1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Избори за убавина за деца

Дискусија во 'Дете' започната од De-lovely, 22 декември 2010.

  1. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Не заслужува секоја жена да биде мајка :!:
    Психичка тортура врз децата , изгубено детство .
    Вчера ја гледав емисијата и едно мало девојче и викаше на мајка си дека сака да си оди дома , несака да го стегаат со многу шноли на косата ,и тежел фустанот и што не друго а таа пак го укривува дека толку многу пари дала за него и тоа пак не било задоволно и ја присили да остане во шоуто.
    На дете од 5 години му наметнува грижа на совет ,чуство на вина ццццц идиотка. :devil:
    Им го комплицираат животот ,наместо децата со барбики да си играат ,нивните мајки си играат со нив како со барбики |(
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Колку страшно делуваат со толку многу шминка, како некои живи кукли.... Језиво...
    Ова видеово што го постираше Ла-Чика, го догледав до крај. Не можам да се изначудам. Се изнервирав дури од малата, да ја имам дома би и врзала две-три шамарчиња зошто очигледно премногу и е дозволено. Гретоа мајкава со такво дете, ама таа си е крива.
     
    На papagal4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. abeajde

    abeajde Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Тапа е родителите да си ги лечат своите комплекси преку своите деца. СТРАШНО
     
  4. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Побогу :tmi: децава изгледаат како ретардирани теткици(со извинење).
    Па тоа лицата испудрени испудрени....само ги малтретираат.
    Никогаш не би го одобрила ова, убави си се децата природно што мора да им ставаат толку чуда.
     
  5. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Навистина ова е ужасно! Болно, психопатски некоја дебела крава со повеќе од седумдесет кила ја тера ќерка си на диета за костумот да ја соберел. Мајмунка! Што е тука убаво?! Вештачки заби, вештачка коса, пет кила шминка??? Ова треба да биде забрането со закон. Навистина глупости им ги упропастуваат животите на децата само пиштат и плачат навистина жално никогаш не би го пуштила своето дете на некое вакво чудо. :worried:
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.901
    Пол:
    Женски
    Јас лично никогаш не би се осудила да ја носам мојата ќерка на вакви безвезни натпревари...Го имам гледано шоуто (шоу затоа што не заслужува да го наречам емисија, нема ништо едукативно и корисно) Toodlers& Tiaras и им се чудам на мајките кои ги претвараат своите деца во живи кукли...ајде мајките па има и татковци кои се поприлично загреани за ваквите избори..Децата се извештачени, не личат на себе, комплетна трансформација не едно невино детенце, уште не проодело како што треба а веќе го шминкаат, му ја подложуваат нежната кожичка на потемнување, имаше една мајка која својата 6 год. ќерка ја бричеше, и ги бричеше нежните детски влакненца на ноџињата затоа што не фаќало убаво потемнувањето :fubar:
    Не, јас не можам да ги сфатам овој тип на родители, потполно и целосно искомплексирани, фрлаат пари на глупости, остај тоа него и им набиваат комплекси на сопствените деца дека не се доволно убави доколку не освојат круни или најголемата награда, мислам дека беше 1000 долари. Колку само има деца што плачат и се разочарани ако не победат и плачејќи прашуваат -зошто таа победи, што е поубава од мене? Па уште кога мајките ќе кажат дека вака ги учат дека не можат секогаш да победат и дека тоа ќе им ја зголемело самодовербата...не разбирам :worried: :x
    Која мајка не сака нејзиното дете да биде најубаво, најубаво облечено и дотерано, скоцкано,ама ова е претеризам, катастрофа, ова се болни умови...Мене не ми треба потврда од некое си жири дека моето дете е најубаво, најталентирано и не знам што уште..Подобро ќе ги инвестирам парите во нешто што може да и користи, нешто што може вистински да научи, а не од 3 год. да учи дека со трепкање на очите и мрдање на г*ето ќе постигне нешто во животот...Ова шоу е само доказ дека не треба секој да биде родител.
     
