради неговиот талент . Никогаш не сум се водела според неговиот живот и неговите постапки , но имам желба да му одам на концерт , па после и да умрам нема да жалам :D .
    Од жените би ја издвоила Опра . Читав некаде дека била силувана од педофил како мала , забременила и детето што го родила присилно го однеле во дом . Го изгубила братот и мајка си , но денес е таму и е лице што го знае цел свет . Заслужила да е макар малку среќна по таков мачен живот .

    П . С . Не се водам по ничиј живот , освен сопствениот . Иако Опра преживеала многу , сепак не е мој идол во целосна смисла на зборот , само и се восхитувам што и покрај се си ги остварила соништата :) .