Што мислите, како би изгледало гласањето за време на корона? Дали сакате избори за неколку недели? Дали е во ред од аспект на здравјето на луѓето, и дали е во ред од аспект на функционирањето на државата?
Не сакам избори кога има по толку заболени на ден уште. Нема да одам да гласам. И онака исто ми е веќе кој ја води државава, сите се исто с*ање. Не се замарам, дома решивме ниеден нема да иде да гласа, нека праат шо сакаат веќе и така ништо не ми мења дали СДСМ, ВМРО или не знам кој ќе раководи со државата. Копи пејст се едни со други. Секако дека здравјето ми е пред се, требаше и на државата здравјето на граѓаните да им е пред се. Не се свесни колку поени изгубија со тоа што не можеа да почекаат бар уште месец-два за избори да има, да видат како ќе е ситуацијата. Ја секако неважечко ливче ќе дадев и да гласав ама и симпатизерите шо им беа читам по нет доста против нив се сеа.
'Безбедноста на граѓаните' е адут на опозицијата, на чело со шутракон, кој во време на пандемија и полициски час, посетува теретана, која за обичните смртници е забранета. Друго, хипокритски е да се зборува дека сдсм ги вади буквално луѓето од удобноста на своите домови и ги присилува да одат надвор, кога тој истиот народ не се прибира дома колку што дозволува полицискиот час, 18:59. Во групи, без маски. Ради министерот на мвр кој е вемеровец. Случајност ? Не. Не казнува за неносење на маски за да испадне the good guy пошто го има опипано пулсот на народот,кој не верува во вирусот и носењето маски, и согласно тоа да прибере политички поени за вмро. Свесно го пушта народот на ризик заради партиски цели. Избори треба да има баш ради примерот од погоре. Техничка влада, распашана команда, самоволие, надитрување. И трето. Ако има избори, ќе бидат спроведени по безбедносни стандарди. Далеку посигурно тло, отколку на пример паркот, утре кафиќот и ресторанот во кои знаеме како се однесува народов.
Ниту одам да гласам, ниту сум се замарала со политика никогаш во живот. Никогаш не одам и нема да одам..
Ако тоа значи дека ќе се укине вонреднава состојба, сакам, што побрзо! Не би излегла да гласам, интересот за политика никад не ми бил помал, ми се повраќа од сите.
Не сакам избори. Но ако ги отворат кафичите и кафаните (по примерот на соседна Србија, а однесувањето слично по менталиет како нашето), не гледам како би било проблем да се гласа. Уствари НАЈМАЛКУ ќе бидр проблем да се гласа зошто сигурно повеќе ќе има контрола и ред (и онака има де, се знаеше по колку луѓе влегуваа), отколку во маркет или кафиќ. Оние на изборните места исто ко вработените во маркетите и аптеките во моментов. Најмал проблем е начинот на изведување заради короната од очигледни причини. Мислам... они се групираат, не носат маски, итн, сега изборите како?! Сувишно прашање... Сами не си водиме ред, сакаме да искочиме од дома, викаме нема корона, бла бла бла, та изборите... Од аспект на здравјето на гласачите?! Кои? Тие шо одеа на литии или по ифтари? Тие шо дишат у врат у маркет? Тие шо глупост им е полициски час со пресмешните шеги, корона нема после 19ч? Од аспект на здравјето на гласачите - више ич не треба да им е гајле, све треба да нормализираат и нека се умира по улици. Не заслужуваме грижа, зошто сме невоспитани. Да не тривијализираме со аргумент - здравјето на гласачите, зошто гласачот не се грижи за своето здравје. Може други аргументи, ама короната не треба да е една од тие. Џабе економијата трпеше, џабе беше се. Нон стоп новозаболени, и не зошто системот ништо не направи, туку зошто сме невоспитани. Па изборите дали... А од аспект на функционирање на државата - треба да има. Од други мои лични убедувања - не треба, ама да не дужам.
И да имаше и да немаше Корона јас немаше да гласам. Па така да, сеедно ми се фаќа. Се знае концептот по кој функционираат партиите овде и затоа се тепаат кој ќе е на власт. За такви ср*ња не би да гласам
Јас поради задолжителното носење маски во маркет ептен ретко пазарам и кога одам гледам за цела недела да завршам работа. Ама во маркет мора некогаш да отидеш. На гласање со маски, за неполн месец после скоро 3 дена карантин... Не, фала.
Ја нема да гласам. Искрено и едните и другите се говеда.Ако морам да бирам ептен ондак би СДСМ пошто колку толку имавме напредок.Само уште Заев да не праи педерски работи со кои ќе собира гласови од шиптарите и ќе биде топ. А иначе ала ала ќе биде сигурно за гласање.Или гужви ќе има или долги редици.
Не ме интересираат избори, ниту јас ниту некој од моето семејство сме заинтересирани за партии, направија банана држава.
Нашата држава од никогаш не била држава и никогаш нема ни да биде, тоа е факт. Сите се исти гомна, само со различна боја, кои меѓусебно соработуваат и си ја префрлаат топката, никој не го интересира за народот, гледаат само што повеќе да испокрадат и да имаат они за до 10то колено, додека тој истиот народ што ги гласа трпи за леб и се чуди како да го помине цел месец, никој ништо не ми дал за да одам да ги гласам, а сите ми земале. А за ова дали било во време на корона или не воопшто не ме интересира, они посекако сега поени си добија од албанците што ги пуштија да одат во џамија.
Избори ко ќе нема потреба од маски веќе. И нека не се брзаат дур е хаосов да прават дубари. Можи и јули е рано,ако се продолжи со вонредната, кластерите и не почни нормално работењето на установите и бизнисите. Треба секој да има основна слика во каква состојба живеј пред да излези на избори.
Државата ја направија шаховска табла и само поместуваат тоа фигурите. Друга држава да знае кога ќе има кај нас избори, а овие уште немаат објавено.... Па де јуни, сега јули..ама не извести политичар од друга држава..