1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Избори за убавина за деца

Дискусија во 'Дете' започната од De-lovely, 22 декември 2010.

  1. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Вртејќи низ каналите ја имам начекано оваа емисија на Travel and living.Се вика Toddlers and tiaras.

    Ова се избори за убавина на мали девојки каде што не ја истакнуваат природната убавина на девојчињата туку ги ценат оние кои што се највештачки.

    На девојчињата им се ставаат вештачки заби, вештачка коса, ги облекуваат во алишта кои не се ни блиску до нивната возраст, а да не го занемарам и целото тоа психичко малтретирање на децата.

    Доколку забележите мајките на девојчињата се жени кои се длабоко искомплексирани и не знаат што да прават со животот, па решиле да ги малтретираат своите деца.

    Би сакала да знам кое е вашето размислување во врска со ова?
    Дали доколку го има во Македонија би ги пријавиле своите деца?
    И на крај краева, што се случи со мајките што сонуваа нивните ќерки да станат паметни, добро воспитани, образовани, културни деца, а не животен сон да им биде да бидат на насловна на Playboy?

    http://www.youtube.com/watch?v=p3wXyyE4_m0


    http://www.youtube.com/watch?v=yHmMTD0zvHE

    http://www.youtube.com/watch?v=UzgD1p_v ... re=related
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Hеколку пати го имам фатено на тв,и се чудам каков свет имат :^) Hе ми смета да има избор за убавина на деца,ама претеруваат со шминка,вештачки трепки,фустани без врска,дури има некои бебиња :o па и прфесионални шминкери,штознам претерано е за мој вкус |(
     
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Леле и јас го имам гледано неколку пати и поглупаво нешто не сум видела. Не ми се верува до каде може да отиде човечката глупавост, за што?-за ништо. Еб*ти наградата круна и пехар. Не можев да гледам кога плачеа девојчињата додека им ги тегнеа косите, ги шминкаа, ги тераа да играат и уште па едната мајка и вика, ако не го изведеш тоа што го вежбаше добро на сцена, ќе те тепам. :o :o Дете од 5-6 години да го мачкаш со креми за самоптемнување, да го шлакаш со пудра и нападна шминка, уметаци на коса, и уште што ти не :x :x :x
     
  4. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Го имам гледано еднаш, и ми се :puke: . Мислам дека тоа е само лечење на комплекси на мајки коишто се недоволно исполнети од својот живот, искомплексирани поради својот изглед,и недоволно образовани. Мајки кои се ќе направат своите желби и потреби да ги наметнат на своите ќерки, без разлика дали тие девојчиња тоа го сакаат или не. Жалосно е да се гледа. Едноставно сум :x
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    На овие треба да им се одземе старателство. Дете од 5-6 годишна возраст на диета???? крава глупава, нека се стави таа на диета, не комплекси си лечи врз детето, и после имало девојки ко Парис Хилтон...како нема да има коа уште од мали место да ги научат нешто, они ги прскаат со спреј за самопотемнување. Трауми ќе си имаат девојчињата цел живот. Никогаш, никогаш, никогаш доброволно не би однела девојче да парадира пред педофили. Некој језив старец да ми ја оценува ќерката дали е убава (т.е вештачка)....Бог да чува. Ова со закон треба да се забрани. Една од многуте американски глупави работи
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Е па токму затоа. Мислам избор за убавина :^)
    Секое дете си е убаво на свој начин. А тие само ги учат децата од мали да гледаат само на физичкото и материјалното, а да не зборувам за тоа дека децата немаат основна култура на однесување и не почитуваат никого, а посебно не своите мајки. :worried:

    Ај објаснете ми што е убаво во ова....
     

    Прикачени фајлови:

  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Убаво е само ако си педофил. Просто се чудам на глупоста, дај тоа мајките нека се средат, а не они по 200 кила у газ набутале.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Треба да донесат закон против ова. Имаат толку глупави и бескорисни закони, а нешто вакво како злоупотреба на детето, е дозволено. Па како може тоа дете со своите години да одлучи дали сака или не сака да се подложува на ваква глупост?
    Страшно :fubar:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Исто и јас ја имам загледано емисијата,воопшто не ми се допаѓа тоа што така се однесуваат спрема сопствените деца.Децата се природно убави и нема потреба од шминки,разубавувања,незнам,воопшто не ми се допаѓа тоа,невкусно во секој случај :x
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.572
    Пол:
    Женски
    Гледав пред некој ден, е сега незнам али беше филм или некоја емисија не го догледав зошто ми се згади. Не ми е јасно како можат вака да ги уништуваат децата. Па на што ќе изгледаат децава кога ќе имаат по 30 години? Ќе бидат како баби. Срамота за ваквите родители.
     