    На Sunshine555, bittersweet и Annath им се допаѓа ова.
  7. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Ги упропастиле децата! |( Јас незнам со кој памет мајките ги пријавиле :? Навистина не ми е јасно, само ми е жал за децата што уште како мали ќе експериментираат со нив. :fubar:
     
  8. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Ко теткици.. |(
    За греота
    Кога ке имаат 30 години ке бидат како бабици.. :x
     

    Прикачени фајлови:

    • 0.jpg
      0.jpg
      Големина на фајлот:
      12,7 KB
      Прегледи:
      189
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Изгледа на Америте им е досадно бидејќи се измисли топлата вода па сега почнале и со деца да експериментираат. Не ми се допаѓа и многу невкусно. За оваа работа се криви родителите кои лечат комплекси преку децата
     
  10. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    сум ја гледала емисијава и можам да кажам само дека мајкиве се искомплексирани дебели крави кои не постигнале ништо во животот.Се истураат на своите деца,сакаат да си ги остварат своите желби преку нив.Абе да земеш да ги бесиш јавно на плоштад.Да би можела одма би им го одзела старателството ама одма.Ова е малтретирање за децата.Тие нека јадат само брза храна и нека се дебелеат а децава нека бидат на диета за избор на мис аууу страва



    и морам само да кажам офф топик ми се обои цветчето хухухухухуху до сеа имав безбојно :rofl: ЧЕСТИТКИ ЗА МЕНЕ јухууууууу
     
  11. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Тоа е грешка на деценијата.

    Би рекла дека тоа се искомплексирани родители кои не си ги оствариле своите цели, па ги преточуваат во желби на децата.
    Па на што личи дете од три години да се кварца, да се шминка како тетка и да носи перика?
    Пред време пораснува, а нема да види ништо од детството заради тие натпревари.Гледам колку децата се противат да се облекуваат, да глумат за на писта, поинтересни им се куклите и количките, ама пусти родители ги напнуваат, МОРАШ и МОРАШ!Па колку пари и да сакаш да ми даваш, не скратувам задоволство на мое дете!

    Сум ПРОТИВ тие натпревари што се одржуваат, како за тие деца што учествуваат така и за децата кои гледаат! :swear:
     
  12. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Страшно е што мајките ги лечат своите комплекси на овој начин и вака им ги уништуваат животите на своите ќерки. Овие деца немаат нормално детство, а кога ќе пораснат нема да ги почитуваат основните човечки вредности, туку светот ќе го гледаат површно, ќе го ценат само надворешниот изглед.
    Имам гледано неколку епизоди и ми остана во сеќавање една сцена, на девојчето и ставаа нокти или перика, нешто така беше...и тоа почна да вика изгледа нешто ја болеше..и мајкава и вика what does mommy always say? И девојчево вика ..it hurts to be beautiful :fubar:
     
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Се згрозив кога го прчитав ова

    "Ботокс за ќеркичката
    Повеќето мајки сметаат дека ќеркичките им се преслатки кога се смеат, посебно ако имаат "дупчиња" на образите. Сепак, Кери Кембел, мајката на осумгодишното девојче од Сан Франциско не мисли така.
    Нејзиното признание дека на малата Бритни и вбризгува ботокс за да ги отстрани борите кои и се појавуваат кога се смее, ја шокираше јавноста.
    Во интервјуто за најпопуларното утринско тв шоу во САД, Кери призна дека на ќерката и дава инекции ботокс од моментот на пријавување на изборот за најубаво девојче, откако малата Бритни и се пожалила на брчките на лицето.
    Девојчето при интервјуто признала дека третманот е болен и дека плачела на почетокот, но дека сега се навикнала на болката.
    Уште една болка која е нетипична за нејзините врснички трпела при депилација на нозете и препоните, за која вели дека во скоро време нема да ја повтори.
    Експертите се едногласни дека ваквите козметички третмани применети на деца од толку мала возраст можат да остават долготрајни психолошки последици.
    Сепак, Кери смета дека е добар родител и дека тоа е цената на успехот во светот во кој се бираат најубавите."

