Од познатите само на Бијонсе и се восхитувам на се што проживеала до сега и пак гордо стои на нозе.Женава стварно е пример.
читам и немогу да вјеруем..Хитлер идол? зарем може некому хитлер да биде идол освен на наци искомплексирани фаци и скинери? зар је могуче? па нема друг пример кај што некој од ништо направил нешто, па на хитлер ти текна? типот бил болесник, искомплексиран.. единствено имал манипулаторска и ораторска способност, ништо повеќе, да осмисли такви бизарни убиста за милиони низ светот и идол да ми биде? треба да сум на тешки ЛСд дроги ..па и тогаш не.. Парис Хилтон?? сериозно? окееј ..(мислам, секој си има свое мислење.. али морав овие две да ги искоментирам страшно ми бодеа очи) Јас лично немам идоли во смисла да сакам да ги копирам или да бидам како нив, сметам дека секој е посебен на свој начин и тоа го доживувам како доблест, а за восхит има мн личности кои ми оставиле силен впечаток, еве да речеме Никола Тесла, генијалец кој што ни овозможи еве вака да се дружиме не велам дека ако не бил он немаше струја да се измисли, но сигурно многу покасно ќе беше откриена а фемина сега немаше да постои така да он е за голема восхит (и сите други генијални иноватори кои се трудат да го подобрат квалитетот на човековото постоење) Исто така и сите хуманитарци без разлика дали познати или непознати ми се на некој начин идоли, т.е им се восхитувам и ги земам како луѓе за пример.
Идоли дефинитивно ми се Нејмар и Меси! Зошто? Ајде ќе почнам од Нејмар. Му се восхитувам како успеал од едно сиромашно семејство да стане до најпопуларен фудбалер. Исто така ме научи дека не треба да престанам да верувам во моите соништа, па колку и да ми ги срушат (ова го имаше изјавено после повредата на СП 2014). Меси ми е идол, бидејќи исто така му се восхитувам како уште од мал имал толкав талент за фудбал, му се восхитувам за се што преживеал на рани години и за тоа како успеа да стане еден од најдобар играч на сите времиња. Значи овие двајца ми се дефинитивно за wow, и мразам кога некој во мое присуство ги навредува, тогаш мислам дека можам да го задавам тој што збори против нив.
Ако почнам да пишуам за мојот идол не ќе можам да завршам 10 дена Селена Гомез,личност која замене претставува најпрвин хуманост,добрина,успех и ред други работи кои вредат да ги правиш во животот. Селенатор сум веќе од 2010 година,и секогаш ја подржувам,извинете вака ама од познативе од disney што беа само таа остана нормална и девојка со цврст став. Немој да ме хејтате,пошто тука сигурно има некој што не ја сака како што и јас неподржувам некои познати Селенатор значи да припаѓаш во една фамилија која познава само добри работи,и таа е титулата која гордо ја носам и ќе ја носам
^Бла бла.И јас бев “селенатор“ од 2008 па до лани,и што?Ништо.Се сложувам дека е хумана,и дека е убава.Но далеку од очигледно е дека нема талент за пеење.Барем има талент за актерство.Он топик.Мои идоли?Па искрено немам идол.Не сакам да имитирам некој.Сакам да бидам своја.
Професорката по македонски јазик. Таа е жена која ќе ве расплаче додека зборува за животот, жена која има разбирање за нас младите, неискусните, жена која се труди да го извлече најдоброто од тебе на безболен начин. Таа е жена на две ќерки, и често знаеше да ни зборува за нивното воспитување, кога имавме слободно време. Жена која победила рак. Жена која успешно ја пребродила смртта на својот родител. Можеби ова се премногу информации, што јас, како ученик, ги знам за нејзиниот приватен живот, но тоа е така бидејќи таа со нас учениците се однесува како со свои деца, како да сме една иста фамилија. Порано, додека не ми предаваше, ја сметав за многу строга и бесчуствителна личност, но всушност таа е човек со топло срце. И благодарам што едноставно постои. Исто така мои идоли се секако моите родители, луѓе кои имаат премногу љубов еден за друг, луѓе кои не бодрат мене и сестра ми, кои се трудат да не изведат на правиот пат, иако тие како млади можеби згрешиле, а можеби и не, бидејќи ако не ја направиле таа грешка, односно не стапиле во брак толку рано, нема да сум постоела јас. Поминавме тешки моменти заедно, но најважно е што останавме сите еден за друг тука. Им благодарам за секој нивен совет, за секоја нивна капка пот, трудејќи се да ни овозможат подобар живот на мене и сестра ми. Им благодарам што ме сакат. Животот без нив би ми бил како срушена кула од карти. Ги сакам.