Па идол ми е мајка ми на која најмногу и се возхитувам затоа што баш за се има разбирање и тн и тн. А вака од познатите ЛЕЈДИИИ ГАГА значи навистина е чудо од човек
Од пред две години конечно се откажав од стариот идол(Парис Хилтон ). Сега идол ми е Сара Џесика Паркер
Пред се мајка ми, и тетка ми - успешни како мајки, сопруги, успешни во тоа што го работат, пример за издржливост, пожртвуваност, цврсти ставови....
Моите родители..Се огледувам на нивата скромност и нивната искрена љубов...Ако некој се заблагодарува што имаа пари јас се заблагодарувам што имам она духовното што го викаме...Ме научија да ценам доста работи и со помош на тие убави,скапоцени работи достигнав доста во животот..Сега сум веќе академски граѓанин и пред се ми е најважна нивната подршка...
Немам идол, зошто никој не е совршен да му завидувам или да правам се што прави и тој. Но, има луѓе што ме инспирираат, на прво место - мајка ми, а потоа баба ми и дедо ми. Од познатите, секако, Мајкл Џексон и Џон Ленон.
идол во физички изглед ми е Дита вон Тес,а во успех Адолф Хитлер (од обичен голтар, стана човек кој го здрма светот) мада мн негови постапки не ги оправдувам позз
Дефенитивно мајка ми...На денешен ден пре точно 9 години почина...Јас бев многу мала ама сепак ја памтам како најпозитивната личност во светот...Цел ден ќе си скокаше и ќе си пееше низ куќа...На сите, ама баш на сите шо ја познаваја му имаше помогнато...Сакам да сум подобра личност баш како неа... А и ми велат дека личам на неа...Многу сум горда на то !!
Александар Македонски - сепак треба памет и тактики за да владееш на 3 континенти. Хитлер - И за ова треба памет. Како од ништо да станеш нешто. НЕ го оправдувам. Ама сепак му се восхитувам. Садам Хусеин - Човекот толку вешто се крие и сепак знае да дејствува. Еден мој наставник - иако лаже знае да се оправда Мојата непријателка - Секоја чест како успева
Татко ми..ко ќе го видиш карпа а целиот е срце. Знае и да ме искара но никогаш до сега не ме разочарал ниту во една негова постапка. Најпожртвуваниот човек на целиот свет.