Дали имате некој идол,некој кој во животот ви претставува како олицетворение на вашите карактерни особини,дали можеби наоѓате сличности во вашиот карактер со нивните карактери,сакате ли да бидете подобри од нив,да ги надминете во тоа што тие успеале во животот,да се надминете себе си во остварувањето на своите цели во животот,идоли кои што можеби ви претставуваат поттик за да успеете во животот?
може ќе звучи чудно но ќе кажам баба ми и дедо ми. колку што имаат они постигнато и дадено, вложено, покажано што е права љубов во животот до стари години до смртна постела, да постигнам барем 50% од она што го имале во секое поле ќе бидам најсреќна
Можеби порано ама сега не!Сакам да си бидам своја и никого да не го имитирам.Инаку човек кој го почитувам и имам желба да бидам како него, а може и повеке од него е дефинитивно татко ми.
Идол - баба ми. Да израснам деца и со пот и мака да успеам во тоа што го сакам. Да создадам топол дом и дури и внуци да си исчекам. И најважно ми е - семејството да биде ЕДНО.
Татко ми . Кога размислувам за нешто , кога се наоѓам во ситуација во која што не знам што да направам , ако можам да зборам со него зборам , ако не се замислувам , одлутувам со мислите и си викам што би направил тој .. Со овој начин сум поблиску до тоа што е тој . Сакам да учам и учам од него , ние - семејството сме му најважни . Секогаш е тука за мене , како другар ми е . И јас кога ќе имам деца , ќе ги воспитувам како што тој мене ме воспитува .Не дека е мој , ама најдобар е . Прави грешки , кој не ги прави ама ретко и кога ги прави тоа се мали грешки. Знае со некој што не го знае муабет да направи , знае да цени тоа што го има , да пофали нечиј труд , и мене секако и да ме почести Се восхитувам на неговиот начин на живот и жртвата што ја дава за тие што му значат .
Дедо ми и татко ми...Личностите што најмногу си ги сакам во животов и што секогаш знаеле најдобар совет да ми дадат
Моите родители, тетка ми и баба и дедо.............прав пример за здрав живот исполнет со хармонија и љубов!
ок можеби ќе звучи смешно ама идоли ми се amy lee ( evanescence), mozart ,ајнштајн исто и александар македонски со неговата упорност и генијалност, не дека е наш туку самата негова личност ме фасцинира исто како и предходните што ги набројав
Тетка на мајка ми, мене баба ми паѓа. Се восхитувам на нејзината храброст и упорност и како издржала човечки и останала ТАА.Не навлегувам во детали, а ако кажам сигурно ќе се согласите со мене зошто толку и се восхитувам.Прекрасна жена, многу си ја сакам.
Идоли немам туку има луѓе на кои им се восхитувам за добрите дела што ги имаат направено во животот и тоа што им имаат пружено помош на сиромашните, болните, децата и на сите оние на кои им била потребна помош. Такви се Мајка Тереза, Есма Реџепова, Тоше Проески, Мајкл Џексон, Боно од Ју Ту, Дидиер Дрогба, Ог Мандино.. Благодарение на нив барем малку светот станал подобро место за живеење за луѓето на кои им помагаат.
моите родители, како работеа напорно и постигнаа многу, и од сите тие обрски нас не ни недостигаше нивната љубов, грижа, воспитување, совети, помош. и јас сакам да бидам како нив, да не им фали ништо на моите деца (не зборувам само за материалните средства) ги сакам многу
Мој идол во некоја смисла е татко ми ( Сам успеал да направи мала фирма со само 20-21 година па и да работи успешно, башка основал семејство, сам направил куќа односно само си дигнал спрат и го опремил ) Мајка ми ( Со таков човек како татко ми кој најчесто отсуствувал од дома по 1-2 месеци успеала да ме одгледа и сеуште успешно и оди ) Тетките ( Успешни семејства, Одлични ученички со ДОКТОРАТИ и двете. Би сакала да бидам како нив во отсекот образование) Мери Јордановска ( Мој идол зашто има заложено толку многу за животните! САМО НАПРЕД ЈА ПОЧИТУВАМ ТВОЈАТА РАБОТА ) Дел од моите најважни идоли Поздравчиња и бацки
Во средно ми беше Коби Брајант! Не во смисла одличен кошаркар, туку во смисла секогаш свој, макар и арогантен, сам против сите, а секогаш успешно до целта! И нема кој што да каже повеќе, резултатите си зборуваат сами за себе. Сила, упорност, тврдоглавост, верување во самиот себе и своите способности. Го почитувам се уште. Според начинот на пишување во почетокот ме воодушеви творечката сила на Ерика Јонг, но после трите книги на Фредерик Бегбеде сфаќам дека сме на иста бранова должина. Отворен, луциден, неконзервативен, духовито шармантен, проткаен со нишка црн хумор и огромна доза на иронија. Се ' што сакам во моето пишување. Во творечката смисла јас и Бегбеде одиме рака под рака.
Ако збориме за човек кому се восхитувам, без размислување тоа е Ристо Вртев. Генијалец е човекот. Стварно треба да си ненормален за да напишеш текстови кои можеш да ги толкуваш како што сакаш и секогаш да имаат смисла. Го обожавам.