Владимир Путин дефинитивно ! (мислам дека имам спомнато исто некаде на форумов) Страшно интелигентен,голем авторитет,моќен и ми има некоја харизма .
Немам идоли меѓу познатите, затоа што колку и да зборувале мудро и убаво, или колку и да ми биле симпатични не ги знам ниту познавам до тој степен за да можам да тврдам дека на нив сакам да се угледам. Којзнае кои тешки карактери биле приватно Но кога би требало навистина да одберам, би била талентирана и саркастична како Оскар Вајлд, мудро расеана како Ајнштајн, аналитична како Фројд, мила како Шарлот Генсбур и танчерка како Софија Бутела. Инаку се стремам кон принципиелност, чесност, праведност, добрина и начитаност по примерот на татко ми. И сакам да сум оригинална, креативна, искрена, добра и со одлична способност за анализирање како мајка ми. Значи да - излитено и здодевно, но моите вистински идоли се моите родители
Можеби ќе ви звучи чудно, но Силвестер Сталоне ми е еден од моите идоли, само во улогата на Роки Балбоа. Зашто колку што Роки ми дал инспирација, мотив и сила да се изборам и да направам нешто, го нема направено никој. И верувам дека љубовта кон боксот произлезе баш од него. Други идоли баш и немам, или во моментов не ми текнува на никој.
Немам идоли, никогаш не сум рекла ,, Е сакам да бидам баш како тој/таа ,,. Има луѓе на кои им се восхитувам. Исто би го навела и целото мое поблиско семејство, затоа што би била среќна да бидам како нив. Славни личности на кои им се восхитувам се Опра Винфри и Оскар Вајлд.
Некако незнам зошто но не се гледам во никоја личност .. можеби има некоја така што ми се допага на изглед и сакам да изгледам како неа, но идол да ми е тешка работа не се стремам кон такво нешто да бидам како некој
Карактерно немам идол. Јас сум си самата себе идол. Но онака идол ми е Ким Кардашијан бидејки тоа е една личност која сака да јаде (иако сум слабичка голем гурман сум) и е секогаш скоцкана од глава до пети. Не ми е идол поради порничот
Хммм...идоли а?? Сметам дека секој човек е приказна за себе, а во комплет со позитивните доаѓаат и негативните карактеристики. Сепак ако морам да бирам сакам една убава комбинација: -грациозноста и нежноста на Одри Хепберн -сакразамот и генијалноста на Оскар Вајлд, Алберт Ајнштајн, Едгар Алан По, Вирџинија Волф -храброста на Мартин Лутер Кинг -креативноста на Густав Климт јас не сум скромна, си сакам се или на нашки што би се рекло убава на мама, паметна на тато
Кога бев 11, 12 години ми беше Avril Lavigne. Тука бев во некој фазон кога ја сметав неа за јака рокерка и бев доста влезена во тоа филмче. Патетики. Единствена личнот од тоа јавните фаци за која можам да речам дека ми е идол, ме поттиканала да размислувам поинаку, да се смирам и сталожам, е Lauren Conrad.ѓ Се уште е таа. Премногу се пронајдов во сите случувања, без разлика дали е тоа пишано сценарио или не. Од мало детуле за идол можам да ја сметам сестра ми. Копирање, имитирање, ми беше интересно тоа што таа го прави. Сега мојот карактер нема врска со нејзиниот, но ја сметам за некој кој најмногу ја заслужува таа титула.
Немам идоли, имам само луѓе на кои им се восхитувам. Но не се трудам да бидам како некого, секогаш настојувам да бидам своја. Ако морам да изберам, од познатите личности би ја избрала Моника Белучи.
Пирамидо, во право си..Не ги познаваме славните личности за да ни бидат идоли.. Да не излегувам од темава, мене идоли како и повеќето ми се родителите. Мајка како мајка, нормално дека сакаш да бидеш како неа. Те подигнала, те воспитала, и во најтешките времиња се борела за тебе, секогаш се откажувала од се за тебе.. Од секогаш и се восхитував, и ќе и се восхитувам на мајка ми. А и на татко ми, најголем авторитет во куќата, се бори со сите сили за нашите животи, не штедејќи го својот..Би сакала и моите деца вака да ми се восхитуваат..
Немам идол. Сакам да бидам своја јас да постигнувам успеси на секое поле, да бидам некој и нешто. Да бидам за восхит, почитувана и пример за секој.
Идол ми е братучет ми. Успеа да заврши факултет,тогаш кога најмалку имаа пари,да се вработи и да си зема висока плата.
Сакам да си бидам само своја и да своја сум си со сите мои карактеристики. Но како и секој човек и јас имам идол кој што е мојот татко. Премногу сме исти и во надворешен и внатрешен изглед. Ги имам сите негови карактеристики и некогаш се трудам да размислувам како него. Но веке кога збореме за идол можам да кажам дека ми е Рајана. Прекрасна девојка, убава и секако талентирана. Но јас сум јас
Девојки, верувам навистина дека длабоко во себе си велите „Види го овој колку успеал во животот, треба и јас така!“ не мора да е славна личност, може да се вашите родители, роднини, без разлика... Имам две лица во животот што би рекла дека ме водат... Мајка ми, која е прекрасна жена (иако не се сложуваме секогаш) секогаш ми дава поддршка и Бијонсе- која е неверојатна жена, која со огромна работа стигна на врв и многу повеќе, не само што ми дава пример за убавина, туку и за значењето на жената во животот, да се биде клеси и грациозна а со самото движење да се биде дива... не само тоа, да биде скромен и едноставно она учи на работна етика, како треба да се одвива се во еден таков бизнис, без задкулисни игри. Идол значи да се огледаш на некој, да те води, не да бидеш ист како него, правете разлика...
Немам некој конкретен идол, но имам навика од секој човек да ги „впивам“ добрите карактеристики, т.е. се што ми се допаѓа кај него, може во некои моменти како него да се однесувам или да размислувам. Исто така гледам да учам од нивни грешки. Честопати другарките умеат да ме наречат камелеон, затоа што кај мене се јавува голем контраст на карактеристики, постојано се обидувам да ги исфрлам лошите, а и сите другарки исто така можат да се пронајдат во мене, затоа што имам многу позитивни карактеристики „впиено“ - да речам - од нив. Воглавно гледам од секоја постапка моја и нивна да извлечам поука, заклучок или предупредување за да не повторам таква грешка.