Една недела со ред се случи во периодот кога и гра оваа серија да си доаѓам дома од предавања и неколку пати ја гледав за време на јадење (колку да не е исклучен телевизорот бидејќи во тоа време по програмите ништо посебно нема) И да, серијава е патетично ретардирана, на што личи бре она. Од кој поправен дом ги научиле оние гримаси бе ејјјј?!?!? А за тоа како се облекуваат и што ставаат некои безврска шарени шноли и обетки да не стане збор! Ретардалаци бе, кај имало она врска со Млади бунтовници, тие барем имаа солидно однесување за разлика од овие што можат цело попладне да направат да ти зуе во ушите од што се дерат на филмот!
Абе луѓе, па и вие, не е за лица над 18 години, гледате дека е тинејџерска, туку секако дека на повозрасните нема да им биде интересна. Јас имам гледано 10тина епизоди и не се срамам да кажам, зошто јас од друг аспект ја гледам. Како прво, споредувам менталитетот т.е културата,однесувањето на тие глумците и принципот на работење на нивните училишта кој се разликува од кај нас. Од тие епизоди јасно се гледа дека однесувањето таму не се разликува многу од кај нас, но сепак е далеку помодерно и без ограничување. Караниците ги има во секоја шпанска серија и сплетките па така и во оваа(нема врска дали е копија или не)ама од тука гледаме на што се спремни девојчиња од 15 години да направат како резултат на нивната злоба, зајадливост, љубомора,размазеност. Покварени свекрви(во секоја серија ова ), само уште ќе додадам дека оваа серија е многу корисна за деца од основно бидејќи согледуваат некои работи, е сега лошо влијание има ако почнат да ги имитираат, целта треба да биде да извлечат поука од неа.
Јас воопшто ја немам гледано серијава Ама сега ќе уклучам на јутуб да видам за што се работи Очекувам да ви се придружам кон плукањето после се што прочитав Боже господе Најлошо потрешените мегабајти во мојот живот. Не издржав до крај, исклучив доволно видов... Не ми се верува на што се палат младиве
Јас 2 пати сум ја гледала серијава и имав чувство дека гледам Телетабиси Глупости невидени, јас со закон би ја забранила. Ќе ги отупи децава
Серијата е многу убава, не знам зошто не ви се допаѓа. Во филмот е опишана суштината на животот, како обично во светот што се натпреваруваат богати против сиромашни
ОК 14 години имаш, па не си ги гледала Млади бунтовници и што знам некои серии што излегоа после нив, за да сфатиш дека сите се бледа копија. Во секој сличај јас мислев дека никој не ја гледа серијава, па ни најмалите, пошо полоша глума и поглупа содржина не сум видела. Вие сте сега понапредни генерации од нас и баш очекував вие да ја плукате серијава, пошо Иза е за деца со пречки во развојот дефинитивно!
Исто и мене ми се допаѓа, но не е како Млади Бунтовници. Многу серии такви сакаат да изведат нешто слично, но не им успева. Во глобала оваа серија е добра ја следам од чиста досада, но ми се допаѓа. Незнам зошто толку големи критики, никој со сила не ве тера да ја гледате и плус таа содржински е наменета типично за еден тинејџерски живот. Се согласувам и со другите мислења, но тоа е мора и вакви некои серии да има од толку многу шпански серии, кои мене ми се сите исти само со различни улоги
А што има врска дека е копија? Сите шпански серии се копија една на друга ко така. Не бранам никого , ни тие што ја оправдуваат ни ти што ја “плукаат“ , ама секој има право да каже што мисли и право на избор дали ќе ја гледа или не. Тие што ја гледаат значи имаат пречки во развојот загреота мислам , зошто такво мислење или дека на мнозинството им е глупава? Имам изгледано неколку епизоди и ајде ако зборуваме за глумата навистина не глумат како што треба, ама и затоа се аматери , таа црната многу детски се однесува да и се лигави, ама тоа не значи дека е за ретардирани скраја да е , колку што знам јас и Миа се лигавеше кога ќе и се скршеше нокт, значи тоа е типично однесување на некои тинејџери од 14-15 години