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Што е многу, многу е.
    Сум ПРОТИВ за ваквите избори. Па ова се деца бре луѓе. Не можеш од 20 деца до 10годишна возраст да кажеш кое е најубаво. Па тоа им влегува во психата и им се одразува на понатамошниот развој.
     
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    искрено мене косата ми се крева кога ќе ја видам емисијата. Неможам да сфатам што прават мајките од своите деца. Стварно е ужасно. Толку пудра и др шминки на толку мала возраст... па што ќе каже таа млада кожа. Туку ај тоа на страна...мајките претеруваат да, ама најтрагично е што децата го имаат прифатено тоа како начин на живот. Како што рече некој погоре, ги учат само да станат материјалисти. Но, во глобала, американците се ретко глупа нација и искрено не ме чуди што и самите телевизии го емитуваат тоа
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.847
    Пол:
    Женски
    јас го пратам ова кога ќе го начекам на телевизија. Интересно е да се има избор на мали дечиња, ама овие американциве претеруваат!!!
    На што личи 4 годишно девојче да го шљакаат со пудри, со вештачки трепки, со толкава перика што не може ни да ја носи и сл ????? Нека биде на природна убавина па да заличи на избор..
    А да не зборам за траумата што може да им се деси, секое девојче сака да победи и ако изгуби ќе се прашува зашто, ќе мисли дека не е убава, дека никој не ја сака,
    башка се убиваат од плачење во бекстејџ
    тоа убаво е?

    А мајките пак? Сите комплекси што ги имаат тие сакаат да ги срушат со нивните деца и баш ако имате приметено поголемиот број од мајките се дебели, никакви
    Еднаш памтам гледав и имаше едно девојче кое не сакаше да настапува, мислам дека се угуши во солзи и мајката наместо да рече: ок, доста е, ќе си одиме, таа почна на сила да го облекува девојчето и ја лажеше дека ќе и даде кукла, чоколади ако настапи убаво
    Лелеле, сакав да ја задавам мајката
    Таквите луѓе треба да се стават во институција и да им се одземат децата
     
  14. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Да не знаеш дали е за плачење или за смеење . Па јас не се шминкам толку колку маливе девојчиња . И ств , на што ќе личат за некои 10-20 години ? А за родителиве муабет не правам , тие се само за позади решетки . Мајкиве неизживеани , па ајде на девојчињата ќе им го одземат детството :fubar:
     
  15. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Ја имам сретнато емисијава на телевизија, малку сум погледала и почнувам да се нервирам и менувам канал.
    Викам јас погрешни луѓе стануваат мајки. |(
    Али тоа е иднината, се полошо и полошо време доаѓа. Се плашам еден ден да не почнат сите мајки ова да го практикуваат, уште од малечки да си ги шминкаат ќерките.
    Грозно, и пред се нездраво.
     
  16. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Не треба на секој да му се дозволи дете да чува...Ај надворешно што ги извештачуваат, ама нарушување здравје и трауми, онака легално??? :o
     
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Ај шо ги пријавуваат на избори ај ај.Ама кога ќе им стават оноа шминкине,перикине па и нокти и вештачки заби дури им ставаат и ги потемнуваат тоа не сфаќам.На девојче од 5 години да го потемнуваш ееј чукни си ја малце главата :fubar: .Имаше и една веѓи што му чупаше на детето ( а кои веѓи ги чупа :!: ) Па и девојчињана и тие се аздисале.Само кењкаваат ако не победат пиштат,вриштат.И поминуваат низ такво мачење за некои 400,500 долари.Убаво се рекло:Проклета је,Америка.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Tокму ова е тоа што ја опишува оваа глупост! Со кој памет бе некој измислил вакво нешто :fubar: . Ич не ми се допаѓа идејава! Како прво сироти деца, што не претрпуваат дур стигнат до таа бина... Имам многу епизоди гледано и дур ги прават тие подготовки (дур ги спремаат децава) сироти деца плачат, од земја се трескаат (сега не сите де, ама сепак повеќето) ама нееееее :!: како, мајкиве мора да земат некој долар плус :fubar: (себични)... Имаше една епизодаа детево плаче рика, оваа го тапира го испокуба, веѓи му чупа, зема раце да и депилира :o а сирото девојчено 6 години дали имаше... :x Немам коментар еј, ова за мене е тешка глупост! Дури се прашувам и дали децана по своја воља се таму или како?! :x И целта не ми најјасна! Да земе една пластична круна на крај и 1000 долари?!?!?! (или колку и да е... а и прашање е дали ќе победи, па бар да се израдува на крај детено (ако ништо друго) за муките што ги трпело)... |(
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    На мали девојчиња им се наметнува еротизиран имиџ, шминка, штикли, позирање... :x
    Дефинитивно секој човек не знае што е добро за неговото дете. Здрава личност од вакво детство тешко дека ќе произлезе.
    Во контекст на темава - кој не го гледал филмов, да го гледа:
    [​IMG]