Откако го прочитав прирачникот на Игор Џамбазов, тој ми е идол. Начинот на кој се соочува со проблемите, депресијата и зависноста мислам дека ме натера да ги променам своите мислења за одредени работи.
Мајка ми е мојот идол. Навистина и јас посакувам да бидам мајка како неа. За неа нема препреки, нема лоши луѓе, многу позитивен став кон животот иако и се имаат случено најтешките работи што може да ги доживее една млада жена(Остана вдовица со 3 мали деца од кои најстарото дете т.е. јас имав само 7 години) и сеуште цврсто и решително стои на нозе. Јас се гордеам со мајка ми и дефинитивно за мене не постои друг идол освен неа. Те сакам мамичке моја најубава
Да Тоше Проески ми е идол од познатите личности. Иначе имам и еден пријател кој е постар од мене 12 години,и ме научи на многу работи..Декс тој е мојот идол!
Мајка ми од домашните. Таа е толку позитивна личност и кај неа нема НЕ МОЖАМ. Ќе направи се што треба ама ќе го исполни тоа што го има замислено. Те сакам мамичке. Blake Lively, од познатите личности. Заљубена сум во неа и сакам да бидам како неа.
Ау, немам идол! Ова сум го кажала еднаш во СДК ама ќе кажам нешто во врска со тоа и тука. Според мене секој треба да си биде идол на самиот себеси, т.е. идолот од огледалото. Пример да земам од некој што се однесува добро, паметен е, вреден итн. полн со доблести ДА, ама да ми биде идол не дозволувам. Просто зошто никој не е совршен. Кој е па некој друг повеќе од мене за да го ставам на толку возвишена позиција?! Ма не бе, секој за себе, и не би се трудела никогаш да бидам нечија копија, јас сум јас, таа што сум, од целава социјализација во општествово се градам како што се градам и нема што јас да поставувам некоја личност на пиедестал во мојот живот, каде што треба да се наоѓам јас. Ценете се себеси.
Мајка ми. И се восхитувам за многу работи, за трудот кој го вложува мене и брат ми да не изнесе на вистински пат, однесувањето кон мене како кон најдобра пријателка, начинот на кој ги решава проблемите, карактерот. Порано не ми беше грижа што прави, се случуваше во месецот да не ја прашам како е, но сега сфатив дека ми вреди најмногу во живоот и сум благодарна што ја имам! Од познатите личности Бијонсе.
Немам идол а не ни сакам да имам. Едноставно нема некоја личност на која би сакала да наликувам, не само физички, туку и карактерно. Јас сум од оние кои сметаат дека секој треба да биде она што е и не треба по секоја цена да следат нечии постапки и начин на живот.
Му се восхитувам на Тоше Проески,од познатите личности. А како вистински идол ми е еден сосема обичен човек,другар ми е.Малку поголем од мене ама немат врска! Му се возхитувам едноставно,толку многу што има доживано во животот,и сепак е силен и среќен.Го живее неговото ЈАС,необичен е. Живее во некој свој свет. Од него научив многу,премногу.И вечно ќе му бидам благодарна. Фала ти за се'!