Лукс баш за тоа и ние зборевме дека не ја бива затоа што не глумат добро, лигавење, копирање и сл. а тоа што кажав дека е за ретардирани нормално дека не мислев во буквална смисла, тамн работа, ако беше за нив немаше да ја пуштаат во ова време. Само кажавме дека не е добра и дека има подобри серии и на никој не му забранивме да ја гледа. Кој што сака нека си гледа, не го оспоруваме тоа. Коментарите беа за тоа каква е серијата, а не дали да ја гледаш или не
Не знам само што се мачите да ги пишувате истите коментари во врска со тинејџерската серија ИЗА...се изначитав од читање на коментрари како што се:Живи глупости,катастрофа,бљак..дури прочитав кај што пишале:"Серијава треба да ја забранат со закон"...хахахааа...смешно! Не помислувате на тоа дека кај нас има група на тинејџери кои можеби ја пратат серијата?!Не е лоша колку што ја опишувате..има интересни сцени,емоции..а во врска со ''пиштењето''..мислам ''hello''зарем подобри се вашите детски коментари,вулгарности и непријатно однесување.. Немој да мислите дека испаѓате многу интересни со вашите коментари,зошто сигурна сум дека барем пола од оние кои коментираа на оваа тема ја гледаат серијата.. И што се однесува до глумците..многу ме заинтересира колкава е нивната возраст ..сите се од прилика над 20 год..а во серијата глумат малолетни тинејџери. Сватете дека ова е серија(филм)во која секако дека ќе глумат според сценариото!! П.С.Се виде од другите филмови до каде стигна младинава...
Како бе црнана и плавана над 20 години ? Сигурно ова што го пиша е точно? Не ми излгледаат мене тие за 20 не пак за над 20, јас на децава што глумат тие што одат на школо и што се караат би им дала најмногу 15 .
Баш и мене ме зачуди и проверив на гугл и видов дека црново девојче - Maria Gabriela de Faria е родена во 1992 год. а кога се снимала серијава во 2008 она имала 16 години.
Во приватен живот Иза има 18 години, Алекс има 22, Кристина Рикалде(плавата)има 23, Луна(дебелата)има 20, а Реј има 25 години... Што значи дека самиот филм ги крие вистинските лица на глумците и нивните години. Сето тоа е добро исфилмувано за да испадне една таква тинејџерска серија. Поздрав!
Серијата не ми смета воопшто, не се приклучувам во онаа тајфа на феминки што ја плукаат само затоа што на другите им се свиѓа. Јас имам изгледано толку многу серии колку што сите вие заедно имате гледано и можам да кажам дека Иза не е глупава и серија за ретардирани. јас лично не ја следам бидејќи немам време, но кога ќе ја фатам случајно на а1 на утро кога станувам до спиење, уживам да погледнам неколку моменти додека јадам корн флекс Децата се аматери и многу ми се смешни, не е точно дека во текот на снимањето имале над 20 години. типични тинејџерска серија, има премногу вриштење понекогаш но како поинаку ќе се смеат децата? сепак тоа е емисија за тинејџери па и помали деца. Мислите дека едно 13-14 годишно дете преферира да ги гледа трагедиите на семејството Текин или мафијашите, место младите насмеани позитивни девојки и момци во Иза? Нема некоја содржина што може да замара, јас за оваа серија имам позитивно мислење, а тие што зборуваат насила против неа, тоа не ги прави подобри!
Како може да им бидат изгледот и телото исфилмувани не знам, како изгледаат толку ниски, тој Реј 25 години , а онака да изгледа, еве за да си ја решам дилемата отворив на А1 странта и ова го пишува
Епа убаво си пишува дека е произведена серијата во 2008..а кај нас се емитува сега,не знам кој дел не ви е јасен?! Земете калкуатор и пресметајте колку години би имале тогаш глумците и ќе сватите дали е исфилмувано!! П.С. Се сложувам со мислењето на ''OzzyAngel''
Не ми се допаѓа серијава Ангели беа 100 пати подобри...значи од серијава гледав 2 епизоди...кога Алекс откри кои се родители на Иза...и онаа клупачата поим неам како се вика...се земјотрескаше...како била болна...и така нешто..... Иза е серија...за кога нема што да правиш да си пополниш распоредот...
Во право си Ангели е многу пати поубава серија од Иза ама и оваа серија е убава. Само треба да ја пратиш од првата епизода.