Ни се ближат претседателските избори во САД кои ќе се оддржат на 5 ноември годинава. Демократите преку директни избори повторно за кандидат го избраа актуелниот претседател Џо Бајден, додека пак републиканците исто преку директни избори го избраа за кандидат по трети пат по ред (2016, 2020, 2024) Доналд Трамп. Одлучувачки држави годинава се: Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Северна Каролина, Џорџија, Невада и Аризона.
Кој од кој е по... да не речам што. Мое лично мислење е дека Трамп, колку и да е арогантен во јавноста, за светот и меѓународните односи е помалото зло. А за САД, самите американци си знаат... ако им даде повеќе сендвичи, ќе биде добар и за нив.
Проблемот во застарениот американски систем е тоа што не секогаш победува тој што народот сакал. Примери се 2016 и 2000. Американскиот претседател се бира на начин на изборен колегиум составен 538 електори или избирачи. Секој граѓанин кој ќе излезе на изборите не гласа директно за кандидатот, туку гласа за кого електорите од неговата сојузна држава да гласаат. Држава со најмногу електори е Калифорнија дури 54, зад неа се Тексас со 40 и Флорида со 30, а најмалку имаат Аласка, Вајоминг, Северна Дакота, Јужна Дакота, Делевер, Вермонт и Дистриктот Колумбија по 3. За победа се потребни еден повеќе од половината односно 270 избирачи. Постојат традиционални и свинг држави. Традиционални се оние кои секоја година гласаат исто односно такви има 43+Дистриктот Колумбија, а свинг се тие кои секоја година гласаат различно и го одлучуваат претседателот. Овај чуден изборен систем кој не го користи ниту една друга земја се должи на застарениот систем.
Демократите мн згрешија што го кандидираа Бајден по втор пат. Да не звучам како ејџист ама ств некако на моменти делува како погубено. Мислам дека он ќе победи. Сенилен е ама е поомилен кај америте од дворската луда Трамп.На Трамп повеќе се палат странците, има моќно лоби кое шири теории на заговор. Антиваксери, религиозни фанатици, екстремни десничари мастурбираат на Трамп исто како што мастурбираат на Путлер. Го доживуваат како спасител на светот, вториот Исус. Мислам дека ако победи, ќе биде ист како италијанката Џорџа Мелони, ништо нема да смени од позиција на власт. Ниту ќе запрат војниве во Газа и Украина, ниту ќе ја извади Америка од НАТО. Класичен десничарски популизам.
Не се важни годините, Трамп е некоја година помлад ама барем има став за претседател. Бајден што направи овие 4 години освен војна во Украина, војна во Израел, граѓанска во Авганистан и Русија, замалку војна на Тајван и уште. Трамп имаше почит од Русите. А иначе американците и Бајден не го фаворизираат, ниту пак некогаш го фаворизирале, 2020 го избраа оти им беше доста од глупостите од Трамп (како на пример да се пие дезинфекциско за да се убие вирусот во нас) ама од мало да не кажам што стапнаа во уште поголемо да не кажам што. Откако влеговме во НАТО секако дека за нас е подобро Бајден ама кај нас секој втор е русофил и затоа Трамп има толкава поддршка кај нас.
А за демократите навистина штета што го избраа Бајден, ама немаше други опции освен една жена не знам како се викаше и некој Деан ли се викаше. Се зборуваше демек Камала Харис ќе ја кандидирале ама ќути неа што не ја кандидираа, ќе доживееа катастрофален пораз.
Ни се ближат чиниш наши избориве се, ние ќе ги гласаме Нека победи Трамп помалку изветреен е од Бајден, колку толку се уште го држи паметот а и снагата, овај другиот со една нога во гроб е.
Од нив двајца, Трамп е помалото зло. Бајден ем е сенилен, ем и далеку полош од Трамп. Им ја разниша економијата и им ја поткопа безбедноста. Светот ептен се дестабилизираше. Не дека Трамп не се мешаше во првиот мандат и дека не би се мешал пак во работите на другите држави, се мешаше и би се мешал. Но, он делуваше и би делувал паметно. Трамп е свесен дека не смее да се лути Русија претерано. Гледам видеа од таму и приметувам дека сè повеќе луѓе се вртат против Бајден (особено гневни невработени џензи и општо луѓе кои се разочарани поради преголемиот наплив на прилично илегални мигранти кои се третирани подобро од нив), така што има шанси тој да не добие втор мандат.
Американците не го поддржуваат Бајден воопшто, особено последниве месеци во јужните држави поради тоа што го правеше со имигрантите кои ги пушташе во Тексас. Од ова прашање е засегнета и Аризона која граничи со Мексико и тешко дека ќе го гласаат Бајден тука, а баш Аризона со 11 избирачи е една од најважните држави избориве.
Трамп е помало зло дефинитивно. Барем се надевам војниве ќе згаснат по светов. И точно дека го нејќат америте Бајден, оти направи каша попара од американската економија и стабилност.
Точно, ама пак ќе речам проблемот е што не е важно што сака народот. Се додека американците не го сменат изборниот систем ќе има неправди.
Според мене, Бајден или кој било демократ е најмалото зло. Смешно е да се обвинува Бајден за војна започната од Русија. И плус се разбира да не беше Трамп, немаше да им го одземат правото на абортус во неколку стејтови. Следно на план на републиканците им е одземање на право на контрацептиви.
Сега со нашиве избори малце запоставивме светот и случувањата но темава е интересна и вреди да се разговара затоа што цел свет зависи од изборите во Америка.
Последните анкети покажуваат дека Трамп од овие жолтиве држави кои се неодлучни и ,,свинг" држави, ќе победи во Аризона 11, Невада 6, Џорџија 16, Северна Каролина 16 и Мичиген 15, Бајден ќе победи само во останатите Пенсилванија 19 и Висконсин 10. Со тоа Трамп би имал 293 електори, Бајден 245.
Еве колку го сакаат американците Бајден. 2020 сите затрчани, кој било нека е само Трамп нека не е. Еве не беше Трамп и што добија Американците освен најлошиот претседател во историјата на САД. Се плашам да не биде исто и кај нас ако победи Гога.
https://kanal5.com.mk/presuda-protiv-tramp-vinoven-po-site-obvinenija/a642837 Дали ова може да смени нешто?