    извор со слики:
    http://zazabava.com/botoks-za-kjerkichkata

    И после некој ќе ми кажува абортусот не требало да постои. Оваа мајкава требала да биде аботрирана на времето....а пак уште помалку да и се дозволи нејзе да раѓа. Бог да чува од вакви ментални. А пак и тие социјацалните установи крофни јадат, зарем не гледат што се случува


    Епизода од Саут Парк каде ги исмеваат ваквите избори. Има сцена каде додека овие девојчињава излегуваат на сцена судиите др*аат под клупа :) Жално, но вистинито
    http://www.southparkstudios.com/full-episodes/s13e08-dead-celebrities

    Мека на педофилите
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ми се допаѓа ова...такво малтретирање на децата е нивно прерано растење...глупости :puke:
     
  15. Emily56

    Emily56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    И јас го имам ова фатено и не можам да им се изначудам на овие жени кои мислат дека премногу се грижат за своите деца уствари тоа не е воопшто така.Ваквон нешто на своето дете никогаш не би му направила бидејќи не сакам уште како мала да ја малтретирам и да ја правам пластична кукла. :fubar:
     
  16. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Абе ајде глупости, што разбира тоа дете а некои искомплексирани и којзне во што умислени ќе го влечкаат по такви "МАНИФЕСТАЦИИ"
    Каква е користа на детето
    а која корист ја има родителот?
     
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Нова глупост


    Силикони за 7-ми роденден

    Сара Бург се прослави низ медиумите минатата година кога ја научи својата 6-годишна ќерка да игра на шипка, а сега повторно се врати во центарот на вниманието со подарокот кој и го подари на ќерката за нејзиниот седми роденден.
    Оваа 50-годишна мајка, позната по прекарот "Човечката Барби" никогаш не сокриваше дека е зависна од естетските операции, а сега отиде чекор подалеку и на сопствената ќерка за нејзиниот 7-ми роденден и подари ваучер од 7.000 евра за зголемување на градите.
    Таа досега има потрошено речиси половина милион евра на пластични операции и нејзина неостварена желба е нејзината ќерка да стане модел.
    Но, тоа не е се. Освен овој необичен подарок, таа за роденденот на својата ќерка оргазнизираше педикир, маникир и "мејковери" за присутните на роденденот.
    Малите девојчиња добија лажни тетоважи, детски шампањ и изнајмен розов автобус каде јадеа скапа дизајнерска торта.
    Малата Попи освен ваучерот доби и компјутер, розов прстен и ѓердан од "Swarovski" кристали како и купон за во СПА центар вреден 2.700 евра.
    "Не можев да поверувам кога ги здогледав сите подароци кои ги посакував. Сега не можам да дочекам да имам големи гради како мајка ми, мислам дека изгледаат прекрасно", изјавила малата Попи.
    Ова е дефинитивно необичен подарок за девојче од 7 години, но ако покрај ова се прашувавте како мајката успеала да си ги дозволи овие скапи третмани, треба да знаете дека госпоѓата Бург заработува повеќе од доволно како организатор на пластични операции, свингерски забави, а во своето во слободно време пишува и еротски романи.

    Извор:
    зазабава
     
  18. All-that

    All-that Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    67
    Искрено, ме револтираат вакви родители. Нема на кој да ги лечеме комплексите, па ајде на децата. Така е бе, кај што има сила нема правда |( Инаку, овие примерни родители имаат богат репертоар на изговори, како што се "Го правам ова за доброто на ќерка ми, таа ќе има се што јас немав, еден ден кога ќе биде модел ќе ми се заблагодарува".... :fubar: А што бе ако детето сака да биде доктор, а не барбика? Ако има потенцијал девојчето, go ahead, destroy it- со вбризгување ботокс на 7 годинки :clap: Или се навистина забегани родителите, или бараат внимание. Или и двете. Тоа ќе да е. :?: Нејсе, ако ме прашаш мене, доколку го сакаш најдоброто за своето дете, не би го труело со хемикалии од екстремно мала возраст.
     
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Прееска баш фатив дел од емисијата. Боже кој може така да си ги малтретира децата???
    На 4 години (а и помалку) да ги шљапаш со пудра, средства за самопотемнување, кило шминка.Една работа е девојка од 13 години да реши сака да биде манекенка или модел, ама девојче од 5 години да се малтретира така, само за неговите да заработат 750 долари (400 дале за пријавување) :^) :x

    Некои работи со закон треба да ги забранат.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Навистина не е во ред така да ги малтретираат децата, пред се тие треба да имаат едно нормално детство за да се развијат во здрави личности.