Од вторник на А1 започнува И З А - нова тинејџерска серија во - 11.00 и 14.45 часот - Пред оваа серија на А1 одеа Ангели, Млади бунтовници, ФМ 04 од таквите серии. Насловна песна на серијата Најава за серијата на А1 Серијата зборува за проблемите на група тинејџери, пропратена со хумор, музика и романса. Музиката од серијата стана хит во Венецуела, Бразил, Мексико и Колумбија, а цд-то содржи 11 песни од серијата. Поради успехот кој го имала серијата во Венецуела, каналот Nickelodeon Latin America ја продолжил серијата на 105 епизоди.
Леле прееска загледав само се смеат со другарка и и паѓат во трансови Се на се 45 минути да потрошиш на ова не вреди
Си ручам денеска во 3 и ај реков да пуштам ТВ... А1... и гледам... добро, што е финтава со серијава? Така глумат за да ја направат смешна или има луѓе што така се понашаат in real life? Не сфаќам што е работата со притресувањето и присмевањето.
а телетабиси сум ги гледала, а иза изгледав една епизода од немај каде... ииииии како ненормални се утепуваа од смеење.... пфффф, нема врска со она што порано го гледавме во млади бунтовници
И јас нешто малку подвидов од филмов (овде ми фали знакче што се убива) лелееее катастрофи живи, јас незнам што им се чинело. Грефчиња од прв до последен. Филмот од глупав поглупав. Од глума ни Г. Се е веќе видено и тоа не еднаш Вакви серии треба да се забранат со закон. Добро де, толку немаат што да даваат? Поарно млади бунтовници нека ги репризираат. Со еден збор: ОЧАЈНО!
За оваа серија пишував во ,,Сакам да кажам...‘‘. По дебилна, здравје. Глумците, ни г од глума немаат. Јас поубаво ќе одглумев, па и едни фаци што ги прават. Не можам да се соземам од смеење. Па и саундтракот, од Џастин Лигав Бибер. Глупости. Во таа пред неа, ,,Ангели‘‘ ми се чини се викаше, барем глумците глумеа како што треба, а тука, како некои од улица собрани да се, без талент. И обично дека тоа време си доаѓам дома, кога игра серијава, и јадам, па понекогаш загледувам. Колку што сфатив тие се 15 годишни или?? А се однесуваат како...10 годишни? Ни тие не им се рамни.
коа од коа по забегана, како што рече Ангелче немаат ни г од глума, се клештат како ненормални .... де споредите ги Млади бунтовници ... Једино што му вредат се убавите машки
bidas/97e404e1dfaa1b4120bebb40e6644084.jpg[/img] [/img]/photos/isatkmmeninas.novelablog.com.br/images/gd/1282679059/Isa-Tkm.jpg[/img]
Јас обично седам касно на вечер и некаде кај 3 мислам има изгледа реприза од ова гревотниве. Ми беше пуштен телевизорот на A1 и си седам јас на фемина, си читам поучни работи и едно време слушам кикотење, вриштење, брзо зборување без воздух и тн. И се вртам и гледам ѓупка (така си помислив за оваа Иза) и си реков " шо е ова бе" и се наместив пред телевизор и изгледав 15 минути од т.н филм и кога заврши коментарот ми беше: Господе Боже, за гревота ! Во епизодава што ја гледав Иза организираше некој си настан, не знам што, а што има една русокоса, шмизла, таа демек ривалка и е и не сакаше да учествува, па после за инает се пријави, се шминкаше цело време за трчање... абе, што сум зела и јас да пишувам за безвредни работи. Наместо да даваат некој документарец тие Иза..
Стварно се лигави. Целиот филм ми е како за четврто одделение. Изместени вредности, живеење во филм.... поминаа неколку вакви серии
Катастрофа серијава..еднаш ја гледав и сум се успала,толку досадна.. Само незнам глумциве кај ги нашле,поима да се нема,само се прчат а уствари врска немаат,грефчиња се ...
Да знаете само дека пола генерација ги имитира зборовите на сестрите Рикалде.. Глумата е никаква, ама интересна ми е ..
Оффф... Ако дотука дошла работава, па младите сега ги имитираат ликовите и однесувањето од ОВАА серија, тешко нас
Од серијата имам фатено само неколку епизоди и веднаш сфатив дека е копија на млади бунтовници(со мали измени),само што бунтовниците многу повеќе ми се допаѓаа и редовно си ги гледав. А глумците не глумат толку лошо што...такви им се улогите.Ама онаа Кристина ли се викаше шмизлата???Многу ми е ружна
чекајте малку бре........има луѓе што ја гледаат серијава? јас пак си мислев дека е некоја посебна програма наменета за ретардирани лица , не сум догледала ни една епизода за да знам за што се работи, ама доволно е и она вртењето по програмите додека е таа серија за да заклучам дека таа серија е за будали, само скокаат нешто, баш како ретардирани се , со закон би ја забранила серијата, како и онаа претходната, ги затупват децата
глупости имаше на а2 реприза и случајно онака малце ја загледав само се караа кој бил подобар незнам што лигавења